Author: Mirjana

– Епидемијата е под контрола, имаме рекордно високо ниво на вакцинација, изјави данскиот министер за здравство Магнус Хеунике, информирајќи дека од десетти септември ќе ги укине сите мерки за забрана за ширење и превенција од корона вирусот. Данска има едно од највисоките нивоа на имунизација против Ковид-19 во светот, со четири од пет Данци над 12-годишна возраст целосно вакцинирани. Затоа, Владата повеќе не го класифицира Ковид-19 како „болест критична за општеството“. – Владата вети дека нема да ги поддржи овие мерки подолго отколку што е потребно и ние сме сега во таа ситуација. Но, дури и ако моментно изгледа се…

Read More

Мојата визија е Македонски Брод да биде пристојно место за живеење каде сите жители ќе имаат еднакви можности за развој без разлика на социјалниот статус или политичката припадност. Општинска администрација ќе биде во служба на граѓаните, а Македонски Брод ќе го развиваме подеднакво на целата територија и ќе посветиме внимание на секое населено место. Конечно градскиот кеј, за кој сонуваа многу генерации ќе стане реалност, а колекторските системи во Македонски Брод и Самоков ќе се стават целосно во функција, вели кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за  Македонски Брод, Жарко Ристески. За децата со посебни потреби во с. Долни…

Read More

Додека се пребројуваат жртвите од вчерашниот троен самоубиствен бомбашки напад на аеродромот во Кабул, Американски високи воени претставници стравуваат од нови напади на ИСИС, кои според нив би се случиле или со ракети или со возила полни со експлозив. Си Ен Ен утрово објави дека во вчерашните напади во Кабул загинале над 95 луѓе а најмалку 150  се ранети. Меѓу убиените 13 биле маринци а меѓу ранетите 18 војници. Претходно неименуван Талибански претставник соопшти дека во експлозиите загинале 28 Талибанци, но подоцна оваа вест беше демантирана од портпаролот на Талибанците. Како што веќе е објавено, одговорноста за вчерашните напади на…

Read More

Со традиционално палење на поетскиот оган синоќа, на летната тераса на хотелот „Дрим“ свечено се отвори манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор. Вечерта ја отвори поетот и писател и некогашен директор на СВП, Јован Стрезовски, кој имаше наративно излагање, ставајќи акцент на историјата на фестивалот, на неговото создавање, тек и растеж. – Со доделувањето на меѓународната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, и со издавањето на посебна книга со поезијата на добитниците двојазично: на оригиналниот јазик и во…

Read More

Скопскиот Џез Фестивал кој годинава го одржува 40-тото јубилејно издание ја објави програмата за четирите фестивалски вечери. Организаторот, најавува многу наскоро информација и за влезниците. А, еве што ќе понуди фестивалот: 20 Октомври Mats Gustafsson solo Roberto Fonseca TRIO LINDA MAY HAN OH QUARTET 21 Октомври TANIA GIANNOULI TRIO JAKOB BRO QUARTET feat.Mark Turner, Jorge Rossy & Thomas Morgan 22 Октомври JORDAN KOSTOV ENSEMBLE L.U.M.E. MOOR MOTHER with Dudu Koyate & Mats Gustafsson 23 Октомври SHAKE STEW NU MUSIC 4 feat. Christer Bothen, Okay Temiz, Mats Gustafsson, Goran Kajfes 24 Октомври New album releases launch party: Yordan Kostov Ensemble/Svetlost+ Odron…

Read More

Со објава на својата фан страна на заедничка фотографија со Петар Георгиевски-Камиказа актер, музичар и басист на групата „Меморија“ , претседателот на Левица Димитар Апасиев најавувајќи дека и официјално со него влегуваат во трка за Скопје, напиша: Конечно се разбравме, ОДИМЕ! Црвено Скопје црвени знамиња.

