Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Северна Македонија, Србија и од Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува Јуроњуз Албанија. Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени. Се додава дека Албанија во оваа одлука го вклучила Косово, иако не е дел од Отворениот Балкан, врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери. Нема да се наплаќаат такси за паркирање возила, печатирање…
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи. Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари. Ј.К., по претходен телефонски…
МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица. Од МВР уште соопштуваат дека без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки. „Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да…
Направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1. Од вкупниот број на позитивни во случајот 266, регистрирани се 64 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 4.07.2022 година. Со новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг. Од вечерва по полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,50 (денари/литар) Моторен…
Европската комисија усвои договор за партнерство со Бугарија за кохезионата политика во вредност од 11 милијарди евра за периодот 2021-2027 година. Договорот ја дефинира инвестициската стратегија на земјата во областа на кохезионата политика за периодот 2021-2027. Фондовите за кохезиона политика ќе промовираат економска, социјална и територијална конвергенција во бугарските региони и ќе помогне да се исполнат главните приоритети на ЕУ, како што се еколошката и дигиталната транзиција. Овие средства, исто така, ќе ги поддржат политичките области во кои Бугарија има потенцијал да постигне напредок и да ги намали регионалните разлики во земјата, објави ЕК. Договорот за партнерство ги опфаќа Европскиот…
Од пред неполн час во Домот на пратениците почна средбата на партиските репрезенти за францускиот предлог. Во име на владата предлогот го образложува вицепремиерот Бојан Маричиќ а претставник од СДСМ е координаторот на пратеничката група Јован Митревски. Од ВМРО ДПМНЕ на средбата дојдоа партискиот потпретседател Александар Николовски и пратеникот Антонио Милошоски. Од ДУИ Арбр Адеми, Павле Трајанов како претставник на партиите ДОМ и ЛДП а од Алијанса за Албанците, пратеникот Елми Азири. Претставниците на ВМРО ДПМНЕ избегнаа да дадат изјави пред почетокот на средбата. Павле Трајанов изјави дека она што барале да го видат и протоколот, наводно Маричиќ не го…
Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ги осуди синоќешните насилства за време на протестите во Скопје против францускиот предлот, порачувајќи дека за такви сцени нема место во демократските општества. „Ги осудувам синоќешните сцени на насилство против полицијата во Скопје, која ги извршуваше своите задачи. За такви сцени нема место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност, порача Гир, преку неговиот Твитер профил.
Хелсиншкиот комитет изразува загриженост за настаните од вчерашниот протест против францускиот предлог, кој ескалираше со насилство и употреба на говор на омраза. Го осудуваме секој чин на насилство и секој говор на омраза, како и поттикнувањето и повикувањето на насилство, како крајно штетни и спротивни на вредностите на едно демократско општество. Комитетот секогаш го поддржува правото на секој граѓанин кој сака да го изрази својот став преку мирен протест, како уставно загарантирано право. Оттука, повикуваме на мирни и достоинствени јавни собири на граѓаните што протестираат. Ги повикуваме полициските службеници со должно внимание да ги обезбедуваат протестите, без пречекорување на нивните…
Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас. Потребно е да го ревитализираме процесот на проширување, порача претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претставувајќи ги заклучоците од последниот состанок на Советот на ЕУ, одржан на 23 и 24 јуни во Брисел, јави дописникот на МИА. „Ние треба да го ревитализираме процесот на проширување. Поради тоа се одржа состанокот со лидерите на земјите од регионот пред Советот на ЕУ. Дебатата беше отворена, искрена и остра со шефовите на државите и владите на овие земји, рече Мишел. Тој напомена дека отворањето на преговорите за членство со Северна…
Состојбата со недостаток на судии може да се надмине со внатрешна реорганизација на судството. Тоа нема да биде едноставно, но јас сум оптимист дека ниту еден од предметите кои ги работеле судиите што веќе се во пензија нема да остане нераспределен, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески. Бројот на судиите во нашето општество, рече дека е природно намален поради генерациска смена на судиите и за ова било сигнализирано уште на почетокот, но секогаш постои можност за надминување на состојбата со повеќе законски текстови. „Последната изјава на претседателот на Собрание беше дека седницата е прекината и останува неизвесно како ќе…
Управниот суд од своето формирање во 2007 година досега има сработено 152.730 предмети. Во моментов активни предмети на кои се работи се 5.735 а на почетокот оваа судска институција почна со работа на 5.409 предмети кои ги презеде од Врховниот суд. Оваа статистика денеска ја презентира претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини за време на промоцијата на новата зграда на Управниот суд која е ставена да функционира од денеска. „Денеска располагаме со сите предуслови за унапредување и усовршување на судското работење во управните спорови и со одлуките покрај што ја задоволуваме правдата за граѓаните придонесуваме и ќе придонесуваме да се…