Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека во наредните денови ќе разговара телефонски со неговиот руски колега Сергеј Лавров и ќе изврши притисок за договор за понудата на Вашингтон да обезбеди ослободување на американските граѓани приведени во Москва. Говорејќи на прес-конференција во Стејт департментот, Блинкен рече дека САД и дале „значајна понуда“ на Москва да ја вратат кошаркарската ѕвезда Бритни Гринер и поранешниот американски маринец Пол Вилан.
Претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски , одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Бојан Стојановски -Зошто власта и СДСМ бега од референдум, се обрати кон пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и им порача дека требало да се срамат за она што го правеа на пленарната седницата на која се гласаше за заклучоците за преговарачката рамка на Европската Унија. „ Јас немам проблем да вриштите, да тропате, да довикувате, да палите, да свирите на вувузели, формално образование човек може и да заврши но на човек со празнина од домашно воспитување не може да му помогнат никакви институции. Најлошо е кога…
Актерот Бернард Крибинс почина на 94-годишна возраст, потврди неговото семејство. Една од неговите најзначајни улоги беше во серијата Doctor Who. За време на кариерата долга седум децении, Крибинс беше наратор на детската програма „The Wombles“ од 1970-тите. Тој исто така го глумеше помошникот на доктор Ху, Том Кембел во „Далековата инвазија на Земјата 2150“ од 1966 година каде се врати по 41 година во истоимената серија. Тој го играше Вилфред Мот, дедото на Кетрин Тејт во Доктор Ху од 2007 до 2010 година. Во изјавата на неговиот агент се вели дека кариерата на Крибинс е „толку разновидна работа“, вклучувајќи ја…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го мобилизира својот нуклеарен арсенал и да се спротивстави на Америка, а во исто време го критикуваше новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јул, предупредувајќи дека Сеул ја доведува ситуацијата на работ на војна. Ким ги даде забелешките за време на говорот по повод 69-годишнината од примирјето во Корејската војна, која ги остави Северот и Југот технички сè уште во војна, јави севернокорејската новинска агенција KCNA. Нашите вооружени сили детално се подготвија да одговорат на секоја криза, а нашата нуклеарна одбрана е подготвена брзо да се мобилизира со полна…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје, слично време. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во петок ќе настапи преодно…
Сметаме дека во моментов бранот е во надолен тренд и веруваме дека ова ќе продолжи околу еден месец. Не покажува карактеристики дека во текот на летото ќе биде потребна промена на моделот што го следиме, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, уште еднаш потенцирајќи дека не се разгледува можноста за воведување ковид мерки во текот на летото, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека конкретниот бран има целосно различни карактеристики од претходните и поради имунизацијата на населението, но и поради мутациите кои се поразлични и не носат тешки хоспитализации, додавајќи…
Во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Над 26 илјади семејства или 4.9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам…
Последните 24 часа, направени се 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на КОВИД-19: Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево -…
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска потпиша Рамковна спогодба за превод на европското законодавство на македонски јазик со седум економски оператори. „Едно од клучните обележја на Европската Унија отсекогаш била нејзината повеќејазичност и ние, со денешното потпишување на оваа Рамковна спогодба, со здружени сили ја докажуваме нашата заложба да придонесеме кон успешно објавување на правото на ЕУ на македонски јазик во Службениот весник на Европската Унија, истакна Маричиќ во обраќањето по повод потпишувањето на рамковната спогодба за превод. Како што соопшти СЕП, тој нагласи дека процесот на преведување на европското право на македонски јазик се одвива без прекин, бидејќи и по…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 25.07.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 94,00 ден/лит. Од 28.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар) Моторен…
Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција. Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска дадоа телевизиско интервју во Киев за контроверзниот британски новинар и водител Пирс Морган. Дел од интервјуто ќе се емитува вечерва, а во него и двајцата велат дека војната во Украина ги зближила уште повеќе. Во еден момент, Морган ја прашува двојката: „Вакви ситуации можат да направат или да го нарушат бракот. Дали сега вашиот брак е посилен поради она низ што си поминал?” Олена одговара: „Се согласувам со теоријата дека бракот станува посилен со предизвици. Мислам дека истото се случи и во нашиот случај“. Првата дама потоа му се обраќа на…