Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
50 шефови на држави и на влади и претставници на уште 55 земји на министерско ниво,над десет меѓународни организации со над 550 делегати, денеска на пленарна сесија во Белград ги одбележуваат 6-те децении од одржувањето на првата конференција на Движењето на Неврзаните. Своевремено, тогашна Југославија беше еден од основачите на оваа организација, која се формира од потребата за баланс во екот на Студената војна како противтежа на двата блока предводени од САД и тогашниот Советски Сојуз. Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека стратешка цел на Србија е членството во Европската Унија, но земјата не се откажува од традиционалните…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 10.10.2021 во 00.15 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар, по предходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Имено редот и мирот биле нарушени поради меѓусебна пресметка во која учествувале 8 лица: М.А.(24), Т.С.(32), А.П.Ч.(37), од една страна и Б.А.(25), Д.К.(54), П.А.(31), З.К.(57), Д.Р.(56), од друга, сите од Скопје. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.2 од ЗППЈРМ.
Австрискиот претседател Александер ван дер Белен ја прогласи владината криза во земјата за завршена. Денеска треба да биде назначен новиот премиер. Денеска напладне за нов канцелар на Австрија би требало да биде назначен Александер Шаленберг, досегашен министер за надворешни работи на земјата. Шеф на дипломатијата, пак, би требало да стане дипломатот Михаел Линхарт, досегашен австриски амбасадор во Франција. Според австрискиот претседател Александер ван дер Белен, владина кризата во Австрија со тоа е завршена. Сепак, не е сѐ во најдобар ред: „Зашто во последните денови уште еднаш беше многу разнишанадовербата на граѓаните во политиката“, рече Претседателот, додавајќи: „Сите кои носат политичка одговорност,…
“BBC: Со години државите од Западен Балкан напорно се обидуваат да добијат влез во ЕУ, но тоа не е едноставен процес. Земјите се ставени на тест за нивната способност да се усогласат со голем број правила и стандарди. Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, сите имаат таканаречен кандидатски статус. Но, процесот за овие четири земји е во застој во последните години и на Самитот во Словенија со лидерите од Западен Балкан минатата недела, лидерите на ЕУ уште еднаш не можеа да се согласат за да ги придвижат работите напред. Еден од најновите камења на сопнување беше спорот за јазикот меѓу…
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран јужно од островот Хаваи, соопшти американскиот геолошки институт, но нема предупредување за цунами или извештаи за можна штета. Според Институтот, земјотресот бил на длабочина од 35 километри, а неговиот епицентар бил јужно од градот Наалеху. Институтот прво соопшти за земјотрес со јачина од 6,1 степени, но подоцна го зголеми на 6,2. Земјотреси од оваа јачина може да предизвикаат сериозни штети. Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека нема предупредување за цунами.
Во Северна Македонија, во 2016 година, бројот на раѓања во споредба со бројот на починати беше поголем за 2.581. Следната година, позитивниот природен раст беше 1.436, а во 2018 година се зголеми на 1.606. Меѓутоа, во текот на 2019 година, земјата забележа негативен природен пораст, односно бројот на починати во однос на бројот на живородени деца беше поголем за 601. Во текот на минатата пандемиска година, бројот на починати во земјата во однос на бројот на новороденчињата беше повисок за 6.744. Земјите од Западен Балкан со години се соочуваат со лоша демографија, а експертите веруваат дека за тоа главно придонесуваат…
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во градот херој Прилеп, каде што од вчера и во текот на денешниот ден се реализира свечената државна програма со која се чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на…
Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 дожд за 24 часа). Во јужните делови, каде се очекуваат сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Утринската температура ќе се…
Србија почна да ги дочекува големиот број делегации по повод 60 години од Движењето на неврзаните. На аеродромот гостите беа дочекувани според српската традиција со леб и сол. Со делегациите на Непал, Гана, Ирак, Алжир, веќе било разговарано за можни бизнис зделки. Но секако најголемо внимание предизвика средбата на српскиот претседател Вучиќ и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со кого имаа заедничка прес конференција. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој допатува во Белград на Самитот на Неврзаните, на вечерашната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Русија секогаш се залага за решение за прашањето за Косово кое…
Четири години СДСМ ја предводи Владата и најголем дел од општините, тоа се четири години на успеси на локално, на централно и на меѓународно ниво, порача вечерва од Крушево, претседателот Зоран Заев. „На меѓународен план ја вративме државата на вистинскиотм пат, ги решивме отворените прашања со соседите и да го зацврстивме македонскиот идентитет, станавме 30 земја членка на НАТО, се вративме на патот на интеграција кон ЕУ. Дома, ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, го подигнавме животниот стандард на граѓаните, реализираме капитални инвестиции што го унапредуваат квалитетот на живот. На локално ниво инвестиравме во проектите што живот значат…
Премиерот Заев им додели плакета со изрази на благодарност на д-р Никола Стојановски, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната војна на Македонија 1941-1945, и на Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на Борците, на која е запишано дека „во имe нa граѓаните и во име на Владата на Република Северна Македонија, им благодариме на борците од НОВ за нивниот историски придонес во создавањето на државата, вековниот сон за многу генерации, и им се поклонуваме за историската одлука во 1941 година да бидат дел од големата светска антифашистичка коалиција и со тоа да ја стават…
Специјалното обвинителство на Косово објави вечерва дека се уапсени пет лица осмоничени за подготвување терористички напади и неовластено поседување експлозивни средства, оружје и други материјали, јавува дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на Обвинителството, операцијата на Управата за борба против тероризмот на косовската полиција уследила по неколкумесечна истрага и спроведени тајни истражни и надзорни дејствија. Обвинителството информира дека при претресот кај уапсените се откриени експлозивни материјали, огнено оружје, еден дрон и противтенковско оружје. – Постои оправдно сомневање дека лицата ги извршиле кривичните дела „Подготвување терористички дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ во врска со кривичното дело…