Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТСП го демантира Мицкоски дека пакетите за ранливите, политички се злоупотребиле

0
By Mirjana on August 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 7, 2021 12:23

Министерството за труд и социјална политика целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека хигиенските пакети, што за ранливите категории граѓани се обезбедени преку проект итно справување со КОВИД 19 поддржан од Светската Банка, се злоупотребуваат за политички цели.

Не се точни информациите дека испораката на пакетите ја вршат актуелни градоначалници во функција на локалните избори. Напротив, испораката на пакетите ја врши единствено Црвениот крст на Република Северна Македонија, со кого  Министерството за труд и социјална политика на 10.06.2021 година потпиша договор за набавка и испорака на 55.488 хигиенски пакети на семејства кои се во социјален ризик/со ниски приходи (приматели на гарантирана минимална помош, на образовен додаток, на детски додаток и на социјална сигурност за стари лица).

Целосната испораката на овие пакети, како што беше и најавено,  се очекува да се реализира до крај на август 2021 година.

Заедно со пакетите, во рамките на програмата „Читаме дома“ финансирана од страна на Канцеларијата на Светска Банка во државава, се дистрибуираат и книги за децата од најранливите семејства. На овој начин повеќе од 40.000 деца на возраст од 3-11 години добиваат книги на јазикот кој го говорат дома.

ВМРО ДПМНЕ демант МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.