Author: Mirjana

Во раните месеци на пандемијата, азиско-пацифичкиот регион беше пофален за тоа како одговори на пандемијата. Земјите го држеа коронавирусот под контрола со носење маски, тестирање и држење затворени граници. Варијантата Делта го смени тоа. Како што САД и ЕУ ги зајакнаа кампањите за вакцинација, Азија се бореше со инфекции и недостаток на вакцини. Сега, многу земји таму се на пат да ги надминат САД во целосно вакцинирање на нивното население, пишува Си-Ен-Ен. Некои веќе го направија тоа. Јужна Кореја, Јапонија и Малезија администрираа повеќе дози на 100 луѓе отколку САД, темпо што изгледаше незамисливо во пролетта. Вакцините помогнаа повеќето Јужнокорејци…

Read More

– Аирлија народе, во една рака имаме НАТО, во другата успешен попис „Народе мој, eте ова се гигантски остварени проекти, на дело! Да сме горди на себе, со право сме горди – за само три години, тоа што било невозможно со децении – денес се непрценливи вредности, во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака – успешен попис. Нека е аирлија!, кажа претседателот на СДСМ Зоран Заев од митингот во Гевгелија. Тој потсети дека денеска е денот кога се одржа референдумот за Преспанскиот договор. -Денешниот датум сведочи дека оваа држава има прогресивен народ со прогресивно раководство…

Read More

Директорката на Инфективната Клиника во Скопје Милена Стевановиќ која заедно со Емилијан Станковиќ и Ирина Бухова беше една од неколкуте кандидати кои беа предложени од општинските одбори како кандидати за градоначалници за Општина Центар, денеска со објава го опиша актуелниот кандидат за градоначалник Горан Герасимовски како чесен, вреден,  професионален и што е најзначајно исполнителен. „Горан има визија, Горан знае што треба во Центар, Горан живее со проблемите од Центар не од почетокот на оваа кампања, Горан живее со проблемите од Центар веројатно од како знае за себе. Затоа верувам дека има комплетно разбирање за секој центарец што сака, што му…

Read More

Во меѓувреме во Клиничкиот центар стигнала една цистерна кислород. Сега се бара   понатаму да се обезбедува кислород, зашто Агенцијата за лекови на БиХ ја забрани работата на фирмата која беше единствен добавувач на кислород.  Кислородот што се користи во Клиничкиот центар во Бања Лука е медицински безбеден. Резултатите од анализата покажаа дека чистината на кислородот е повисока од  законската граница од 99,5 проценти. Премиерот и министерот за здравство на конференција со резултатите за исправност на кислородот дошле со уште едно соопштение дека сите кои тврделе дека кислородот е индустриски, а не медицински сега ќе добијат кривични пријави. – Ова е…

Read More

Црвената боја на мапата значи 14-дневна стапка од 75-200 заразени на 100.000 жители, со позитивен удел од повеќе од четири проценти, и области каде што стапката на 14-дневната заразена е од 200 до 500, и темноцрвените области каде што 14-дневната стапка е повисока од 500. Европскиот центар за контрола на болестите денеска ја објави новата „мапа на коронавирусот“, според која земјите од регионот во најголем дел се во темноцрвената боја, како и балтичките земји Литванија и Естонија. Од поголемите земји, Германија е речиси целосно во црвена боја, Франција е претежно жолта, со црвени и зелени делови од земјата, а Шпанија…

Read More

Компанијата „Фејсбук“, заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект за поставување на најдолгиот подводен кабел во светот. Станува збор за проектот наречен „2Африка“, кабел што ќе биде долг 37.000 километри и кој ќе ги поврзува Африка, Европа и Азија, откако ќе добие нов дел наречен „2Африка перлс“. „Фејсбук“ минатиот месец соопшти дека конзорциумот ќе го продолжи кабелот до Сејшелите, Коморите, Ангола и југоисточна Нигерија. Новиот сегмент би резултирал со вкупна должина од повеќе од 45.000 километри. Како што сугерира името, целта на иницијативата „2Африка“ е да им овозможи на луѓето што живеат во Африка да се поврзат со интернет, која…

