Author: Mirjana

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ,  Алијанса за Албанците и Левица упорно се противат на измените на Законот за работни односи,  се  противат недела да биде неработен ден за 92 отсто од работниците, а преостанатите 8 отсто кои ќе работат во недела да добиваат до 100 отсто зголемена дневница. Закочени се и законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стекнат правна и економска сигурност. Блокиран е и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани не може да им се помогне…

Read More

Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Во услови на потреба од натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, која предвидува голем број активности и кооридиниран пристап. Ова го посочи вицегувернерката Ана Митреска во својата презентација на работилницата организирана од германската Шпаркасе фондација за меѓународна соработка, која беше одржана за да го означи почетокот на активностите на оваа фондација во нашата…

Read More

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истрага против две полнолетни лица од Пакистан и двајца малолетници од Авганистан. Осомничените се товарат дека сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од член 418-в став 2 и кривично дело Криумчарење на мигранти од член 418-б став 4 в.в. став 2 и 3 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од месец август до месец ноември оваа година две непознати лица од Пакистан со цел…

Read More

Во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД ќе бидат врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Северна Америка. Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите искуства, препорачувајќи им на сите сограѓани, доколку им е потребно да ги обноват пасошите на Република Северна Македонија веднаш, информираат од Министерството за надворешни работи. Нагласуваат дека воспоставувањето на базните станици, како опреми за скратување на постапката на издавање на патни исправи во наши дипломатски…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, три санкционирани возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници, три санкционирани возила за минување на затворен сигнал-црвено светло. Од МВР информираат дека ќе продолжат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Read More

– ЕУ треба да изврши притисок врз Софија во однос на приговорите  за влез на С. Македонија, а со тоа и на Албанија, во Унијата, заради некакви историски прашања. Администрацијата на Бајден ја охрабрувам да продолжи да го истакнува ова, и ја охрабрувам ЕУ, која е најодговорна страна во случајот, да и даде до знаење на Софија дека вакви политички игри се недобредојдени, вели во интервју за дописникот на МИА од САД, професорот Чарлс Купчан, постар соработник во Советот за меѓународни односи во Вашингтон.   Според него, за конечно да се решат недоразбирањата со Софија и С. Македонија и Албанија…

Read More

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата. Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена. Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од…

Read More

Право на глас во Бугарија имаат 6.700.000 граѓани, кои ќе можат да го направат својот избор на без малку 13.000 избирачки места. За Радев на првиот круг гласаа 1.322.128 гласачи, а за Герџиков двојно помалку или 610.710.. Румен Радев, настапува како независен кандидат поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената” на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев и партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ”. Како независен кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС, настапува и ректорот на  Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков. Бугарите кои живеат во странство ќе можат да гласаат на 751 избирачко место во 68…

Read More

Џо Бајден, најстариот американски претседател на должност, го прослави 79-тиот роденден во саботата, еден ден по медицинскиот извештај во кој се наведува дека е способен да ги води Соединетите Американски Држави. Демократскиот претседател овој славенички викенд, заедно со семејството, престојува во Вилмингтон, неговата изборна единица, на 170 километри од главниот град Вашингтон, јавуваат американските медиуми. „Среќен роденден на мојот пријател и брат“, му посака на Твитер Барак Обама, на кој Бајден осум години му беше потпретседател. „Америка ви е благодарна за вашата сочувствителност, пристојност, патриотизам, лидерство и амбиција“, рече претседателката на Демократскиот дом, Ненси Пелоси

Read More

Времето денеска изутрина ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје утрово ќе биде студено со услови за слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени. Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите…

Read More

На поранешниот висок функционер на Европската Унија Доналд Туск, денеска времено му е одземена возачката дозвола, конкретно на 3 месеци поради пречекорување на законската брзина на возење. Тој возел 100 километри на час во населено место. Одземени му се и 10 од казнените 24 поени колку што има на располагање за една година. 64 годишниот Туск кој е лидер на полската опозициска партија „ Граѓанска платформа“ на Твитер напиша дека казната е адекватна и дека ја прифатил без да се расправа со полската полиција, јавува  агенцијата Асошиејтед Пресс.

Read More

Десетици илјади луѓе демонстрираа денеска во Париз и другите француски градови , со барање за поголем ангажман на владата за спречување на насилството врз жените. Демонстрациите се организирани во момент кога расте гневот во Франција поради жените кои биле убиени од  нивните партнери и се поголемото сексуално вознемирување и злоупотреба во Франција, пренесува АП. Демонстрантите маршираа позади голем транспарент на кој пишувало “Стоп за сексизмот и сексуалното насилство”. Групите кои се борат против овој вид насилство, велат дека само оваа година биле убиени 101 жена од актуелниот или од претходниот партнер или  една жена на секои три дена. Повеќе од…

Read More