Author: Mirjana

Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји. За Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура. Гасификацијата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и за компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на панел дискусијата „Улогата на природниот гас во енергетската транзиција“ во рамки на Бизнис форумот кој се одржа денеска во Варшава како…

Read More

До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Read More

Детектирање и намалување на сивата економија во државата преку прецизно мапирање на секторите во кои е најмногу застапена и утврдување на главните мотиви за нејзино постоење е целта на проектот „Подршка на реформите со менаџирањето на јавните финансии“, што денеска го промовираа Министерството за финансии и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Главните активности ќе бидат фокусирани на креирање нови и ефикасни алатки за борба против неформалната економија. Во рамки на овој проект, домашни и странски експерти веќе работат на студија за дефинирање на причините и индикаторите за намалување на сивата економија. „Преземањето чекори за намалување на неформалната економија само по себе не…

Read More

Триесет годишниот српски државјанин Фахрудин К. од околината на Пријепоље кој е уапсен доцна синоќа во Германија поради сомнеж дека држел заложници во автобусот на „Ласта“, сослушан е во текот на ноќта а денеска ќе биде изведен преде судија. Фахрудин е уапсен по четиричаовната блокада на автопатот меѓу Хилполштајн и Грединг, бидејќи според непотврдени информации како заложници зел тројца возачи, пишува порталот Блиц. Претходно во автобусот кој патувал кон Србија, дошло до тепачка во која полесно се повредени маж и жена. Медиумите наведуваат дека поради караницата и тепачката автобусот застанал на лентата за застанување на автопатот , по што стигнала…

Read More

На административните премини меѓу Србија и Косово Јариње, Брњак и Мердаре ситуацијата и натаму е без промени но е напната. Специјалните единици Роса и натаму се на северот на покраината, јавуваат српските медиуми. Србите од Лепосавиќ и Зубин поток и натаму мирно протестираат, ги испратиле сите смени на полициските сили распоредени на северот, во непосреден контакт се но немало инциденти и провокации како порано, јавуваат известувачите од теренот. https://twitter.com/TanjugNews/status/1440214313210236942?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1440214313210236942%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2Fd181d180d0b1d0b8d182d0b5-d0bfd0bed0b1d180d0bed198d0bdd0b8-d0bdd0b0-d0bfd180d0bed182d0b5d181d182d0b8d182d0b5-d0b8d0bc-d0bdd0bed181d0b0%2F Србите се надеваат на компромис меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, истакнуваат дека сакаат мир, не сакаат насилство но ниту скратена слобода за движење. Истовремено, Приштина порачува дека одлуката…

Read More

Епицентарот бил во Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, главниот град на државата Викторија и бил на длабочина од 10 километри. Земјотрес со јачина од шест степени по Рихтеровата скала, е еден од најсилните кој е забележен во Австралија а кој го погодил југоистокот на земјата. Во Мелбурн се оштетени згради, а потресот се почувствувал и во соседните сојузни држави како Јужна Австралија и Нов Јужен Велс, пренесува РТС. Епицентарот бил во Менсфилд, околу 200 километри североисточно од Мелбурн, главниот град на државата Викторија и бил на длабочина од 10 километри. Забележани се  и два дополнителни  потреси со магнитуда …

Read More

Американскиот глумец Вилијам – Вили Гарсон, познат по улогите во телевизиските серии „Сексот и градот“ (1998-2004) и „Пријатели“ (1994-2004), почина на 57-годишна возраст. Ова го објави неговиот син Нејтан Гарсон на Инстаграм. „Почивај во мир, тато. Мило ми е што сподели толку патешествија со мене и успеа да постигнеш толку многу“, напиша тој. Глумецот боледуваше од рак на панкреасот. Tој инаку, имаше улоги и во „Класични злосторства“ и „Да се ​​биде Џон Малкович“ и во околу 170 разни други филмски и ТВ-проекти

Read More

Традиционално, секоја година централните прослави по повод Денот на независноста на Бугарија се одржуваат во Велико Трново. Како што јави дописникот на МИА од Софија, настаните ќе почнат претпладне, кога претседателот на Бугарија, Румен Радев, ќе присуствува на воениот ритуал на кревање на државното знаме на тврдината „Царевец“, по што ќе одржи говор и потоа ќе учествува во поворка до споменикот „Мајка Бугарија“ во центарот на Велико Трново, каде што ќе положи цвеќе. Привремениот премиер Стефан Јанев попладнево ќе пристигне во старата бугарска престолнина Трново и ќе присуствува на аудио-визуелниот спектакл „Царевград-Тарнов-звук и светлина“ на плоштадот Цар Асен I во…

Read More

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Унгарската фудбалска федерација за несоодветно однесување на навивачите на домашниот натпревар од квалификациите за СП 2022 против Англија, објави „Скај спортс“. Дисциплинската комисија на ФИФА утврди дека унгарските навивачи извршиле расистички навреди кон играчите на гостите, како и дека фрлале тврди предмети на теренот, користеле пиротехнички средства и ги блокирале скалите. Како санкција, унгарската репрезентација ќе треба да ги одигра следните два домашни натпревари (еден – условно) со празни трибини. Исто така, локалната фудбалска федерација беше казнета со речиси 200 илјади швајцарски франци. Натпреварот од квалификацискиот турнир за СП 2022 Унгарија – Англија (0:4)…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден на состанокот во Белата куќа се согласија дека пристапот на двете земји кон Русија и Кина ќе продолжи да се базира на заедничките интереси на Лондон и Вашингтон, соопшти Даунинг стрит. – Премиерот и претседателот разговараа и за голем број меѓународни прашања, вклучувајќи ги Кина и Русија. Тие се согласија дека Велика Британија и САД ќе продолжат да им пристапуваат на овие прашања врз основа на нашите заеднички вредности. Земјите, исто така, разговараа за дејствијата на сојузниците во Авганистан и заклучија дека најдобриот начин да се почитува споменот на загинатите во Авганистан ќе биде да се искористат сите дипломатски можности за да се спречи хуманитарна…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден. Самитот се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк. Пендаровски синоќа во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли. Шефот на државата на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД. – Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Северна…

Read More

Институтот за јавно здравје во периодот од 13 до 19 септември регистрира помалку новозаразени со Ковид-19. Во државава досега се вакцинирани вкупно 774.422 граѓани. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433. Во периодот од 13 до 19 септември годинава тестирани се вкупно 28.972 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,2 проценти во однос на минатата недела, се вели во неделниот извештај на Институтот…

Read More