Author: Mirjana

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје – од Милано до Глазгов и понатаму.., иницијатива која е поддржана од УНИЦЕФ, а финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА). Самитот е организиран во партнерство со Амбасадата на Италија, како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН, во Милано и Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов. Чест ми е да го отворам овој Младински самит за климатски промени што го организираме во тесна соработка со…

Read More

Последното истражување на вакцината на Фајзер кај адолесцентите од 12-18 години,  покажа 93 процентна ефикасност во делот, болните од ковид-19 на оваа возраст, да не „завршат“ во болница. Дури и во периодот на летото кога имаше покачување на бројот на случаите на коронавирус низ САД, поттикнато од варијантата делта, вакцината Фајзер се покажа 93% ефикасна во држењето  на адолесцентите од 12 до 18 години надвор од болниците, се вели во анализата на неколку американски Центри за контрола и превенција од болести, објавена вчера. Извештајот може да помогне да се зголеми апликацијата на вакцината кај деца на возраст од 5 -11…

Read More

Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4. Наша заложба ќе биде субвенционирање на граѓаните во Општина Карпош со инвертери заради зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа намалување на загаденоста, односно заштита на животната средина. Еден од нашите главни приорите е одржување на високо ниво на комуналната хигиена и урбаната опрема во Општината, за што ќе ангажираме соодветен број комунални редари. Во соработка со НВО, градските јавни…

Read More

Партиите што се дел од Владејачката коалиција и дел од изборната коалиција „ Најдоброто за мојата општина“ денеска преку соопштенија ја потврдуваат соработката со СДСМ и го повикуваат членството и симпатизерите во вториот круг од локалните избори да ги поддржат кандидатите предложени од оваа коалиција. Истовремено во своите писмени објави ја гарантираат стабилноста на парламентарното мнозинство. Еве што меѓу другото во своите информации до јавноста пишуваат Демократската партија на Турците, Пцер и Сојузот на Ромите. – Шпекулациите околу стабилноста на владиното мнозинство, ние како партија која успеа да ги постигне поставените цели на локалните избори, ги толкуваме како манипулација на…

Read More

По повод некои шпекулации што кружат во јавноста по одржаниот прв круг на локалните избори во државата, кои се однесуваат на стабилноста на владината коалиција ,,Најдоброто за мојата општина,, во која партиципира и Партијата на пензионери, објавуваме: -Партијата на пензионерите, како партиципиент во владината коалиција, ,,Најдоброто за мојата општина,, во која влеговме со цел да обезбедиме подобра и предвидлива иднина за нашите најблиски и потомците, останува на зацртаните програмски определби и цели што произлегуваат од интерните одлуки на Партијата и постигнатиот договор за коалицирање со партиципиентите во владината коалиција предводена од СДСМ. Во име на постигнатите како започнатите и незавршените…

Read More

Еден од најважните воено-политички лидери на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, пензионираниот адмирал на флотата на Југословенската морнарица, Бранко Мамула, почина синоќа на 101-годишна возраст во Тиват. Мамула беше една од најистакнатите личности кои учествуваа во формирањето и развојот на таа федерација, од Втората светска војна до крвавиот распад на СФРЈ во граѓанските војни во раните 1990 -ти, пишува подгорички „Вијести“. Тој е роден на 30 мај 1921 година во Хрватска. Беше учесник во НОБ и носител на Партизанска споменица 1941 година. Во јуни 1979 година, беше назначен за началник на Генералштабот на ЈНА, каде што остана до мај 1982…

Read More

Хирурзи во Њујорк, САД, извршија успешно пресадување бубрег од генетски модифицирано прасе на човек. Како што пишува „Њујорк тајмс“, органот функционира нормално. Според директорот за трансплантологија, Роберт Монтгомери, кој ја предводел операцијата, бубрегот бил трансплантиран на маж, при мозочна смрт. Новиот орган почнал да произведува „речиси веднаш, урина и други отпадни производи“, рече докторот. Според него, генетски модифицираните свињи може да станат „постојан и обновлив извор на органи“ за луѓето. – Ова е огромен чекор напред. Исклучително големо достигнување. Но, сепак треба да научиме повеќе за времетраењето   на пресадениот орган, вели професорот вклучен во испитувањата

Read More

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев два дена по изборниот ден преку писмо се обрати до членовите на партијата, во кое потенцира дека промените не се доволни и дека борбата не е завршена. Тој дополнува дека СДСМ греши, но учи и се поправа. Писмото на претседателот на владејачката партија ви го пренесуваме во целост: „Другари и другарки, храбри социјалдемократи, поддржувачи на демократијата и на прогресот, Дозволете да ви се заблагодарам за целокупниот ваш ангажман и труд што го дадовте за овие избори, но и за сите процеси во изминатите години низ кои заедно ги направивме големите промени во македонското општество. Трудот…

Read More

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачкиот однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос посебно кон жените новинарки во државата. Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се соочила со непријатна ситуација проследена со агресивен говор и обвинувања од страна на независниот кандидат од Кичево, Фатмир Лимани кон неа лично и телевизијата ТВ 21. Колешката Садику била присутна на настанот со цел да пренесе на граѓаните информации од изборните циклус и наместо да…

Read More

Јас бев коректен кон моите противкандидати, се кандидираат првпат и логично да не ги познаваат тие работи, за разлика на пример од Петре Шилегов кој се обидуваше да ги омаловажи противкандидатите. Јас тоа не го правев, затоа што веројатно 2006-та година кога првпат се кандидирав, а изгубив не сум бил ниту јас подобар и не сум ги познавал ниту јас работите. И поради тоа имам респект кон луѓето дека недоволно ја познаваат материјата. Некои кандидати бајаги гласови земаа, а покажаа тотално непознавање. Но, она што е битно за тие 30-тина дена се учи, и општо да е“, истакна Стевче Јакимовски,…

Read More

Северна Македонија има одредено ниво на подготовка / е умерено подготвена во превенцијата и борбата против корупцијата.Постигнат е одреден напредок бидејќи земјата продолжи да го консолидира своето досие за истрага, гонење и судење на неколку случаи на корупција, вклучително и на високо ниво, и ја зајакна својата институционална рамка, особено Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и обвинителот за Организиран криминал и корупција (OCCPO). Во април 2021 година, Парламентот ја усвои Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси 2021-2025 година и поврзаниот акционен план, консолидирајќи ја заложбата на земјата да спречи корупција и да го санкционира коруптивното однесување.…

Read More

Основните вредности на ЕУ вклучуваат владеење на правото и почитување на човековите права. Ефективен (независен, квалитетен и ефикасен) судски систем и ефективна борба против корупцијата се од огромна важност, како и почитување на основните права во правото и во праксата. Земјата има одредено ниво на подготовка / е умерено подготвена, да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во оваа област, се наведува во извештајот. Генерално, постигнат е одреден напредок, вклучително и преку зајакната судска независност и решавање случаи на неказнивост на полицијата. Имплементацијата на судската стратегија продолжува, вклучително и Законот за Јавното обвинителство, обезбедувајќи одговорност за кривичните дела…

Read More