Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Двајца настрадани и дваесетина повредени во застрашувачките пожари кои ја зафатија Грција последните денови особено во нејзините јужни делови. Едниот од настраданите бил волонтер врз кого се срушил еден електричен столб а другиот бил пожарникар. И натаму активни се околу 154 пожари а шест области се означени како области со висок ризик од кои населението се евакуира. Најактивни биле пожарите на север од Атина, а временските услови и денеска не им одат во прилог на противпожарните и спасувачките екипи , поради силните ветрови и високите температури. Евакуирани се илјадници граѓани на Грција, а изгорени се куќи,автомобили, компании. Најсериозна е состојбата…
Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Ива Митева, објави дека очекува предлог владата на партијата „Има таков народ“ да се стави на гласање на редовната седница на Парламентот в среда, на 11 август. Таа коментираше за Бугарското национално радио, велејќи дека парламентарните партии побарале дополнително време за да ја разгледаат нивната одлука. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Митева, до гласањето во Националното собрание постои можност за измени во составот на предложената влада од страна на мандатарот Пламен Николов. Митева нагласи дека „улогата на Парламентот мора да се врати и тој мора да биде многу…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев утрово го посети просторот околу селото Будинарци во Општината Берово кој е зафатен од голем пожар и заедно со министрите за одбрана, транспорт и врски, труд и социјална политика и здравство, Радмила Шекеринска, Благој Бочварски, Јагода Шахпаска и Венко Филипче, придружувани од директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски извршија увид на теренот опфатен со пожар. „Овде сме над селото Будинарци, во планината каде гори пожар на неколку локации и сакам да апелирам до сите граѓани за максимална…
Кошаркарската репрезентација на САД рано утрово ја победи Франција со 87:82 во финалето на Олимпијадата во 2020 година. Со оваа победа, „дрим тимот“ им се реваншира на „триколорите“ за поразот во групната фаза. Најефикасен играч на натпреварот беше Кевин Дурант со 29 поени. Тимот САД стана олимписки шампион во кошарка по четврти пат во низа. Вкупно, Американците освоија 16 златни медали на Олимпијадите. Франција по третпат стигна до сребрениот медал на Олимписките игри. Последен пат тоа се случи во 2000 година во Сиднеј.
Премиерот Заев на ФБ , објави фотографии и пост дека е во Будинарци. Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар. Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија,…
Израелски воени авиони бомбардираа локации на Хамас во Појасот Газа како одговор на запаливите балони кои биле пуштени од палестинската територија, соопшти израелската војска. Засега нема извештаи за евентуални жртви и причинета штета од нападите насочени кон подрачјето за лансирање ракети и комплексот кој му припаѓа на Хамас. Засега движењето Хамас се уште не се огласило. Од прекинот на огнот на 21 мај и завршувањето на 11-дневните борби меѓу Израел и Хамас, Палестинците повремено пуштаат балони исполнети со запалив материјал преку границата, предизвикувајќи пожари во израелските полиња. Палестинците велат дека сакаат со запаливите балони да извршат притисок врз Израел да…
Веќе цела недела беснеат шумски пожари на повеќе места низ државата, а по интензитет и опасност за загрозување на населените места особено се истакнуваат шумските пожари во североисточниот регион на државата. Ограничените технички и човечки капацитети на шумските инспекции и противпожарните служби, за чие раководење и надзор одговорноста ја делат општините, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈУ Национални шуми, укажува на потребата од темелна реорганизација на овие служби во наредниот период. Но, она што во моментов е итно и неодложно е заштитата на луѓето кои се најпогодени од огнената стихија. Од тие причини, центрите…
Министерството за труд и социјална политика целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека хигиенските пакети, што за ранливите категории граѓани се обезбедени преку проект итно справување со КОВИД 19 поддржан од Светската Банка, се злоупотребуваат за политички цели. Не се точни информациите дека испораката на пакетите ја вршат актуелни градоначалници во функција на локалните избори. Напротив, испораката на пакетите ја врши единствено Црвениот крст на Република Северна Македонија, со кого Министерството за труд и социјална политика на 10.06.2021 година потпиша договор за набавка и испорака на 55.488 хигиенски пакети на семејства кои се во социјален ризик/со…
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одржа прес конференција на која иако рече не ја свикал за да суди туку да апелира, сепак не ја пропушти можноста да ги обвини властите дека состојбата на терен била пресложена и критична, и дека системот потфрлил. „Сакам да испратам апел за целосна мобилизација на се што може да се мобилизира од институции, ресурси и човечки потенцијал и заеднички да се спротиставиме на огнениот пустош. Апелирам, човечки молам, владините институции да го прават тоа за што се платени, да му служат на народот. Граѓаните се исплашени и под притисок. Имаат чувство дека се оставени…
Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите. Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Северна Македонија, Косово, БиХ и Хрватска. Причината е јасна – земјите од регионот ова лето бележат многу високи температури, а во некои од нив се регистрирани најголеми горештини досега. Во Грција се измерени 46,3 Целзиусови степени, а во Турција 49,1 Целзиусов степен и токму во…
По преземените активности МВР утврди дека лицето С.А. (35) од Кавадарци, околу 16.00 часот, додека вршел заварување на ограда во кругот на „Охис“, го предизвикал пожар во оваа фабрика што избувна во четврокот попладне. МВР инфромира дека во врска со пожарот во кругот на фабрика „Охис“ во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице, по ивршениот увид, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица биле повикани повеќе…
Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19. Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции: -Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна. -Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува…