Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а преку денот умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава…
Влади на многу држави воведуваат задолжителна вакцинација за работниците во здравствената заштита и други високоризични активности поради остриот скок на бројот на заразени со Делта варијантата на коронавирусот и одложувањето на процесот на вакцинација, Расте и бројот на земји кои воведуваат задолжителна вакцинација на државните службеници и други категории работници. Список на држави што воведоа обврска за вакцинирање, подредени по категории на луѓе за кои се однесува таа обврска: За сите полнолетни лица – Во Индонезија во февруари беше воведена обврската за вакцинирање, а секој што не сака да се вакцинира беше предупреден за евентуално плаќање парична казна или одбивање…
Онлајн средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг заврши. По првиот дел, кој траеше речиси два часа, и по 15-минутна пауза, двајцата лидери ги продолжија разговорите. Вториот дел од средбата траеше околу еден час и 20 минути. Генерално, состанокот заврши половина час подоцна од планираното. Во разговорите двајцата лидери беа придружувани од високи претставници. Бајден беше заедно со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан, секретарот за финансии Џенет Јелен, индо-пацифичкиот координатор во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Курт Кембел и директорот за Кина во Советот за национална…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. На средбата се разговараше за стабилноста на македонскиот електроенергетски систем и предизвиците со кои се соочуваме, како и за владината уредба за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор. Во таа насока, Бислимоски го информираше претседателот Пендаровски за активностите што се преземаат и предвидените мерки во иднина, за капацитетите на домашното производство, како и за правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности. Претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно да се преземат сите мерки со цел успешно справување со предизвиците наметнати…
Речиси во цела Европа цената на струјата надмина 200 евра за мегават/час, покажуваат податоците на платформата Енерџилајв на вчерашното затворање на европските енергетски берзи. Зделките имаат датум на испорака до денеска. Најскапа струја денеска има во Грција – 241,3 евра за мегават/час. Потрошувачите во Романија и Унгарија плаќаат 228,79 евра за мегават/час. Најевтина струја повторно има во Полска – 116,28 евра за мегават час. Следува Шпанија со 180,57 евра за мегават час. Во Португалија енергичната енергија сега се продава за 180,88 евра за мегават/час. Тоа се единствените земји во Европа каде цената денеска е под 200 евра за мегават/час.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервјуто на Утрински брифинг, посочи дека очекува од пратениците што побрзо да го донесат законското решение недела неработен ден бидејќи тој е во интерес на сите граѓани. Таа потсети дека за овој предлог закон кој е во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, имаше неколку обиди да се отвори амандманска расправа уште пред локалните избори. Министерката истакна дека интересот за носењето на ова законско решение од страна на граѓаните е огромно. „До Министерството за труд и социјална политика секојдневно пристигнуваат прашања, кога ќе стапи на сила ова законско…
Анализа на проф.д-р Марјан Ѓуровски: Што по бугарските избори и македонските парламентарни случувања
Македонската политичка криза ќе биде пречка за решавање на спорот со Бугарија и ЕУ интеграциите Бугарија на изборите избра нов пат и продолжување на промените. Новиот мандатар и потенцијален премиер Кирил Петков и неговиот соиграч Асен Василев се надеж и шанса за да се дојде до компромис за решавање на македонскиот спор, но и овој пат треба да бидеме воздражани дека решението ќе биде брзо. По добивањето на новата бугарска коалициона влада (н.з.ПП+ДБ+БСП+ИТН) може да очекуваме меѓу двете држави да се формираат заеднички работни групи од бизнисот, културата и образованието, не само од историчари за да се разговара за сите…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој престојува дводневна работна посета на Брисел, на маргините на состаноците на ЕУ и ПСЈИЕ во Брисел, се сретна со неговиот бугарски колега Светлан Стоев. – Ја потврдивме важноста и посветеноста кон напредокот во процесот на европската интеграција, регионалната соработка и добрососедството во регионот на Западниот Балкан, а разменивме видувања и за последните политички случувања, по завршувањето на изборните циклуси и во двете земји. Ја повторивме својата решеност за продолжување на конструктивниот пристап и добрата волја во билатералните односи. Истовремено, ја поздравивме подготвеноста за динамизирање на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски…
Секоја четврта жена или девојка отсуствувала од работа заради менструална болка. Секоја трета ученичка пак, отсуствувала од училиште заради менструација, додека пак 57% од оние кои отсуствувале одговориле дека вообичаено отсуствуваат еден ден во месецот, а нешто повеќе од секоја петта отсуствува два дена во месецот. Ако учебната година трае девет месеци ова значи дека во текот на своето четиригодишно средно образование ученичките губат во просек по 36 училишни денови или еден месец образование заради менструација. Овие статистики се дел од сеопфатната студија за менструална правда спроведена од Здружението на граѓани за промоција на женска активност Тиииит!Инк. и „Реактор-истражување во…
Пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев“, „Северна Македонија: Без гласање за доверба на Владата, недостасува кворум“, „Како пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев: Еден пратеник не дојде во Собранието…“, „Владата на Заев не е соборена, опозицијата тврди дека власта киднапирала пратеник“, „Пропадна гласањето недоверба на Владата на Северна Македонија, се останува исто“…, се главни денешни наслови во српските медиуми по синоќешната политичка разврска во Собранието во Скопје. „Северна Македонија, Пепелашка е сепак машко“ , со овој наслов Државната телевизија на Србија известува за случувањата поврзани со иницијативата за гласање (не)доверба …
Изминатава недела Европа регистрирала 2 милиони нови случаи на инфицирани од коронавирусот, што е најголем број во регионот од почетокот на ширењето на Ковид-19. Бројот на смртни случаи последнава недела изнесувал скоро 27.000 што се над половината од сите смртни случаи од Ковид-19 ширум светот.
Опозицијата згреши заради тоа што седми пат му веруваше на Христијан Мицкоски, на набилданите изјави дека само што го нема 62, 63 пратеници и очигледна е неговата неинформираност или незнаење на математиката, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петрова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, соопштија од СДСМ. Таа додаде дека опозицијата се чувствуваат разочарани од сопствениот лидер затоа што не знае и не држи до тоа што го кажал дека обезбедил парламентарно мнозинство. Не можете да обвините никој, ниту дека е киднапиран, ниту дека МВР или било која друга институција не се грижи за пратениците, односно доколку нивната…