Author: Mirjana

Првичните наоди за минатонеделниот пожар во РЕК Битола, како што денеска информира АД ЕСМ,  е висок напон кој дошол до трансформаторот на Блокот 3 , преку електроенергетскиот систем. Екипи на компанијата работат на отстранување на штетата заедно со стручни лица од МЕПСО и „ЕВН Македонија“ и од техничките факултери во Скопје и Битола.

Read More

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја критикуваше масовната употреба на трета доза на вакцина против коронавирус во услови на ниско ниво на вакцинација во земјите со низок приход по глава на жител. За време на денешниот брифинг во Женева, тој го опиша како скандалозен фактот што дневниот број на испорачани засилувачки вакцини е шест пати поголем од бројот на луѓе кои примиле прва доза во земјите со ниски приходи. – Секој ден во светот се даваат шест пати повеќе засилувачки дози, отколку први дози во земјите со ниски приходи. Ова е скандал што мора да…

Read More

Европската комисија денеска соопшти дека ќе побара казна за Унгарија пред Судот на правдата на ЕУ бидејќи не ги изменила процедурите за азил согласно судската пресуда и препорача долгорочни финансиски казни се додека Будимпешта не ја испочитува одлуката. ЕК во соопштението наведе дека Унгарија досега не разгледала неколку аспекти на пресудата. Конкретно, Унгарија не ги презеде неопходните мерки за да обезбеди ефикасен пристап до процедурата за азил, се вели во соопштението. Таа не ги појасни ниту условите во врска со правото на останување на територијата во случај на жалба во постапка за азил, се додава во соопштението. Барањето следува откако…

Read More

Една меѓу 250-те меѓународни и регионални марки, кои најдоа свое продажно место во East Gate Mall e  италијанскиот бренд за шминка Кико. Продавницата во Ист Гејт мол е една од 900-ните ширум светот лоцирани на 30 пазари. „Животот нека биде во боја“ е пораката на омилениот италијански бренд за шминка KIKO Milano, обожуван од милиони жени ширум светот.Во присуство на познати личности, инфлуенсери и шминкери, во „Ист Гејт Мол“ конечно се отвори првата специјализирана продавница на козметичкиот бренд KIKO Milano, под закрила на модната групација „Фешн Груп“. Без разлика дали сакате да го истражите новиот свет на убавината на KIKO,…

Read More

Далеку од своето природно живеалиште на Антарктикот или околу 3000 километри, пингвин од расата „аделис“ стигнал до брегот на Нов Зеланд, Бил изнемоштен, и дехидриран кога бил пронајден од локалните жители  а потоа и однесен на испитувања. Ваков случај новозеланѓани немале евидентирано од пред 28 години. Откако закрепнал, пингвинот бил пуштен на безбедна плажа на која немало кучиња.

Read More

Пратеникот Кастриот Реџепи, веднаш откако Билал Касами го исклучи од Движењето Беса, се активираше на Фејсбук, истакнувајќи го американското знаме на својот личен профил, со натпис „Бог да ја благослови Америка!

Read More

Светската здравствена организација би можела да го забрза признавањето на новите вакцини против Ковид 19, реагира рускиот претседател Владимир Путин. „Во азиско-пацифичкиот регион и воопшто во светот, сè уште има бројни социо-економски и други проблеми за кои веќе зборувавте, а корона вирусот е далеку од поразен. Не е исклучена појавата на нови и уште поопасни видови на таа инфекција“, рече Путин, говорејќи на онлајн самитот на форумот „Азиско-пацифичка соработка“. Истовремено, тој повика на взаемно признавање на вакцините и сертификатите за вакцинација против коронавирус во светот што е можно поскоро, потсетувајќи дека Русија таа иницијатива ја претстави на неодамна одржаниот самит…

Read More

-Парламентарните и претседателските избори внедела во Бугарија се исклучително важни за нашите амбиции но и за амбициите на САД и на ЕУ за Софија да ја дигне блокадата за започнување на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, изјавил специјалниот претставник на Владата во релациите со Бугарија Владо Бучковски, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Притоа Бучковски нагласил дека од исклучително значење е дали Бугарија ќе има политичка влада по третите парламентарни избори. – Според мене ќе има кабинет . Прашањето е дали ГЕРБ на Бојко Борисов ќе состави коалиционен кабинет или пак тоа ќе го направат партиите…

Read More

Капсулата на компанијата „Спејсекс“ со четворица астронаути денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица (МСС) каде што астронаутите ќе останат до пролет. Капсулата патувала 21 час од Вселенскиот центар на НАСА до станицата. Таа превезе еден германски и тројца американски астронаути кои реагираа емотивно кога првпат ја здогледаа меѓународната станица на далечина од 30 километри. „Тоа е прилично фантастична глетка“, рече Раџа Чари, командант на капсулата „Драгон“. „Лебди во воздухот и свети како дијамант. Сите сме прилично возбудени“, изјави германскиот астронаут Матијас Мауер. Целиот лет на капсулата „Драгон“ беше автоматизиран, а Чари и пилотот Том Маршберн ги следеа системите на капсулата…

Read More

Вашингтон е „многу загрижен“ за ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија, изјави денеска американската потпретседателка Камала Харис. – Што се однесува до Белорусија и она што се случува на границата со Полска, ние сме многу загрижени поради тоа и внимателно ја следиме ситуацијата. Режимот на Лукашенко спроведува многу загрижувачки активности. Тоа е нешто за што разговарав со францускиот претседател Емануел Макрон, а очите на светот и неговите лидери гледаат што се случува таму, истакна Харис на прес-конференција во Париз. Таа порача дека Франција и САД ја потврдиле посветеноста на соработката во борбата против тероризмот, особено во регионот Сахел. –…

Read More

Онлајн платформата Разговор.мк освен брз и анонимен пристап и разговор со професионални терапевти, советувачи и психолози, од скоро има и новитет, односно нуди  следење на личните емоции преку првиот личен дневник за следење на расположението. Имено, се работи за дигитален дневник за следење на емоциите и се наоѓа во склоп на апликацијата Разговор.мк која е бесплатна за користење. Дневникот всушност нуди визуелен преглед и избор на повеќе емоции или активности кои потенцијалниот корисник би ги практикувал и забележувал во дневникот. Со самото тоа би добивал детални аналитики и извештаи во врска со „преживеаните“ емоции и активности според кои би можел…

Read More

За време на посетата на транзитниот центар за мигранти “Табановце”, со Лара Брајден од Британската амбасада во Белград (дел за екстремизам и миграција за Западен Балкан) и со Ирина Попеску, главен координатор за Западен Балкан од Интернационалната организација за миграција од Агенција за миграција на Обединетите Нации, зборувавме за условите и функционирањето на Транзитниот центар, досегашните искуства и соработка како и идните можни правци на менаџирање на ,,Табановце”, како транзитен центар и камп од отворен тип, напиша Ангелов на Фејсбук.

Read More