Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНДП ќе го помага намалувањето на сивата економија-промовиран проектот „Подршка на реформите со менаџирање на јавните финансии“

0
By Mirjana on September 22, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 22, 2021 12:57

Детектирање и намалување на сивата економија во државата преку прецизно мапирање на секторите во кои е најмногу застапена и утврдување на главните мотиви за нејзино постоење е целта на проектот „Подршка на реформите со менаџирањето на јавните финансии“, што денеска го промовираа Министерството за финансии и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Главните активности ќе бидат фокусирани на креирање нови и ефикасни алатки за борба против неформалната економија. Во рамки на овој проект, домашни и странски експерти веќе работат на студија за дефинирање на причините и индикаторите за намалување на сивата економија.

„Преземањето чекори за намалување на неформалната економија само по себе не е доволно, доколку немаме начин за прецизно мерење на ефектите од ваквите чекори. Поради тоа, клучен аспект во рамки на студијата е развивањето на индикатори за мерење на големината и застапеноста на неформалната економија во земјава. Преку индикаторите за мерење на нивото на неформалната економија ќе може да се направи и евалуација на преземените чекори за справување со неа, што ќе овозможи понатамошно продолжување со мерките кои дале резултат, како и модификување на оние кои не го постигнале очекуваното“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Проектот ќе се фокусира на практични акции и механизми во четири приоритетни области, и тоа подобрување на процесот на мерење, следење и откривање на неформалната економија, поефективни инспекциски услуги, подобрено деловно опкружување за раст и развој на компаниите и подигнување на јавната свест.

„Повеќето граѓани не се свесни дека „невидливата рака“ на сивата економија има директно негативно влијание врз квалитетот на нивниот живот. Токму затоа, ние во УНДП сме решително посветени да ги поддржиме напорите на Владата за трансформирање на националниот систем за управување со јавните финансии и за создавање поволно деловно опкружување што ќе придонесе за намалување на неформалната економија во државата“, изјави Сања Бојаниќ, заменичка на постојаната претставничка на УНДП.

Проектот „Подршка на реформите со менаџирањето на јавните финансии“ е финансиски и експертски поддржан од Министерството за финансии на Република Словачка и од Словачката агенција за развојна соработка.

„Програмата се базира на искуството на Словачка во реформата на јавните финансии и особено постојаното воведување нови и ефективни алатки. Како дел од програмата, ние обезбедуваме техничка помош, базирана пред сè на словачкото искуство, но секако и на искуството на други земји, особено во областите каде Словачка нема доволно експертиза“, рече Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка во земјава.

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, потенцира дека сузбивањето на неформалната економија бара сериозен и темелен пристап, како и креирање мерки и политики со коишто ќе се искорени оваа појава.

„Владиниот План за борба против корупција содржи мерки коишто не само што помагаат во постојната борба со корупцијата, туку и значително придонесуваат за зајакнување на бизнис секторот и бизнис релациите во истиот и создаваат услови за непречено функционирање на компаниите според пазарните принципи. Она што е најнова мерка и на којашто работиме во моментов  е Законот за потекло на имот, нешто што за прв пат се носи во нашата држава, а е важно за отворање на патот за одземање на нелегално стекнат имот и има импликации врз наплатата на даноците кои се влеваат во централниот буџет. Доколку целокупниот имот е законски стекнат и е пријавен во надлежните институции, сопствениците ќе ги подмируваат и давачките кон државата, што следствено ќе влијае врз намалување на даночната евазија “, потенцира Николовски.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информираше дека заедно со Агенцијата за вработување работат на активација на пазарот на труд. Преку индивидуалниот план за секое вработливо лице, кој го подготвуваат Центрите за социјална работа заедно со АВРСМ и преку преквалифакцијата и доквалификацијата што се нуди, се создаваат  услови секое вработливо лице, со поддршка на институциите, да добие соодветно работно место кое ќе значи егзистенција и сигурност.

„Наша задача преку Стратегијата за формализацијата на неформалната работа за периодот 2018-2022 и преку ИПА проектот – „Унапредување на условите за работа“ е да го поттикнеме создавањето на формални работни места, да ја намалиме непријавената работа, но и да стимулираме поголема економска активност на жените на пазарот на трудот. Државниот завод за статистика бележи континуиран пад на стапката на неформално вработување, од 24,3% во 2011 година, па сè до 13,6% во 2020 година“, истакна Шахпаска.

Со цел што посеопфатен и инклузивен пристап при подготовката на студијата за неформалната економија, во процесот ќе бидат консултирани надлежните државни институции, агенции и инспекторати, стопанските комори, синдикатите и невладиниот сектор. Дополнително, при носењето на политиките и активностите, посебно внимание ќе се посвети на ранливите групи во општеството за кои неформалната економија често претставува единствен извор на приходи.

 

намалување сива економија УНДП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.