Изминатава недела Европа регистрирала 2 милиони нови случаи на инфицирани од коронавирусот, што е најголем број во регионот од почетокот на ширењето на Ковид-19.

Бројот на смртни случаи последнава недела изнесувал скоро  27.000 што се над  половината од сите смртни случаи од Ковид-19 ширум светот.