Според излезните анкети лиферувани од три анкетни агенции – двете претседателски двојки ги имаат следните резултати

„Тренд“ – За Румен Радев– Илиана Јотова гласале  64,5% од гласачите
За Проф. Анастас Герџиков – Невена Митова  гласале 33,6% од гласачите

„Галуп“
Румен Радев– Илиана Јотова гласале 65,7%
Проф. Анастас Герџиков – Невена Митова гласале 31,5%

„Алфа рисрч“
Румен Радев– Илиана Јотова гласале 63,9%
Проф. Анастас Герџиков – Невена Митова гласале 33,1%

Излезноста на овие избори кои се четврти по ред по трите парламентарни,  изнесувала 30 % а аналитичарите сметаат дека ова ќе бидат забележани како избори со најниска излезност.

Несомнено Румен Радев го освои вториот претседателски мандат убедливо  победувајќи го  противкандидатот Анастас Герџиков во денешниот втор круг од изборите. Според излезните анкети, Радев освои 64% од гласовите, со што ја задржа двојната предност од првиот круг.

Герџиков му ја призна победата на Радев и му посака успешен втор пет годишен претседателски мандат.