Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Со музика и воени почести, Германија денеска се простува од Ангела Меркел. Новинарите кои известуваат за церемонијалот во дворот на германското министерство за одбрана во Берлин, се занимаваат и со пораките во песните што по избор на Меркел ќе се свират на собирот со околу 200 гости. По 16 години поминати на должноста германска канцеларка , 67 годишната Ангела Меркел заминува во политичка пензија. Таа технички функцијата ќе ја извршува до наредната недела , кога за нов државен канцелар ќе биде и официјално назначен Олаф Шолц. Во Берлин во вечерните часови ќе биде организирано „Големо повечерје“ што е најголема воена…
Тековните трендови во туризмот бараат автентично искуство кое оди подалеку од една граница и една земја. Подобрување на севкупниот развој на прекуграничните региони Пелагонија, Лерин и Солун преку засилено и одржливо искористување на нивните туристички потенцијали е проектот „Зголемување на туристичките можности преку искористување на веќе постоечките ресурси – I-TOUR”. Проект имплементиран во рамките на Interreg IPA-CBC програмата за прекугранична соработка со Грција а финансиски поддржан од Европската унија и Министерство за локална самоуправа. I-TOUR за првпат ги мапираше сите туристички потенцијали, а бенефитот го имаат најмалку 400.000 граѓани во Пелагонија, Лерин и Солунскиот регион, од кои најмалку 30.000 живеат…
Со блок дотација од 180 милиони денари, средства од Буџетот, се набавија нови 15 комплетно опремени камиони и 3 машини за утоварање на ризла и сол за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при посетата во базата на Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта. Владата на Република Северна Македонија покажа подготвеност и со нова инвестиција го подигна капацитетот на зимската служба на ЈП за одржување на магистралните патишта, потенцира министерот Бочварски. „После 25 години за прв пат го подобривме возниот парк на Јавното претпријатие. Преку капитална…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска престојува во посета на Црна Гора , каде низ средби со државно-владиното раководство се разговара за интензивирање на соработката со акцент на економската и можноста за поголемо учество на Црногорските инвестиции на Македонскиот пазар. -Црна Гора и Северна Македонија имаат завидни односи и тоа е добра предиспозиција за нивно повеќестрано динамизирање, особено во делот со економски предзнак. Зборувавме за економското и регионалното поврзување, и мој став е дека треба да се поддржат сите регионални иницијативи, но мора да разбереме дека регионалната соработка е политичко а за жал не е економско прашање. Црна Гора…
За мерките за олеснување на прекуграничното движење на стоките и нивното влијание врз економскиот раст , за „Отворен Балкан“ и другите иницијативи но и за неефикасноста на институциите, корупцијата, алтернативните видови на транспорт и други прашања, зборуваме со М-р Димче Аџиоски, експерт за меѓународни економски односи, поранешен раководител во Царинската управа и поранешен предавач на Светската царинска организација за прашања од делот на олеснување на надворешната трговија и меѓународниот транспорт. НоваТв: Господинe Аџиоски, со оглед на тоа што вие речиси две децении од теориски, но и од практичен аспект се занимавате со проучување на прашањата поврзани за олеснувањето на…
Во последните 24 часа направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на ковид-19. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран –…
Владата на вчерашната седница донесе одлука со која одобри отворање на Почесен Конзулат на Република Србија во Република Северна Македонија, со седиште во Куманово. За почесен конзул Владата го одобри Владимир Стајиќ. Почесен конзул може да е некоја угледна и заслужна личност кој функцијата “Почесен Конзул“ ке ја обавува на најчесен и најсовесен начин, препорачува Виенската конвенција за конзуларни односи. Во С.Македонија, странските држави им придаваат статус на Почесни конзули на македонски граѓани кои имаат посебни односи и репутација и во С.Македонија но се и значајни за странските држави . Основната функција на Почесниот конзул е продлабочување на економските и…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава до Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања против А.Б. вработен како полицаец во полициска станица за гранични работи „Табановце“, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 1 од Кривичне законик. На 21.11.2021 во 10:50 часот на граничен премин „Табановце“ пријавениот при вршење на пасошка контрола, соопштија денеска од МВР, одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска имаше средба со извршната директорка на УНФПА Наталија Канем, како и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија. На состанокот, кој се одржа на маргините на дводневната министерска конференција за демографската иднина на Европа, што се одржува во Софија, Република Бугарија, присуствуваа и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство. На средбата директорката Канем и Армитаж и оддадоа посебно признание на нашата држава и беше потенцирана како лидер во регионот, во делот…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес на маргините на Министерскиот состанок на НАТО, во Рига оствари билатерална средба со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид. На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, соработката во НАТО, eвро-атланските перспективи на Република Северна Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот. „САД е наш долгогодишен стратешки сојузник и партнер. Како сојузници во НАТО, фокусирани сме да ги зајакнеме односите во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме…
– Предлог-буџетот за културата за 2022 година изнесува три милијарди 855 милиони 548 илјади денари, или 62 милиона 692 илјади евра. Тоа е речиси 10 милиони евра повеќе од буџетот со кој располагавме оваа година – информираше министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција, на која го презентираше Предлог-буџетот на Министерството за култура за следната година. – За поддршка на проектите од национален интерес во културата за 2022 г., пак, од буџетот се издвоени над 17 милиони евра, што е за над 1 и пол милион евра повеќе за оваа намена од оваа година – рече министерката за култура. Во…
Владата на Република Северна Македонија на денешната 123-та седница, којашто се одржа преку интернет комуникациска врска, го утврди текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија. Со оваа Предлог-одлука му се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните 6 месеци, односно до 9 јуни 2022 година. Предлогот за продолжување на рокот на кризната…