Read More

Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа, SEE a Paris (www.seeaparis.com), што во Париз, се одджува од 2011 година, под покровителство на Министерство за култура на Франција, во Берлин од 2015 година на Универзитетот Хумболт, а од 2020 година, и во САД, во соработка со Американскиот Универзитет во Вашингтон, од оваа година преку победниците во трите светски центри, а под наслов „Балканофилмофилија“ ќе биде прикажан пред публиките на повеќе балкански центри, почнувајќи од Скопје на 1, 2, и 3 октомври во Кинотеката. Како што информираат организаторите на филмскиот фестивал, за фестивалот пишувале водечки европски весници (Монд, Гардијан, Франкфуртер алгемајне цајтунг, Стандард и…

Read More

Агенцијата на ЕУ за спроведување на законот, Европол не го исполни својот потенцијал за отстранување мрежи за шверцување мигранти, бидејќи ги нема сите потребни информации, заклучија денеска официјалните ревизори. – Како центар за размена на информации, Европол треба да има пристап и систематски да ги користи сите релевантни извори на податоци, но тоа во моментов не е така, рече членката на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА), Бетина Јакобсен, во писмена изјава. Европол, со седиште во Хаг со персонал од повеќе од 1.000 луѓе, им помага на 27 земји-членки на ЕУ да се координираат едни со други додека се обидуваат да ги растурат мрежите што…

Read More

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово во Брисел. Преку објава на Фејсбук, министерката за Европа и надворешни работи , Олта Џачка напиша дека Албанија го поздравува постигнатиот договор во Брисел меѓу Косово и Србија и смета дека продолжувањето на дијалогот е во интерес на соработката. „Албанија го поздравува договорот постигнат денеска во Брисел меѓу Косово и Србија. Продолжувањето на дијалогот е единствениот начин да се оди напред во духот на соработката, на која Албанија е неповратно посветена, во нејзините билатерални и мултилатерални напори“, пишува Џачка. Договорот го поздрави и лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, оценувајќи дека…

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека, со денешниот договор со српската страна за решавање на последниот спор по воведувањето на времените таблички за возилата кои влегуваат од Србија, Косово воспостави реципроцитет во однос на тој проблем, а со истото, како што порача, соседната држава ќе се соочува и во иднина, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на својот Фејсбук напиша дека условите кои ги поставил српскиот претседател Александар Вучиќ за решавање на кризата по одлуката на Владата во Приштина за воведување времени регистерски таблички за возилата, се одбиени, по што Белград, како што вели, „ќе се навикнува на реципроцитет“. –…

Read More

Официјални претставници на Геолошкиот институт на САД уште вчера  потврдија дека започнала ерупција во кратерот Халемаумау на вулканот Килауеа која се манифестираше на врвот на вулканот. Снимките од веб – камерата на кратерот покажаа фонтани со лава што го покрива дното на кратерот и облаци од вулкански гас кои се креваат во воздухот. Областа околу кратерот како наеднаш да стана големо езеро исполнето со лава како неколку пати во минатото.   Ерупцијата не е во населена област и еруптивната активнсот се случува во  Националниот парк на вулканите на  Хаваи. „Сите знаци покажуваат дека лавата ќе остане во кратерот“, рече Кен…

Read More

Легендарниот инвестициски ветеран, Џереми Грантам го вклучи алармот поради „надуениот балон“ кога е во прашање американскиот пазар на акции, жалејќи се на бумот што го предизвика ценовниот скок на акциите на берзите. Тој во интервју за телевизискиот канал CNBC , се осврна и на американските прекуокеански акции и тргувањето на светските берзи. Коосновачот на ГМО и главен стратег за инвестиции, го критикуваше исто така глобалниот тренд на вештачки подигнати цени во делот на домувањето.  Ја пофали американската индустрија што го ризикува капиталот и ја нагласи итната потреба за справување со климатската криза. Еве ги 12 -те најдобри цитати на Грантам…

Read More