Author: Mirjana

На подрачјето на древниот град Ајзаној, кој се наоѓа во западниот дел на Турција, археолозите откриле солидно извајани глави на древните богови Афродита и Дионис. Истражувачите сметаат оти статуите пронајдени при археолошки ископувања се направени од варовник пред околу 5.000 години. Според координаторот на ископувањата, археологот Гохан Косќун од турскиот универзитет „Думлупинар“, овие наоди се многу важни за натамошните истражувања. – Тие покажуваат дека политеистичката култура на Древна Хелада постоела долго време без да го изгуби своето значење ниту за време на римската ера, рече тој. Се верува дека градот Ајзаној бил основан во бронзената ера. За време на хеленистичкиот…

Read More

Вкупно 98 отсто од Големиот Kорален Гребен кај Австралија е погоден од штетната појава на избелување на коралите. Според трудот објавен минатата недела во стручното списание „Курент бајолоџи“ (Current Biology), ова е четврта ваква поголема појава на избелување по 1998 година, а само два отсто од тоа големо подводно тело овојпат го избегнало влијанието. Топлотните бранови ги избелуваат коралите. Водечкиот автор Тери Хјуз од АРЦ – Центарот за истражување на корални гребени при Универзитетот „Џејмс Кук“ смета дека јачината, но и зачестеноста на топлотните бранови коишто предизвикуваат избелување на коралите се зголемуваат. Ова е предизвикано од топлотен удар, т.е. раст…

Read More

Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права. Бараат да се усвои законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со кое сите оние кои работат во дејностите каде не може да има застој во технолошкиот процес да им биде исплатена дневницата зголемена за минимум 50 проценти. Се бара и донесување на нов Закон за работни односи со кој ќе се решат проблемите со кои се соочуваат вработените како што се договорите на определено време, прекувремената…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од намерата ако премиерот Зоран Заев до 14.30 не ја депонира својата оставка во писмена форма, тие во Собрание да достават иницијатива за гласање недоверба на Владата. Часовникот отчукува а со оглед на, засега непроменетата состојба на политичката сцена, и натаму е неизвесно што ќе „отчука“ во 14.30. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашниот настап на ТВ Сител, повтори дека е обезбедено мнозинство кое ќе изгласа недоверба на Владата и повика други пратеници, настрана од 61 за кој вели дека  биле обезбедени, да и се приклучат на иницијативата. -Отворена е вратата за секој што мисли дека…

Read More

САД од денеска, по пауза од 20 месеци, повторно ги отвораат копнените и водушни граници за сите странски патници кои се вакцинирани против ковид-19. Првата одлука за рестрикции на почетокот на 2020 година ја воведе екс-претседателот Трамп, но подоцна оваа мерка и одлука ја продолжи и актуелниот претседател на САД, Бајден. Одлуката на почетокот беше остро критикувана од американските граѓани. Во февруари лани, Трамп воведе ограничувања за патниците од Кина, во март на ред дојдоа и европските земји од Шенген-зоната, а подоцна и Велика Британија и Ирска. Копнените граници, пак, со Мексико и со Канада беа затворени во најголем дел…

Read More

Грижата за здравјето на граѓаните во пандемијата на ковид-19, Мицкоски требаше и можеше да ја покаже со лични примери и дела. Тоа го прават вистински лидери и одговорни политичари каков што тој не е, порача министерот за здравство, Венко Филипче. До денеска не разбравме дали и кога е вакциниран, бидејќи човекот се криеше. Толку многу му е важно политизирањето на секој аспект од кризата, што ниеднаш не испрати јасна порака дека и другите треба да се вакцинираат. Ниту еден од сопартијците на Мицкоски не повика на вакцинација, ниту еден пратеник не излезе пред камера, бегајќи од медиумите после примена вакцина,…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска остварил телефонски разговор со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, во рамките на кој го осуди терористичкиот напад кој за цел ја имаше премиерската резиденција но и дека му олеснило што премиерот ал-Кадими бил неповреден. Како што соопшти Американскиот Стејт Департмент, Блинкен истакнал дека овој напад е напад врз суверенитетот и стабилноста на Ирачката држава. Блинкен им понуди помош на Безбедносните сили на Ирак во истрагата за нападот.

Read More

Талибанците денеска назначија 44 свои членови на клучни функции во Авганистан, вклучително и провинциски гувернери и началници на полицијата, што е клучен чекор во зајакнувањето на власта додека земјата се бори со растечките безбедносни и економски проблеми. Тоа е прв голем круг именувања откако е формиран кабинетот во септември. Талибанците објавија список со новите функции на нивните членови. Кари Барјал е назначен за гувернер на Кабул, а Вали Јан Хамза за началник на градската полиција. Претходниот командант задолжен за безбедноста на Кабул, Мавлави Хамдулах Мухлис, беше убиен овој месец во напад врз најголемата воена болница во Авганистан во центарот на…

Read More

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, каде се разговараше за последните политички случувања, истакна дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата. Но не само тоа, тој додаде дека најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат. „Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам Алтернатива утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи за ТВ21. Претходно Алтернатива соопшти дека во среда ќе…

Read More

Само неколку недели не делат од многу пропагираниот Самит за демократија на претседателот Џо Бајден. Дали тој ќе има трајно влијание, е друго прашање. Соработниците на Бајден сè уште ја обликуваат агендата за виртуелниот самит од 9 до 10 декември, а голем дел од нивната работа е доверлива. Списокот на поканети влади не е објавен, иако ПОЛИТИКО во четвртокот успеа да добие една верзија.Сите планови се пробни, а граѓанските групи се жалаат дека се маргинализирани. Една, малку нејасна иницијатива за која тимот на Бајден разговараше за покренување за време на самитот, а според документите до кои дојде ПОЛИТИКО, е меѓународна…

Read More

Изборната комисија на Град Скопје денес го врачи Уверението за избор на градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска. Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата. Во понеделник, на 8ми ноември, 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето. Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат.

Read More

Кој политички субјект со колку донирани финансиски средства или услуги , тргнал во битка за освојување на локалната власт, открива членот од Државната антикорупциска комисија за НоваТВ, Катица Николовска. Рокот за пријавување на донациите истече на 30 октомври. Партиите веќе навикнале на обврската па редовно ги пријавувале средствата, велат од антикорупциска. Според ДКСК Група избирачи Данела Арсовска пријавила донации во износ од  9,621,445.00 денари, коалицијата предводена од СДСМ 9,295,179.00 денари а ВМРО ДПМНЕ над 23,000,000.00 денари. Левица 203,999.00 денари НоваТВ: Дали сите партии го испочитуваа рокот да достават извештаи за примени донации за изборите? – Во изборната кампања на Локалните…

Read More