Author: Mirjana

По информацијата дека Соединетите Американски Држави во соработка со една земја од Европскта Унија, во случајот Естонија, ќе го помогнат македонскиот пристап кон Европската Унија, односно во делот на реформите со цел земјата поподготвена да влезе во процесот, на нашите прашања до Американската амбасада за самиот проект, за неговите цели и зошто за земја партнер е избрана точно Естонија, од амбасадата ни го испратија следниот одговор: Амбасадата на САД, заедно со Естонскиот центар за меѓународен развој (ЕСТДЕВ) и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) при Владата на Северна Македонија, лансираа „тројно партнерство“  за да обезбедат техничка поддршка и помош од Естонија…

Read More

Премиерот Зоран Заев ја отвори заедничката седница на владите на Република Северна Македонија и на Република Косово со уште едно добредојде до премиерот Албин Курти кој денеска ја предводи владата од Приштина во работната посета на Скопје. Првата заедничка седница на двете влади на Република Северна Македонија и на Република Косово, истакна премиерот Заев е уште една потврда на одличните пријателски односи, за тесната соработка, за постојаното надградување на заемните интереси и за споделувањето на заеднички определби за Западен Балкан како регион на траен мир и целосно интегриран во ЕУ и НАТО. „Убеден сум дека од седницата ќе произлезат повеќе проекти…

Read More

Некои имаат завидни стапки на вакцинација, други одлучија дека трошоците за продолжување на економските и социјалните ограничувања, ги надминуваат придобивките од таквите ограничувања. Еве 4 нации што треба внимателно да внимаваат како се одвиваат нивните нови стратегии, пишува Си Ен Ен Данска: Земјата што прогласи мерки на претпазливост Данската влада ги укина сите преостанати ограничувања за коронавирус во земјата на 10 септември, велејќи дека Ковид-19 повеќе не е „болест што е критична закана за општеството“. Данците сега можат да влегуваат во ноќни клубови и ресторани без да покажат „пасош за Ковид“, да користат јавен превоз без да носат покривка за…

Read More

Новата техничка влада на Бугарија која денеска е претставена од страна на претседателот Румен Радев, не носи поголеми изненадувања, зашто на клучните позиции остануваат персоналните решенија од претходната техничка влада. Преоден премиер останува Стефан Јанев. Остануваат и министрите за надворешни работи Светлан Стоев, министрите за внатрешни работи Бојко Рашков, министрите за одбрана Георги Панајотов, кои ги задржуваат своите места. Промени има на три позиции. Од досегашната преодна влада си одат двајцата министри кои уживаа поприлична  популарност  а тоа се министрите за економија и за финансии – Кирил Петков и Асен Василев. Дел од јавните информации не ја исклучуваат можноста оваа…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија. -Дозволете ми во мое лично име и во име на сите граѓани на Република Северна Македонија да Ви посакам одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур ‒ празникот на помирувањето, покајанието пред Бога и простувањето, да го минете во духовен мир, молитва и надеж. Овие денови посветени на пост и негување на традицијата се неопходни за одржување на чувството на душевен мир, особено денес кога…

Read More

МВР информира дека со соработка на нашите и германските служби за борба против дрога, во Германија запленета марихуана вредна над 100.000 евра. -Во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември 2021 година, по интензивна меѓународна соработка помеѓу нашиот Оддел за организиран и сериозен криминал и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога, при што е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност од преку 100.000 евра, соопштуваат од МВР. Од страна на надлежните германски служби за борба против дрога засега лишено…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се обрати на дијалогот за јавни политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година со Акциски план-до каде сме и што понатаму“ во организација на Институтот за европска политика, каде кажа дека е задоволен од резултатите и темпото на спроведување на реформите во правосудството. Дополнително, најави нови мерки со цел зацврстување на правната држава. -Практиките во судството се менуваат благодарение на чекорите кои ги преземаме. Граѓаните веќе ја забележуваат проактивната улога на Судскиот совет. До денес имаме 16 разрешени судии, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Ова е факт…

Read More

Знаеш дека не е завршено летото, ако не се случи „Битола Отворен Град“. Одложен, заради немилиот настан во Тетово, а реализиран низ еден долг концерт, како што впрочем заслужува јубилејното 20 издание на фестивалот кој обединува, креира и инспирира активно младинско учество и преку музика и уметност поместува граници. Пред публика која броеше 600 пополнети места, во амфитеатарот на Хераклеја и во обем соодветен на протоколите за организирање на вакви настани. Младинскиот културен центар од Битола, кој е основач на овој фестивал, со повеќе придружни настани кои се случија, а и ќе следат останува на мисијата да создава проекти кои…

Read More

Само преку одговорно менаџирање со енергетските капацитети, сложените состојби на пазарот може да се амортизираат – порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски кој заседаваше со 49 Одбор на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина, истакна. „Кога е во прашање енергетскиот сектор здравствената криза покажа дека компаниите чии услуги се насочени кон домаќинствата изградија практична општествено одговорна комуникација со своите потрошувачи и заеднички со нас регулаторите ги премостувавме кризните месеци кога пандемијата имаше пикови. За разлика од нив, дел од снабдувачите кои своите услуги ги даваат на компаниите покажаа поведение кое отвори дебата за регионално…

Read More

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) им препорача на сите граѓани, кои на  било кој начин биле вклучени во одбраната на БиХ во периодот од 1992 до крајот на 1995 година, да не патуваат во Република Србија. Оваа препорака , се наведува во соопштението, важи до ново, следно известување. „Предупредувањето е издадено поради ризик од апсење и гонење во Република Србија под обвинение за воени злосторства a врз основа на претходни случаи на апсење на државјани на БиХ против кои не се водат постапки во БиХ, ниту пак се обвинети за воени злосторства од судските институции на…

Read More

Претседателот на Владата Зоран Ззаев денеска ќе има обраќање во рамки на увидот во завршната фаза на пречистителната станица во Штип, што е дел од ХС „Злетовица“. На настанот ќе учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи , министерот за транспорт и врски Благој Бочварски , министерот за земјоделство Аријанит Хоџа , амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија Милан Предан како и Јапонскиот амбасадор Хиронори Савада. Дел од настанот ќе бидат градоначалниците на Штип и на Пробиштип, Сашко Николов и Драган Анастасов.

Read More

Шефот на американската Одбранбена разузнавачка агенција Скот Бериер изјави денеска дека Ал Каеда повторно може да им се закани на САД од Авганистан за една до две години. На состанокот за разузнавање и национална безбедност, Бериер го повтори предупредувањето издадено од разузнавачките служби пред повлекувањето на американските сили од Авганистан. Заменик-директорот на Централната разузнавачка агенција Дејвид Коен рече дека САД веќе откриле „некои од индикациите за потенцијален трансфер на Ал Каеда во Авганистан“. Експертите веќе долго време велат дека талибанците продолжуваат да одржуваат врски со Ал Каеда, која имаше прибежиште во Авганистан пред нападите на 11 септември 2001 година. Експертите…

Read More