Author: Mirjana

Повеќе од 11.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, а 4.200 мораа да бидат згрижени од властите поради поплавите во 19 општини во североисточната бразилска држава Бахиа, соопштија локалните власти. Поројните дождови во областа од почетокот на ноември веќе однесоа 17 животи, од кои последното лице почина во четвртокот, покажуваат податоците на Цивилната заштита на државата Бахиа. Вкупно околу 66 општини се во вонредна состојба поради лошите временски услови, соопштија надлежните. Бројот на евакуирани достигна 11.260, додека властите директно згрижија 4.185 лица, покажуваат податоците што ги објави Цивилната заштита. Претставници на бразилската федерална влада и на државата Бахиа  започнаа…

Read More

Надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и истакнат ветеран во борбата против апартхејдот во Јужна Африка, почина на 90-годишна возраст, објави јужноафриканскиот претседател. „Смртта на мирниот надбискуп Дезмонд Туту е уште едно тажно поглавје во збогувањето на нашата нација со членовите на генерацијата Јужноафриканци кои не задолжија и ја ослободија Јужна Африка“, рече претседателот Кирил Рамафоса.

Read More

Американскиот претседател Џозеф Бајден го одбележа својот прв Божик на функцијата разговарајќи, преку видео врска, со припадниците на американската армија стационирани ширум светот, заблагодарувајќи им се за нивната храброст со пораката дека тие се „цврстиот, челичен рбет на нацијата“. Во присуство на неговата сопруга Џил, претседателот и врховниот командант на САД денеска преку видео врска разговараа со припадниците на армијата, морнарицата, воздухопловните сили, маринскиот корпус, вселенските сили и крајбрежната стража, стационирани во базите во Катар, Романија, Бахреин и САД. „Како ваш врховен командант, сакав да ја искористам оваа прилика да ви кажам благодарам, благодарам, благодарам. Ние сме благодарни за вашата…

Read More

Шест лица загинаа, а пет се повредени во пукање во Бразил за време на прослава на Божиќ на фудбалски терен, јавија локалните медиуми. Инцидентот се случил во градот Фотралеза, во североисточниот дел на Бразил, а службата за јавна безбедност во државата Сеара соопшти дека загинатите се луѓе на возраст меѓу 15 и 26 години. Десет лица беа приведени, а властите соопштија дека четворица жртви и биле претходно познати на полицијата за членство во криминални организации. Бразилските медиуми наведуваат можност дека тоа бил конфликт меѓу банди, повикувајќи се на извори во воената полиција.

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 49, 20 санкции за возење без возачка дозвола, 37 мерки за возење повеќе од дозволената брзина. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување  на затворен сигнал (црвено светло). Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во…

Read More

Во изминативе две години како Влада се посветивме на силна поддршка на стопанството со цел да му помогнеме во справувањето со кризата од пандемијата и да зачуваме што повеќе работни места. Една од компаниите кои добија помош преку антиркизните мерки и е вашата компанија, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на средба со менаџментот и сопствениците на компанијата Братство Инокс ДОО во Охрид. Ковачевски потенцираше дека Братство Инокс ДОО е позитивен пример за успешна македонска компанија која е извозно ориентирана, која ги следи современите трендови и постојано се проширува. Осврнувајќи се на актуелната економска ситуација и претојните предизвици, претседателот Ковачевски…

Read More

Бројот на регистрирани активни случаи на Ковид-19 во земјава вчера падна под 5 000, а намален е и на околу пет проценти бројот на позитивни на вирусот од направени анализи. Во вчерашниот Ковид-билтен од направени 4.572 тестирања регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19, 717 оздравени пациенти, како и 15 починати лица, од кои седум се пријавени согласно Регистарот од Мој Термин. Како што информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, најмногу од новорегистрираните лица 120 – се од Скопје по што следат Битола со 25, Прилеп 22, Охрид 20 и Куманово и Кавадарци по 11.…

Read More

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 7 степени. Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда. Температурите во…

Read More

Алијанса за Албанците  по денешното одржување на Централното собрание на партијата на кое беа разгледани резултатите од неодамнешните локални избори, ја донесе одлуката вториот Конгрес на партијата да го одрж на 27.03.2022 година. Лидерот на партијата Села рече дека тој останува да ја води Алијанса за Албанците до Конгресот. Села ја искористи приликата па до новиот претседател на СДСМ, Ковачевски и до лидерот на ДУИ, Ахмети упати пораки дека ниту едниот ниту другиот немале легитимитет за формирање нова Влада. „ Ковачевски не може да има никаков легитимитет, бидејќи токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги…

Read More

Владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел при напуштањето на позицијата, одобрила извоз на германско вооружување тежок милијарди евра, и тоа на земја која учествува во оружени конфликти. Оваа зделка , ја чинат Меркел канонада критики од пратеничкиот клуб на левицата.  Во последните девет дена од мандатот на Владата на Меркел  одобрен бил извоз на вооружување и на воена опрема во вредност од околу 5 милијарди евра, Со тоа волуменот на извозните дозволи за вооружување се зголеми за над 9 милијарди евра годинава што е рекорд за Германија. Овие податоци ги изнесе Министерството за економија на прашање на пратеничка од Левицата,…

Read More

Корисниците од „Кеј 13 Ноември“, делот кај паркингот „Холидеј Ин“, потегот околу „Кеј 13 Ноември“, булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Мирче Ацев“, дел од улицата „Мирче Ацев“ и семафорите на крстосницата кај „Веро Џамбо“ во Општина Центар, утре од  8:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето на планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Read More

Вчера пред крајот на работното време,  во 15.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во простории на општина Бутел, по претходна рсправија, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресмтка. Тепачката се случила помеѓу А.К.(40) и В.В.(28), и двајцата од Скопје. Сочинати се записници за констатиран прекршок, соопштуваат од МВР. Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, го демантира полицискиот извештај на МВР и вели дека пријавената тепачка не се случила во просториите на општината, туку во подрачната единица на Управата за имотно-правни односи на Министерството за Финансии.

Read More