Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Врховните судии одржаа тридневна работна средба во врска со новиот Предлог-деловник на Врховниот суд. По 23 години, Врховниот суд ќе донесе нов Деловник, акт со кој се уредуваат организацијата и работата на највисокиот суд во државата. Судиите на Врховниот суд на работната средба имаа плодна дискусија на која разменија мислења за одредбите од Деловникот, а во насока на негово усогласување со новите законски решенија и реформски процеси. Поконкретно, како што е објавено на веб страницата на Врховниот суд, со овој исклучително важен акт за работата на Судот, се уредува организацијата на Врховниот суд, начинот на работа на претседателот на Судот,…
Вакцините „Спутник В“ произведени на Институтот Торлак во Белград, денеска добија дозвола за употребу од страна на националниот регулатор, Агенцијата за лекови и медицински средства, потврди за Танјуг министерот во Владата на Србија, Ненад Поповиќ. „Тоа значи дека вакцините Спутник В „мејд ин Србија“ од денеска ќе почнат да се имплементираат на вакциналните пунктови ширум Србија”, рече Поповиќ, кој е и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија. Тој истакна дека досега на Институтот Торлак е произведено скоро 1,5 милиони дози од вакцината Спутник В и дека до крајот на годинава се очекува да бидат произведени најмалку 4 милиони.…
Со НАТО во Брисел разговарано за јакнење на капацитетите на Центарот за поддршка на компаниите во МО
Во седиштето на Алијансата, делегација од Министерството за одбрана имаше средби со претставници на НАТО – агенцијата за набавки и Агенцијата за комуникации и информации на Алијансата, на кои, како што информираат, станало збор за воспоставување на уште поефикасна комуникација и координација помеѓу Центарот за поддршка на компании и овие две НАТО – агенции. Од Министерството за одбрана, информираат дека целта на Центарот за поддршка на компании во министерството е да може на сеопфатен начин да им помогне и да ги поддржи домашните компании во учеството на тендерите објавени за потребите на Алијансата и земјите – членки чија вредност достигнува околу 5 милијарди евра годишно. –…
Д-р Малинка Ристевска Јорданова, член на УО на Институтот за Европски политики Скопје и поранешна директорка, која важи за добар познавач со долгогодишно искуство во креирањето и спроведувањето на политиките поврзани со ЕУ во Македонија и во регионот, позитивно одговори на нашата покана за интервју по најновиот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава. –Она што е добро е што во демократски институции и јавна администрација, владеење на правото и темелни права Комисијата констатира напредок, иако ние самите не би требало да бидеме задоволни со неговата динамика. Она што загрижува е што во некои поглавја континуирано нема или има…
Бакингемската палата соопшти дека кралицата Елизабета Втора ноќта меѓу средата и четвртокот ја поминала во болница поради превентивни испитувања. Според советите на лекарите кралицата требало да одмори неколку дена, а таа се вратила дома во четвртокот за време на ручекот, соопшти Бакингемската палата. Портпаролот на палатата рече дека таа е во добро расположение , пренесува Ројтерс. Би-Би-Си јави дека кралицата ја прегледале специјалистите од приватната клиника Крал Едвард VII во центарот на Лондон, а причина не е корона вирусот. Кралицата Елизабета Втора отиде во болница откако ја откажа посетата на Северна Ирска. Советот од лекарите, да одмори неколку дена, кралицата…
Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата, соопшти Министерството за одбрана. Целите на способности, посочуваат, го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. Тие се дел од планирачкиот процес на Алијансата и земјите – членки и нивна основна задача е да ја зацврстат колективната одбрана на НАТО. – Овој процес овозможува земјите – членки меѓусебно да се поддржуваат и помагаат во справувањето со идните предизвици, особено…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани денеска одржаа работна средба, на која се зборуваше за можна соработка во процесот на отворање на нов Дневен центар за деца со аутизам, за кој МТСП веќе обезбеди простор во Скопје. „Поддршката од УНИЦЕФ како наш долгогодишен партнер во областа на социјалната и детската заштита би била од големо значење за реализирање на овој проект. Согласно нашите анализи воспоставувањето на Дневен центар за деца кои се соочуваат со аутистичен спектар е повеќе од потребна. Секоја помош и поддршка е добредојдена. Верувам дека заедно…
Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 – годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме. Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство ми беа гости на работа. Лично сакав да и соопштам дека денеска започна постапката за набавка на сензори за дијабет кои за прв пат во нашата земја ќе им бидат достапни бесплатно на пациентите. Во првата фаза набавуваме сензори за сите деца до 18 години, група во која спаѓа и мојата денешна гостинка, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Со следната набавка, посочува министерот,…
Британското обвинителство поднесе обвинение против 25-годишниот Али Харби Али, Британец со сомалиско потекло, кој минатиот петок за време на средба во црква во близина на Лондон уби британски пратеник. Би-Би-Си пренесува дека Али е обвинет за убиство и заговор за терористички напад. Тој претходно не им бил познат на безбедносните служби, а неговиот татко бил поранешен советник на сомалискиот премиер. Убиството на конзервативниот пратеник Дејвид Амеш британската полиција го окарактеризира за терористички чин. Амеш (69), член на Конзервативната партија на Борис Johnsонсон и жесток брекзитер, минатиот петок, попладнето, неколку пати беше прободен со нож во методистичката црква во место на…
Девет компании доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“. Понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за РЕК „Битола“ и осум понуди за РЕК „Осломеј“. Понуди се доставени од три македонски рудници, како и од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина. – Во прва фаза утврдено е дека…
Во изминатите четири години го водев Скопје одговорно, чесно и посветено. Мојата единствена мисла беше изградбата на Скопје како модерна европска престолнина. Заедно направивме многу, започнавме развојни и инфраструктурни проекти кои 27 години беа запоставувани на штета на скопјани. Зад мене и мојот професионален тим има видливи и мерливи резултати. Убеден сум дека скопјани ќе ги препознаат и нема да дозволат тие да запрат, а Скопје повторно да назадува, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прес-конференција. – Денес ќе зборувам за недозволивата и срамна црна кампања која против моето семејство и мене ја води ВМРО ДПМНЕ. Кампања на…
Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно предупредуваат дека ќе има тренд на осиромашување на граѓаните. – Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, а во таа насока ја разбираме и изјавата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63 проценти од просечната плата со што би се оствариле…