Author: Mirjana

Жена од градот Есперанца во североисточна Аргентина е излечена од ХИВ. Ова е втор документиран случај каде што некој успеал да го искорени смртоносниот вирус од своето тело, објави медицинското списание „ЈАМА“ за интерна медицина. Жената го елиминирала вирусот исклучиво благодарение на нејзиниот имунолошки систем, без земање лекови, терапија со матични клетки или други експериментални третмани. Истражувачите од Аргентина и Масачусетс (САД) собирале примероци од крвта на пациентката од 2017 до 2020 година, внимателно набљудвајќи ја ДНК-та. Испитувањата ги водел д-р Ксу Ју од Институтот „Рагон“ при Општата болница во Масачусетс. – Ова ни дава надеж дека човековиот имунолошки систем…

Read More

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 18 ноември 2021 година. Притоа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза од вакцината. Во период од 06.08 до 18.11.2021 на територија на државата 53.682 граѓани имале позитивен  тест на Ковид 19. Од нив  31% биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19, констатираат од Министерството за здравство. Според статистиката за изминативе месеци, 36.980, граѓани,…

Read More

Според федералните податоци, само во првите девет месеци од годината Мексико имал повеќе од 25.000 убиства што е за 3,4 отсто помалку отколку во истиот период година дена претходно. Телата на 10 мажи од кои на 9 виселе од надвозник, се откриени во мексиканската држава Закатекас во која брбите за територија на нарко- картелите се секојдневие . Телата биле пронајдени на околу 550 километри северно од Мексико Сити , соопшти државната агенција за јавна безбедност, пренесува РТС. Спротивставените нарко и тобако-картели се борат за контрола над таа држава , која е клучна транзитна точка за дрога, посебно на синтетичкиот лек…

Read More

Во пресрет на избор на старо-нова Влада, Демократскиот сојуз укажува на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите. Во оваа насока освен реформите сврзани со евроинтеграциските процеси, Демократскиот сојуз инсистира и на: – Прво, робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, преку системски промени и формирање на Агенција за борба против криманалот, со висок степен на самостојност и посебни права и овластувања (ФБИ). – Второ, испорачување на правдата преку законска можност за фер судење за монтираните судски процеси (Нема правда, Нема мир). – Трето, реформа на судскиот и правниот систем во целина, преку ревизија на работата на секој…

Read More

Изложбата 1000 години Бигорски манастир е поставена во НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и Ансамблот Македонија, изложбата дава пресек на духовното и материјално богатство на манастирот во неговата богата историја од илјада години постоење. Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, Кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век – Митра, Игуменски крст, Епетрахил, Жезол, Рипиди со Серафими… Изложбата е отворена за сите посетители од 19 до 28 ноември 2021 година согласноактуелните мерки и протоколи за…

Read More

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.М.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На 06.08.2020 на социјалната мрежа „Фејсбук“, М.М објавил оглас за продажба на амфора со висина од 1 метар и ширина 80 сантиметри за сума од 20.000 денари. На 02.11.2020, при извршен претрес, полициски службеници ја пронашле и одзеле. Пријавениот, амфората ја ископал од археолошко наоѓалиште и ја присвоил со намера да ја продаде и да се стекне со противправна имотна корист, знаејќи дека се работи за културно-историско наследство.

Read More

Во обид да се стави под контрола пандемијата која повторно зема замав во светот, Министерството за здравство најави нови мерки за вработените во јавната и државна администрација. Според здравствените власти, донесените мерки се во насока на зачувување на јавното здравје во особено критичен период, кога се заканува нов ковид бран. Тие велат дека мерките не се начин да се спроведе „присилна вакцинација“, како што реагира јавноста, туку пристап кој веќе го користат повеќе земји во регионот, но и во светски рамки, со цел да се намали трансмисијата на вирусот и да се зголеми процентот на имунизирано население, бидејќи здравјето на…

Read More

Што се однесува до регионот, најголеми поплаки транспортерите имаат за преминувањата со Босна и Херцеговина, Црна Гора, меѓу Албанија со Црна Гора, бидејќи немало ветеринарни и санитарни лекари 24 часа а камионите се работеле само во работно време  а ако дојдат подоцна, остануваат да чекаат за следниот ден. Кај нас не се многу скапи анализите, не се повеќе од 100 евра по камион. Додека во некои странски држави чинат од 500 до 1000 евра по камион и се многу чести анализите, речиси  50% од извозите се анализираат, вели нашиот соговорник од прехрамбената индустрија за она што е главната причина или…

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година е дел од глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day) кои се одбележуваат од  18 до 24 ноември. Целта на кампањите е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните и животнната средина, предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства и да се промовираат добри практики, со цел ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет. Годинашното мото „Ширење на свеста, стоп за отпорност“ (Spread…

Read More

Денеска е потпишан Меморандум за соработка со кој се предвидува имплементација на заедничкиот проект меѓу ТАСС и Роскосмос. Агенцијата ТАСС е прва меѓу светските медиуми која отвора свое постојано претставништво на Меѓународната вселенска станица. Првиот дописник на ТАСС во орбитата ќе биде космонаутот на Роскосмос Александар Мисуркин. Тој ќе раскажува за животот и работата на станицата, а вестите што ги емитува може да се прочитаат во информативните ресурси на агенцијата. Фотографиите и видеата ќе бидат објавени на страницата и на нејзините официјални страници на социјалните мрежи. Според генералниот директор на ТАСС, Сергеј Михаилов, агенцијата отсекогаш се трудела да биде онаму…

Read More

Министерството за внатрешни работи известува дека на ден 18 и 19.11.2021 година (четврток и петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Република Полска Н.Е Анджеј Дуда. За таа цел МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, за што апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Read More

Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во рамки на работната посета на Брисел, K. Белгија, одржа состанок со директорот на Директорат за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Џејмс Х. Мекеј. На состанокот се разговараше за досегашната соработка и придонес на нашата држава во исполнување на мисиите и целите на НАТО. Воедно, вицепремиерот Николовски, ја образложи потребата од носењето на Планот за борба против корупција и дел од мерките во Планот, со посебен акцент на екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство како и истражните центри во основните…

Read More