Read More

И додека повеќето актуелни и поранешни функционери останаа само на декларативни заложби за потреба од носење на законска регулатива за конфискација на нелегално стекнат имот изминатите 30 години, според последните најави од Владата ова законско решение веќе е во финална фаза на конципирање и на почетокот на септември влегува во процес на јавна дебата.Точно на оваа тема вечерва, меѓу другото, за тв 21 говореше Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски, кој вели: – Мило ми е што ние сме нова генерација на политичари без никави дамки и дилеми и сме дел од новото законско решение.За прват по…

Read More

Експлозија одекна пред аеродромот во Кабул, каде илјадници луѓе се собраа во обид  да побегнат од Талибанската власт  во Авганистан. Официјалните лица сеуште не дадоа број за жртви, но сведоци за странските агенции изјавиле дека се чини оти неколку луѓе се убиени или ранети. Некои агенции кои лиферуваат фотографии од местото на настанот, јавуваат за најмалку 13 мртви и многу повредени и дека експлозијата е дело на самоубиствен акт. Западните држави предупредуваа дека во текот на денот  е можен напад на аеродромот . Сомнежот за секој напад е насочен врз групата Исламска држава, а не врз Талибанците, кои беа распоредени…

Read More

Од 7.532 кандидати пријавени за попишувачи, 3.251 кандидати се вакцинирани.  Од останатите 4.281 невакцинирани кандидати, 2.435 прифаќаат да бидат вакцинирани доколку им биде организирано тоа. Вака некако изгледа вакциналната ,,слика“  на пријавените за попишувачи на претстојниот Попис, кои покрај за основните лични податоци во прашалниците одговараа и на прашањата дали се вакцинирани или не и дали би сакале да се вакцинираат, ако не се. – Во контакт сме баш сега со Министерот за здравство, како е најдобро да го организираме вакцинирањето на оние кандидати кои пројавија интерес за тоа а кои ќе ја поминат селекцијата за попишувач. Според мене тоа…

Read More

Министерството за образование и наука одговарајќи на прашања од НоваТВ, за медицинските и немедицинските причини врз основа на кои еден ученик може да биде ослободен од следење на настава со физичко присуство и кој е компетентен да ја прави оваа селекција, уште еднаш појаснија дека „во вакви ситуации, учениците односно нивните родители/старатели преку непосреден контакт со наставниците и раководството на училиштето ќе носат заедничка одлука за вклученост на ученикот во наставата преку друга форма“. – Медицинска причина се докажува со достава на медицинска документација од овластена здравствена установа. Додека пак, немедицинска е секоја причина која не произлегува од одредена хронична…

Read More

Ова различно човечко потекло никогаш не било пронајдено на друго место во светот, според новото истражување, јавува Си- Ен- Ен, повикувајќи се на студија објавена  во списанието „ Природа“. „Ја откривме првата древна човечка ДНК во островскиот регион помеѓу Азија и Австралија, позната како„ Валаса “, која обезбедува нов увид во генетската разновидност и историјата на населението на раните модерни луѓе во овој малку разбран дел од светот“, се вели во студијат чиј  коавтор е  Адам Брум, професор по археологија во Австралискиот истражувачки центар за човечка еволуција на Универзитетот Грифит. Првите современи луѓе ги користеле островите Валаса, главно индонезиски острови…

Read More

Стравот се зголемува за  жените и девојките во Авганистан, откако Талибанците им порачаа на работничките да останат дома, признавајќи дека не се безбедни во присуство на војниците на милитантната група, зашто тие не се обучени да ги почитуваат. Портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид, на прес – конференција во вторникот рече дека жените не треба да одат на работа поради сопствената  безбедност, со што ги поткопа  напорите да се убедат меѓународните набљудувачи дека групата ќе биде потолерантна кон жените отколку кога биле последен пат на власт. Упатството дојде истиот ден кога Светска банка го прекина финансирањето во Авганистан, повикувајќи се на…

Read More