Author: Mirjana

Во период кога загаденоста на воздухот се мери и над 100 микрограми на метар кубен, Општина Центар доставува 100 прочистувачи за воздух за сите занимални во сите градинки во општината. Прочистувачите ќе бидат поставени во просториите каде најмладите го поминуваат најголемиот дел од нивниот престој, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за децата, слободно извршување на нивните секојдневни обврски и нивна помала изложеност на загаден воздух и штетни честички. Здравјето е непроценлива вредност за секој човек, затоа Општина Центар има за приоритет да го зачува кај сите граѓани, особено на најмладите. Борбата со загаденоста на воздухот е долготрајна,…

Read More

Реализирани се два значајни проекти за Македонски Брод и околината, набавен е трактор за полесно собирање на отпадот и завршена е реконструкцијата на паркот покрај реката Треска, рече денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски. – За подобрување на општинските услуги и заштитата на животната средина, Општина Македонски Брод аплицираше по јавните повици за финансиска поддршка на предлог проекти, објавени од страна на Бирото за регионален развој, односно, беше побарано финансирање на проектот „Реконструкција на паркот покрај мостот на реката Треска“ и „Набавка на возило-трактор и опрема за подобрување на капацитетите и работата на јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“…

Read More

На сред енергетска криза и во очи на одредувањето на покачената цена на струјата за граѓаните, НоваТВ направи интервју со првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Во поглед на можноста за правење компромиси во поглед на цената на електричната енергија Ковачевски вели: – Што се однесува до компромисот, ние цело време работиме по компромис. Нашата улога со новиот закон за енергетика беше да бидеме тампон зона и да обезбедиме мек преод во рок од неколку години, од некоја нереално ниска цена на струјата во минатото, кон цена која ќе биде соодветна. Ние мора да се интегрираме и енергетски, ние…

Read More

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија ја презентираше анкетата за странските директни инвестиции во земјава со посебен осврт на актуелните состојби, остварените резултати и очекувањата за идната година. Анкетата ја презентираа Виктор Мизо, претседател и Боријан Борозанов, потпретседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Анкетата која е спроведена во првата половина на месец ноември годинава вклучува одговори на 72 % од анкетираните производствени компании кои се лоцирани во и вон ТИРЗ-овите  во сите плански региони од државата. Претежно тоа се компании од…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека ако биде поканет на средба од Димитар Ковачевски, ќе ја прифати. Тој му порача на новиот опонент од Бихаќка дека требало мандатот да го добие на избори и дека тогаш би бил неспорен неговиот легитимитет како мандатар и премиер. Со ова индиректно Мицкоски уште еднаш потврди дека е за брзи предвремени парламентарни избори, што е всушност подолго време барање на ВМРО-ДПМНЕ. – Ако граѓаните ги изберат неговите политики, јас прв ќе му честитам, рече Мицкоски. Тој повтори дека Ковачевски бил продолжена рака на Заев и со тоа продолжувач на заевизмот, неуспесите и…

Read More

Во пресрет на новогодинешните празници и заокружување на календарската 2021 година, ќе ми дозволите на оваа прес конференција да направам една ретроспектива и да ги презентирам неколкуте поважни програми на Владата и другите органи на државната управа со кои, во оваа полна со предизвици година, успеавме да го поддржиме домашното стопанство и на тој начин да придонесеме кон побрзо закрепнување на економијата од последиците на ковид кризата, но и да овозможиме услови за понатамошен побрз и одржлив економски раст и развој. Во моето излагање, ќе се задржам на три главни аспекти, а тоа се поддршката преку Планот за економски раст,…

Read More

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски го прими мандатот за состав на нова Влада кој му го додели шефот на државата Стево Пендаровски, со што и официјално стана мандатар за состав на новиот владин кабинет.  Ковачевски рече дека уште веднаш почнува со определување луѓе за новиот тим со кој ќе раководи и дека ова за него претставува огромна чест за што упати благодарност. – Во тимот ќе влезат стабилни и храбри луѓе кои ќе работат ефикасно,чесно и одговорно и ова како одлика на мојот тим со кој ќе раководам , ќе биде во насока да ја вратиме довербата од граѓаните. Силен…

Read More

Откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера најави дека ќе поведе иницијатива за утврдување одговорност за Драги Рашковски до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за незаконито постапување со цел примање награда – возило, семејството Рашковски денеска до ова тело и до медиумите испрати допис дека за ова дознале од медиумите и дека ДКСК изнесла еклатантни невистини. Во дописот во кој како дел се наоѓа и фото-галерија на наводно споменуваното од страна на ДКСК возило, меѓу другото се вели: – Како орган чија основна задача треба да е откривање на незаконски дејствија со цел да се спречи…

Read More

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе одржи прес конференција на која ќе ги презентира податоците за државната помош за компаниите преку мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за инвестиции реализирани во 2020 година. https://www.youtube.com/watch?v=vUG5UZlDG8Q

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 декември 2021 година, среда, во 13:00 часот, ќе го врачи мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија на Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ. Настанот ќе може да се проследи во живо на Фејсбук страната и YouTube каналот на претседателот Пендаровски, соопштија од претседателскиот кабинет.

Read More

По поднесена претставка од страна на Коалиција МАРГИНИ, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди продолжено и повеќекратно вознемирување врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентитет, социјално потекло и припадност на маргинализирана група во учебникот Социологија за трета година реформирано гимназиско образование, од страна на: авторите Ксенофон Угриновски и Трајан Крстевски, рецензентите Илија Ацевски, Момир Стаменковиќ и Зоран Петрушевски и Министерството за образование и наука, кое донело решение со кое се одобрува употребата на учебникот. „Учебникот како целина врши вознемирување кон ЛГБТИ луѓето, сиромашните, сексуалните работници и самохраните мајки“ – велат од КСЗД.  Со оглед на тоа…

Read More

На работниот состанок директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров, го информираше министерот за финансии за реализираните и тековните проекти што произлегуваат од програмата на Владата, притоа потенцирајќи ги активностите кои ги презема Царинската управа за справување со сивата економија, што воедно се дел од активностите на кампањата „Внеси боја во сивата економија“, што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за финансии. Директорката Кутиров информираше и за низата мерки што ги презема Царинската управа во насока на поедноставување и олеснување на царинските постапки, а со цел одржување и унапредување на прекуграничната трговија.  Меѓу…

Read More