Author: Mirjana

Спорна е помошта за совладување на пожарите во Северна Македонија, кога пожари горат и во Бугарија,реагира лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов. Трифонов,вечерва преку Фејсбук ја критикуваше одлуката која ја донесоа претседателот Румен Радев и привремената влада за испраќање на пет противпожарни возила во соседната земја. „Прекрасно е да си солидарен, да си добар и да даваш поддршка. Но не мислам дека кога горат твојата куќа и куќата на соседот истовремено, ти треба да заминеш да го гасиш тој на комшијата“, порача Трифонов во објавата на ФБ. „Одлично е што и помагаме на Северна Македонија и така е…

Read More

Се наоѓам над с. Богословец, светиниколско, каде пожарот зафати неколку стари куќи во кои не живее никој. Нема жртви, нема повредени. Благодарение на интеревенцијата на ТППЕ Св. Николе и посебно светиниколското доброволно противпожарно друштво пожарот во селото е изгаснат но се движи кон соседниот врв до врвот Богословец како и на исток од селото. Очекувам до раните утрински часови пожарот да биде ставен под контрола,напиша вечерва на својот ФБ профил директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Read More

Скопската противпожарна единица до вечерва успеа да се справи со 18-те пожари кои зафатија делови во и околу градот Скопје. Командантот на противпожарната единица Владимир Симоновски за НоваТВ вечерва изјави дека сеуште активен пожар имале во селото Раовиќ во општина Сарај. Во гаснењето на ова огнено жариште со две противпожарни возила дејствува скопската противпожарна единица, а се вклучени и две противпожарни возила од „Јасен“ како и една цистерна од општина Сарај која служела за дотур на вода. „ Екипите остануваат на терен до целосно гасење на пожарот“, додаде Симоновски за НоваТВ. Тој како пожар со најголем потенцијал да предизвика поголема…

Read More

ОХИС е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, напиша директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој по попладневната прес-конференција се упати кон кругот на хемискиот гигант во Скопје и на лице место се увери во ефектноста на противпожарната интервенција. Шест противпожарни возила интервенираа на пожарот што попладнево изби во кругот на фабриката Охис. Според информации на противпожарната служба, пожарот се појавил кај влезната капија, и во управната зграда. Со оглед што во кругот на фабриката се наоѓа…

Read More

Претседателот на Вмро Дпмне Христијан Мицкоски со пост на неговиот ФБ профил, објави дека Регулаторна комисија на седницата одржана на 3 август ги зголемила цените на нафтата и бензините. Во постот на ФБ тој објаснува, според него како дошло до покачувањето. -Ако се споредат одлуката на Регулаторна од 3 август ( слика 1 и 3) и одлуката од 26 јули (слика2), член 7, ќе се заклучи дека акцизата за дизел горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар, дополнително на тоа се додава и 18% данок на додадена вредност. Граѓаните и стопанството поради овој потег на Регулаторна а по…

Read More

Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари  кои што се дел од 3 екипи што со 3 возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со 3 цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија РС Македонија. Паричните награди им се доделуваат заради нивниот  вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево. За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на…

Read More

Според договорот, земјите -членки на ЕУ ќе можат да купат до 100 милиони вакцини, со опција до 2023 година да можат да набават дополнителни 100 милиони, кога ќе бидат одобрени од регулаторната агенција на ЕУ за лекови (ЕМА), која во моментов го разгледува барањето за акредитација, соопшти Комисијата. -Додека во Европа и светот се шират новите варијанти на коронавирусот, новиот договор со компанијата што веќе успешно ги тестираше своите вакцини против овие варијанти е дополнителна препорака за заштита на нашата популација, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, пренесуваат британските медиуми. Комисијата додава дека договорот ќе им овозможи…

Read More

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври”, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, го распиша конкурсот за нејзино доделување за 2021 година. Конкурсот трае од  6 до 31 август, а некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием нема да бидат разгледувани. Државната награда „11 Октомври ” се доделува, по правило, секоја година, на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава, а под условите определени во Конкурсот може…

Read More

Гостиварец е приведен за агресевно однесување и обид за напад врз полицајци кои биле на должност. Од СВР Тетово информриаат дека вчера вечер (04.08.2021) околу 20.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Јефута“, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.Р. (49) од Гостивар. Приведувањето следело откако се однесувал агресивно и се обидел физички и со тврд предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Тетово. Тој бил задржан и по целосно расчистување на случајот против гостиварецот Г. Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Read More

Мауро Моранди сега има 82 години се прилагодува на животот во апартман со една спална соба, покрај  продавницата  со надворешен натпис „Скај ТВ“,  опкружен со соседи и само со поглед на океанот помеѓу празнините што ги делат зградите отспротива во близина на островот Ла Мадалена, кој важи за најголем меѓу седумте  што го сочинуваат архипелагот  во близина на северниот брег на Сардинија, Италија. Говорејќи од својот нов дом, Моранди рече: „Се навикнав на тишината. Сега е континуирана бучава … музика, мотори, скутери, луѓе … тоа ве одвлекува толку многу што немате време да размислувате “. Поминаа повеќе од три месеци…

Read More

Како резултат на забрзаното ширење на делта сојот на коронавирусот,Јапонија воведе рестриктивни мерки уште во 8 префектури. Не е ништо подобра состојбата во Индија каде моменталниот број на заразени изнесува 42.000. Натаму следува Бразил која во глобални рамки се позиционира на второ место по бројот на смртни случаи кој достигна над половина милион од почетокот на пандемијата. Во австралиската држава Нов Јужен Велс, црн ден кога станува збор за Ковид19,  пет луѓе починаа во Сиднеј, четворица од нив не биле вакцинирани. Расте и бројот на заразени, 260 се регистрирани во последните 24 часа. Ситуацијата,како што напишавме и погоре  се влошува…

Read More

Русија блокира сајтови на два медиуми и на една група за заштита на човековите права поврзани со протераниот критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски. Рускиот контролор на Интернетот „Роскомнадзор“, на барање на обвинителите го ограничи пристапот до сајтовите на „Open Media“ и „MBKh Media“,  како и до сајтот на групата за човекови права „Правозаштитни откритија“. И групата за човекови права и двата медиуми вчера соопштија дека се затвораат за да го заштитат персоналот од можно малтретирање. „Open Media“, медиум што е основан во 2017 година со финансиска поддршка на Ходорковски, на Твитер соопшти дека руските власти не сакаат критички медиуми и…

Read More