Author: Mirjana

Со голем концерт на битолчаните ФОЛТИН, од утре 23 декември па сѐ до новогодишниот дочек на 31 декември, платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом ќе биде претворено во празничен плоштад на кој 9 денови под отворено небо ќе се случува програма насловена како “Зимска приказна”. 57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, редица ДЏ, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се одржуваат и работилници во збирно над 60 часа активна програма, ќе ги анимираат битолчани во претпразнична атмосфера. Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, неодамна кој побуди голем…

Read More

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски заедно со секретарот на меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретнаа со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн. На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, како евроинтегративниот процес и економската соработка помеѓу двете земји. Претседателот Ковачевски искажа благодарност што во сите овие 30 години Германија дава безрезервна поддршка на нашата држава во сите клучни сфери, особено во делот на економијата, но и најзначајните реформски процеси. „Германија е нашиот најголем стратешки сојузник во Европа и силен поддржувач на нашиот евроинтегративен процес.  Ви благодарам на сета досегашна поддршка и…

Read More

 Неселективноста во владеењето на правото и одговорноста е најдобриот начин да ја надминеме општествената апатија која се шири и разочарувањето, особено меѓу помладите кои не веруваат дека некогаш во оваа држава може да има правда. Многу истражувања потврдуваат дека емиграцијата на нашите сограѓани, во голема мерка, не е предизвикана само од егзистенцијални причини, туку и од квалитетот на животот, истакна претседателот Стево Пендаровски во денешното годишно обраќање во Собранието. Со други зборови, како што рече шефот на државата, луѓето заминуваат во оние држави каде што има правда, таму каде што и најбогатите и најмоќните одговараат за кршењето на законите, исто…

Read More

Состојбата со нестандардните форми на вработување и унапредувањето на работничките права беше тема на работилницата организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), а на која учествуваа експерти, претставници на Министерството за труд и социјална политика, на синдикатите и на организациите на работодавачи. Вовед во дискусијата беше анализата за нестандардните форми на вработување која ја спроведе Меѓународната организација на трудот во текот на 2021 година. Низ економски, правен и квалитативен аспект, анализата покажа дека во земјава помеѓу нестандардните форми на вработување доминира работата на определено време, со 77% од вкупниот број вработени лица, понатаму сезонската работа со 10%, повремената работа со…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Шефот на државата, како што е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе се обрати во 12 часот. Вообичаено, претседателот ќе говори за актуелните случувања во изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој ќе се обрати пред пратениците во момент на формирање на нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето. https://www.youtube.com/watch?v=m8yjOJlJJNI

Read More

Одложениот годишен состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) за 2022 година ќе се одржи во швајцарскиот алпски скијачки центар Давос, изјави основачот на СЕФ, Клаус Шваб, отфрлајќи ги шпекулациите за можно преместување на овој собир од неговиот традиционален дом на друга локација. – Ќе се одржи во Давос, истакна Шваб во интервју за таблоидот Блик, објавено денеска, на прашањето дали СЕФ ќе размислува за Сингапур како место за одржување на овој настан, каде се собира светската бизнис и политичка елита. Поради ситуацијата со Ковид-19, организаторите на СЕФ одлучија да го преместат местото на состанокот планиран за 2021 година од Давос…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, соопшти Министерството за здравство. Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите…

Read More

На азиските берзи денеска цените на акциите благо пораснаа бидејќи инвеститорите се повеќе склони кон ризични инвестиции на крајот на годината, но се тргуваа внимателно бидејќи омикрон сојот на коронавирусот продолжува брзо да се шири низ светот. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,3 отсто околу 7 часот наутро, зајакнувајќи втор ден по ред. На токиската берза индексот Никеи благо ослабна, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто. Растот на индексот втор ден по ред најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите откако во понеделникот…

Read More

Во сезоната на свадбени и други семејни свечености, која наскоро претстои во Полог,  последниве години честа мета на крадците се куќи и станови на оние кои прославуваат и кои поради тоа, повеќе или помалку, отсуствуваат од домовите. Нивното отсуство, вешто и умешно го користат поединци, кои влегуваат во домовите и најчесто одземаат златен накит или пари. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до оние кои организираат или учествуваат на свадбени или други празнични свечености, во тоа време задолжително да ги заклучуваат влезните врати и да не ги оставаат отворени прозорците. До граѓаните се апелира, исто така, доколку забележат непознати, сомнителни…

Read More

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2021 година (сабота), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.

Read More

Израелскиот премиер Нафтали Бенет даде инструкции да почнат подготовките за давање четврта доза вакцина против коронавирус за одредени групи од населението. Панел здравствени експерти препорачаа четврта доза вакцина за постарите од 60 години, ризичните групи и медицинскиот персонал. Со тоа Израел ќе стане првата земја во светот што ќе дава четврта доза на дел од населението. Се предвидува четвртата доза да се дава најмалку четири месеци по третата доза. За да стапи во сила претстои да биде одобрена од директорот на Министерството за здравство Нахман Аш.

Read More

Со неколку меѓусебно потпишани договори и со заедничка прес конференција на која беше образложено досега направеното и беа споделени визиите за во иднина, како и со благодарност  за поддршката до САД и ЕУ и покана и охрабрување до Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово да се приклучат, заврши уште еден состанок на врвот на иницијативата „Отворен Балкан“ чиј  домаќин беше  Република Албанија. На заедничката прес конференција, премиерот Зоран Заев остави аманет да се продолжат активностите  поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“ зашто тоа е процес од кој нема враќање назад, вели и кој води кон поголема соработка и кон слободно…

Read More