Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Амбасадата на САД во Бугарија реагираше во врска со изјавата на новоизбраниот бугарски претседател,Румен Радев, дека Крим е руски. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, во соопштението на амбасадата се наведува дека САД се длабоко загрижени од неодамнешната изјава на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во која тој Крим го прогласи за „руски“. Амбасадата на САД во Софија додаде дека САД, Г-7, Европската Унија и НАТО отсекогаш биле јасни и единствени во ставот дека и покрај обидот на Русија да го припои и актуелната окупација, Крим е украински. Сите, вклучително и Бугарија, на Самитот на Кримската платформа…
Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија во времето на премиерот Симеон Саксобурготски, Милен Керемедчиев за БНР изјави дека притисокот од САД врз Бугарија ќе се зголеми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Керемедчиев, Бугарија се однесува како лута девојка, но всушност Бугарија е членка на ЕУ и не треба да дава објаснување на кандидат за членство во ЕУ. Нејзиното однесување многу повеќе боли бидејќи другите западноевропски партнери не ја разбраа позицијата на Бугарија, рече Керемедчиев. Според него, претседателот на Бугарија Румен Радев кој го доби победничкиот втор мандат, има поинаква визија од лидерите на „Продолжуваме…
-Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина, стои на фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.
Им благодарам на сите кои гласаа за нас со госпоѓа Јотова, Бугарите сакаат да расчистат со корупцијата и беззаконието. Очекувањето дека граѓаните ќе се изморат од избори и ќе го одберат старото, не се исполни. Ова го кажа Румен Радев по победата на изборите. Бугарија го положи испитот на демократијата, победи разумот и родољубието наспроти апатијата и лагата, изјави Радев. Новиот парламент нема право на грешки зашто граѓаните нема да простат, порача старо-новиот претседател. Секоја од партиите која нема да го свати тоа ќе се самоубие, рече Радев. Новата влада не треба да отстапува од националните позиции, кога станува збор…
Според излезните анкети лиферувани од три анкетни агенции – двете претседателски двојки ги имаат следните резултати „Тренд“ – За Румен Радев– Илиана Јотова гласале 64,5% од гласачите За Проф. Анастас Герџиков – Невена Митова гласале 33,6% од гласачите „Галуп“ Румен Радев– Илиана Јотова гласале 65,7% Проф. Анастас Герџиков – Невена Митова гласале 31,5% „Алфа рисрч“ Румен Радев– Илиана Јотова гласале 63,9% Проф. Анастас Герџиков – Невена Митова гласале 33,1% Излезноста на овие избори кои се четврти по ред по трите парламентарни, изнесувала 30 % а аналитичарите сметаат дека ова ќе бидат забележани како избори со најниска излезност. Несомнено Румен Радев…
Претседателот на Ел Салвадор земја во која официјална валута покрај американскиот долар е биткоинот, Наџиб Букеле на презентацијата на „Bitcoin Week“ соопшти дека набрзо ќе се гради „Bitcoin City“ , објави порталот CoinDesk, пренесува весникот Јутарњи лист. „Bitcoin City“ ќе се наоѓа во заливот Фонсека, недалеку од вулканот. Владата планира да изгради електрана во подножјето на вулканот, која ќе се напојува од геотермални извори и ќе го снабдува со енергија градот и ќе го „рудари“ биткоинот. Според Букеле, „Bitcoin City“ ќе биде вистински град со станбени и трговски квартови, ресторани, аеродром и железничка станица. Градот ќе биде изграден во облик…
Капиталните инвестиции значат живот за националната економија. Градиме инфраструктура, се поврзуваме со соседите и со регионот. Во Предлог-буџетот за 2022 година капиталните инвестиции се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит. За патната инфраструктура само за Коридорот 8 издвоени се 6 милијарди денари. Вложуваме во изградба на нови автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан. На Коридорот 10-д предвидена е изградба на делницата Прилеп – Битола. Продолжуваме со изградба на автопатската делница од Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, експресните патишта: Градско – Дреново, Дреново –…
Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране како и Б.Ф.(41) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И. -Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат” за укажување на лекарска помош. Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар, стои во соопштението од Министерството.…
Денес се регистрирани 389 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2 вирусот, од направени 2.633 тестови . По градови тоа изгледа вака: Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица – по 14, Кочани и Гевгелија – по 11, Струга – 7, Тетово и Велес – по 6, Неготино и Демир Хисар – по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево – по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 2, Демир Капија – 1. Починале 18 лица и сите тие во болнички услови.…
Демонстрациите против анти-ковид мерките кои денеска се одржуваа во белгиската метропола Брисел, прераснаа во немири во кои демонстрантите кршеа и палеа се што ќе им се најде на патот. Нема извештаи за повредени учесници во демонстрациите или на страната на полицијата, но снимките од теренот говорат за енормно насилство и изблив на гнев. Демонстрантите фрлаа со секакви предмети кон полицијата, која пак возврати со солзавец и водени топови. Истовремено тие извикуваа „Слобода, слобода, слобода“, „ Бела чао“, „ Заедно за Слобода“. Како што пренесуваат странските агенции, дел од луѓето кои протестирале изјавиле дека се тука зашто не сакаат да се…
Повеќе од 256.540 милиони случаи на коронавирус се пријавени ширум светот од почетокот на пандемијата. Повеќе од 5.144 милиони заразени луѓе починаа. Сепак, според Светската здравствена организација (СЗО), реалниот број на смртни случаи може да биде два до трипати поголем. Регистрираниот број на случаи на коронавирус во светот е само дел од реалноста, јавија западни медиуми. Со зголемувањето на достапните тестови и подобрувањето на методите за следење на контактите на заразените, генерално е зголемен бројот на пријавени случаи. Сепак, многу поблаги и асимптоматски случаи не се пријавени. Огромното мнозинство од заразените со коронавирус закрепнуваат. Во светот вчера беа пријавени повеќе…
Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство во Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.