Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Повлекувањето на американските војници од Авганистан, за едни значеше спас, за други пат кон пеколот. Патувањето кон ветената земја, беше прекинувано од талибанците на една од патеките кои водеа до аеродромот во Кабул. Приказната што ја објави Си-Ен-Ен, сепак е со среќен епилог Абдул Рашид Ширзад беше тивок и нервозен при возењето со такси со своето семејство до аеродромот во Кабул, последната енклава под контрола на Американците во главниот град на Авганистан. Ова беше негов трет обид да замине со семејството во САД. „Се надеваме дека ќе успееме и ќе преживееме“, рече Ширзад (34), поранешен преведувач на специјалните сили на…
Последните американски воени авиони го напуштија Авганистан, објави генералот Френк Мекензи, командант на Централната команда на САД во Пентагон. Заминувањето на САД го означува крајот на макотрпниот, хаотичен и крвав излез од најдолгата војна во Соединетите држави. „Тука сум за да објавам завршување на нашето повлекување од Авганистан и крај на воената мисија за евакуација на американски државјани, државјани на трети земји и ранливи Авганистанци“, им рече Мекензи на новинарите. „Последниот Ц-17 полета од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи на 30 август, а последниот авион со екипаж сега го расчистува воздушниот простор над Авганистан“. „Има многу скршени срца поврзано со ова…
Во делот на билатералната соработка, фокусот се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, кое уследи по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности согласно договорот, како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција. Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас денеска е во официјална посета на Република Северна Македонија. Првенствено тој ќе биде примен од министерот за надворешни работи Бујар Османи, а ќе оствари средби и со претставници на македонскиот државен врв. Посетата на грчкиот министер за надворешни…
Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денеска 31 август, информираат од ПИОМ. За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи. За пензиите со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши денеска (31.08.2021), за пензии во висина од 11 001-14000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда). Пензиите во висина од 14 001-18 000 ден ќе бидат исплатени на 2.09.2021г. (четврток)…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека минимално. Минимално е задржувањето и на граничниот премин Богородица но за излез од земјава. Слично време на чекање е и на граничниот премин Дојран при излез од земјава, информираат од АМСМ.
Времето денеска сончево и ветровито.Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 31 степен. До петок ќе се задржи стабилно време, освен во среда околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Во среда и четврток особено вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата
Република Северна Македонија заедно со САД и со Црна Гора, Косово, Либан и Израел,осамнаа во извештај објавен на Си Ен Ен во кој се информира за одлуката на Европската Унија овие земји да ги симне од листата безбедни земји за патување. Со оваа мерка ЕУ им препорача на Американците да ги забранат несуштинските патувања во своите земји-членки по порастот на случаите на „Ковид-19“ во Соединетите држави. На земјите во блокот од 27 нации, во кои спаѓаат Франција, Италија и Германија, им е советувано да ги вратат ограничувањата поврзани со коронавирусот и да го запрат доаѓањето на туристи од САД и…
Организацијата за спроведување на граѓанските права на Одделот за образование денеска објави дека започнала истраги во пет држави за да се утврди дали политиките на национално ниво што ги забрануваат маските се дискриминаторски за учениците со попреченост. Канцеларијата за граѓански права на Одделот испрати писма до главните службеници на државните училишта во пет држави – Ајова, Оклахома, Јужна Каролина, Тенеси и Јута – известувајќи ги за новите истраги дали овие државни ограничувања за маски ги спречуваат учениците со попреченост „безбедно“ да се вратат на личното образование, што значи кршење на Федералниот закон “. Истрагите сеуште не се отворени во Флорида,…
Талибанците се сметаат за една од најбогатите бунтовнички групи во светот, а по две децении борба против американските и сојузничките сили, Авганистан сега е во нивни раце. Би Би Си пишува за тоа како се финансираат Талибанците. Талибанците управуваа со Авганистан од 1996 до крајот на 2001 година, кога беа соборени од американските сили. И покрај 20-годишниот конфликт кој следеше и смртта на десетици илјади талибански борци, просторот што тие го контролираат и нивната воена моќ се зголемија во последниве години. До средината на 2021 година, тие имаа 70.000 до 100.000 борци, а пред десет години биле само 30.000. Одржувањето…
САД, Израел, Косово, Либан, Црна Гора и Северна Македонија се земјите кои кои денеска се согласија членките на ЕУ да ги отстранат од ковид-листата на безбедни земји, што значи дека патниците од САД и пет други држави ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови на коронавирус и карантин. Овие земји се отстранети од Ковид-19 листата на безбедни земји, поради зголемениот број на заразени случаи со Ковид-19. Целта е да се усогласат правилата за патување во ЕУ, иако не се обврзуваат членките кои слободно ја спроведуваат својата гранична политика, да мора да подлежат на оваа препорака. Некои земји,…
Министерството за надворешни работи на Узбекистан соопшти дека границата со Авганистан е целосно затворена и дека не е можно да се премине контролниот пункт Термез. „За да се обезбеди безбедност, узбекистанско-авганистанската граница во моментов е целосно затворена и нема копнен премин преку контролниот пункт Термез“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека не се планира отворање на пунковите во блиска иднина. Министерството за надворешни работи потсетува дека во текот на изминатите 12 дена, Узбекистан им помогна на голем број земји во извршувањето хуманитарни операции за евакуација на нивните луѓе од Авганистан, кои пристигнаа и го напуштија…
Актуелниот заменик – амбасадор на Соединетите Американски Држави во Србија, Габриел Ескобар ќе го замени Метју Палмер на функцијата претставник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, која ќе ја преземе на 7 септември. Дипломатот од кариера Ескобар потврди дека ќе ја преземе новата должност од 7 септември. – Назначувањето е официјално, и јас ќе ја преземам функцијата на 7 септември, рече Ескобар. На својата нова позиција, Ескобар ќе биде задолжен за решавање бројни прашања на Западен Балкан, како и за дијалогот меѓу Србија и Косово. Тој важи за одличен познавач на Балканот, а велат дека е непристрасен дипломат. Две…