Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Денес во Скопје беа засадени 50 каталпа дрва како израз на стремежите за позеленување на градот Скопје. Дрвата се донација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската Унија (ЕУ), Австрија и локалните партнерски банки: Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF – ГЕФФ), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност. Со цел да ги обележи резултатите од ГЕФФ Програмата и симболично да се придонесе во борбата со климатските промени, ЕБОР, ЕУ и Австрија ќе засадат дрва во ноември и декември 2021 година, во…
Денеска во Охрид се оствари средба на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и на градоначалникот на градот Охрид, Кирил Пецаков. На средбата, на која претседателот Азески му го честиташе изборот за нов градоначалник на Охрид и му посака успех во неговата работа, се разговараше и за прашањата поврзани со децентрализацијата, со потенцијалите за заеднички проектни активности во рамките на програмите на ЕУ, како и со Коморскиот инвестициски форум и со другите меѓународни организации. Охрид, како најголем туристички центар, има одлична соработка со Здружението на угостителството и туризмот при СКСМ и затоа ќе се вложат дополнителни напори…
Цената на нафтата од типот „брент“ следната година би можела да порасне до 125 долари за барел, а во 2023 година да достигне цена од 150 долари за барел, прогнозира инвестициската банка JP Morgan Chase. Аналитичарите на Morgan Chase тврдат дека членовите на ОПЕК имаат нафта, иако помалку од претходно проценето, но таа се наоѓа во земјата. Сепак, додаваат дека , немаат ниту средства ниту логистика потребна за брзо да ја изнесат на пазарот. Затоа, велат аналитичарите, се создава впечаток дека овие земји намерно не сакаат да ги снабдуваат потрошувачите со споменатиот енергенс и затоа има проблем со Америка и…
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во трагичната сообраќајна несреќа кај Струма, во Република Бугарија. Согласно одлуката на членките на АСОМ, парите ќе бидат префрлени на сметката на Црвениот kрст, a организацијата ќе ги распредели на повредените патници и на семејствата на настраданите, државјани на Република Северна Македонија. – Со длабоко жалење ја примивме веста за трагичната сообраќајна несреќа која се случи кај местото Струма, во Република Бугарија, во која животот го загубија наши сограѓани, а неколкумина се повредени. Загубата на човечки животи е ненадоместлива, но како организација, која во многу…
Намалување на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа намалување е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, кој за време на претседавањето на 50-тиот Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржува во Атина, по втор пат беше избран за претседател на Бордот. Бислимоски го изразува неговото задоволство што Регулаторната комисија за енергетика, по втор пат има претседтаел кој…
Министерот за економија Крешник Бектеши ги претстави превземените активности на полето на енергетиката во Северна Македонија на 19. Состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Белград, Србија како земја претседавач со Енергетската заедница во 2021 година. На состанокот на Енергетската заедница со министерот Бектеши учествуваше и заменик-министерката за животна средина Христина Оџаклиевска. Со состанокот претседаваше потпретседателката на Владата на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. На состанокот беше истакнат напредокот на Северна Македонија во енергетскиот сектор, пред се во делот на спроведувањето на законодавството на Енергетската заедница, односно усогласувањето на националната регулатива со…
“Невозможно е Косово да се придружи кон „Отворен Балкан“ без меѓусебно признавање. Ако го прифатиме тоа, ќе живееме во статус кво ситуација, додавајќи дека е неопходно лидерите на албанските држави да бидат на линија со лидерите на Косово за темите за Косово и неговата иднина, како што е темата за поделба на Косово во дијалогот со Србија. “Премиерот Рама би требало прво да разговара за признавањето на Косово од страна на Србија , за да се оди понатаму кон оваа тема за Отворен Балкан , бидејќи прво мораме да сме рамноправни. Не може да се биде отворен кон некој кој…
Српската влада ги ограничи цените на основните прехранбени продукти како на шеќерот, брашното од тип 400, сончогледовото масло за јадење, свинскиот бут и на млекото со 2,8 отсто млечна маснотија, јавува српската телевизија Н1. – Ценовното ограничување е поставено со цел да ги амортизира штетните последици од инфлацијата и можните нарушувања на пазарот. Одлуката е проектирана да трае два месеца. Со неа производителите се обврзуваат да не смеат да ги намалт количините на производство и дистрибуција до консументите, под просекот во последната година. За оние кои нема да се држат до оваа одлука, следуваат казни во износ меѓу 100.000 и…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев имаше двострани разговори со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји како и со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија Хозе Мануел Албарес Буено, јавува бугарската агенција БГНЕС. Тие се сретнаа за време на шестиот регионален форум во Барселона на сојузот на Средоземноморието и на земјите членки на Јужното соседство. Разменети беа мислења односно перспективите за почетокот на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија. Бугарската страна ги подвлекла проактивните усилби последните месеци, за решавање на отворените прашања со Скопје, така што да бидат гарантирани правата на граѓаните…
Првата дама на САД Џил Бајден низ фотографии ,откри како ја украсила Белата куќа за Божиќ и новогодишните празници. Влезено е во традицијата првата американска дама да ја кити за Божиќ, Белата Куќа и тоа да го претстави на светот. Џил ја продолжува таа традиција. Многубројни елки се наоѓаат низ ходниците и собите во Белата куќа, украсени со мотивите кои потсетуваат на најрадосниот празник во годината. Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „подари од срце“
Германски епидемилог: „Омикрон“ е можеби Божиќен подарок кој може да го забрза крајот на пандемијата
Новиот сој на коронавирусот Омикрон би можел да се покаже како Божиќен подарок под услов да предизвикува поблага клиничка слика , тврди германски епидемиолог. Неговата изјава доаѓа откако јужноафриканските лекари објавија дека се чинело оти овој сој предизвикува помалку тешки симптоми. Лекарите во јужна Африка тврдат дека Омикрон предизвикува поблаги симптоми , како главоболка и замор. Наведуваат и дека не довел до ниедна хоспитализација или смрт. Германски епидемиолог: Омикрон би можел да го забрза крајот на пандемијата Професорот Карл Лаутербах , епидемиолог кој сака да стане иден министер за здравство во Германија, изјавил дека според првите достапни податоци Омикрон би…
Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО) во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ја презентираа анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“. Во рамките на истражувањето се испитуваше довербата на граѓаните во демократските институции, како и во други чинители во политичкиот живот на државата и општеството, како медиуми, граѓански организации и верски организации. На презентацијата, д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања оцени дека популизмот ја минира основата на демократијата. „Во неговата…