Author: Mirjana

Обединетите Нации го објавија извештајот за  билансот од мигрантскиот бран кон Европа за последните 18 месеци. Споредбено со првото полугодие лани, бројот на мигранти и баратели на азил, годинава е со двојно повеќе смртни случаи отколку лани. Според извештајот, во периодот јануари-јуни починале 1.146 лица, иако бројот може да биде далеку поголем бидејќи бродските несреќи поврзани со мигрантите,најчесто и не се пријавуваат. Според сондажата на агенцијата, 741 лице починало на преминот во Централниот Медитеран меѓу Либија и Италија што важи за  најопасна рута, додека 250 лица починале на преминот на Атлантскиот Океан помеѓу Западна Африка и Канарските острови. 149 лица…

Read More

нАКомитетот за оперативна монетарна политика на Народна Банка, по одржаната седница вчера констатирал дека поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови.На седницата уште било заклучено дека движењата кај основните макроекономски параметри засега се во рамките на очекувањата. Неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција, доколку е потребно, стои во соопштението. На седницата беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше одлучено таа…

Read More

Отсега па натаму кога ќе патувате со Германската национална авикомпанија ,,Луфтханза“ нема да го чуете поздравот од пилотската кабина,, дами и господа“. Компанијата ќе користи родово неутрални термини, изјави портпаролот на компанијата. Новата терминологија во обраќањето, ќе се применува во сите подружници на компанијата вклучувајќи ја Австрија, Швајцарија,Еуровингс и Брисел Ерлајнс, јавува германската новинска агенција ДПА. -Важно ни е да ги земеме во предвид сите со своите облици на обраќање, изјави портпаролот на Луфтханза. Останатите обраќања на пилотите кон патниците е по слободен избор, но и тука треба да се користат поздравите ,,добар ден“,..добро вечер“ или,,добродојдовте“, информираат од Луфтханза. …

Read More

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се повикува Русија да ги признае истополовите заедници. Кремљ реагираше веднаш, наведувајќи дека истополовите бракови во Русија „не се дозволени“, согласно уставните измени усвоени минатата година. Судот пресуди во тужбата покрената од три руски истополови двојки откако руските власти не им дозволија да се венчаат. Судот заклучи дека Русија го прекршила членот осум од Европската конвенција за човекови права, кој го нагласува правото на почитување на приватниот и семејниот живот. – Русија имаше обврска да обезбеди почитување на приватниот и семеен живот на подносителите на барањето, обезбедувајќи законска рамка која ќе…

Read More

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување. – Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, како и подaтoците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300 000 кубни метри, претпријатието апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини…

Read More

Веќе нема потреба од закажување на термин за вакцинација. Отсега брзо, лесно и едноставно можеш да го сториш тоа. Посети ја најблиската здравствена установа и вакцинирај се без закажан термин, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Само со одговорно однесување кон себе и кон другите, посочува министерот, може да ставиме крај на пандемијата. – Биди одговорен, грижи се за себе и своите најблиски, истакнува Филипче.

Read More

Товарниот брод „ Евер Гивен“ кој во март го блокира Суецкиот канал поради што настрада глобалната економија, денеска ги напушти египетските води откако на седми јули пловилото доби дозвола да го продолжи патот. Веста што ја пренесува Ројтерс, наведува дека на бродскиот радар можело да се види како „Евер Гивен“ се движи кон Медитеранот северно од Египетскиот брег, на пат до Ротердам. Овој товарен брод е еден од најголемите на светот. По 112 денови застој откако една недела го блокира јужниот египетски пловен пат, огромното пловило вплови кон крајната дестинација. Над три месеци траеја преговорите со управата на Суецкиот канал…

Read More

Кандидатот на „Опел“ во сегментот Ц ќе се нуди со дизел и бензински мотори, но и со две „плаг-ин“ хибридни комбинации. Новата, шеста генерација на „Опел астра“, инаку, ја дели платформата и механиката со неодамна претставениот „Пежо 308“. Телото на новата „Астра“ е за 51 милиметар пошироко и нешто подолго од претходната (четири милиметри). Зад новото тело, пак, лежи новодизајнирана патничка кабина во којашто доминираат два 25-сантиметарски дисплеи пред возачот и совозачот, како и конвенционалните копчињата за одредени функции. Најновата „Астра“ ќе се напојува со мотори со внатрешно согорување, ќе се нуди со бензински и дизел-мотори во опсег на моќност…

Read More

Откако Грција ги отвори пост-ковид границите по подолго време, а со тоа зачестија посетите на нашите граѓани кај јужниот сосед, се повеќе од нив прашуваат: Зошто сè уште на сообраќајните табли во Грција, котираме и сме напишани како Скопје а не со новото уставно име Република Северна Македонија. Покрај што е ова обврска од Преспанскиот договор, Грција не се ни обиде ни џентлменски да парира на потегот од наша страна, во врска со преименувањето на Автопатот во ,,Пријателство“, аеродромот во ,,Меѓународен аеродром – Скопје“ што одеше во пакет со менување на сообраќајните знаци а, што го направивме на самиот старт…

Read More

Речиси да нема земја во светот, која не се соочува со ниско или незадоволително ниво на имунизација со цел до есента, како што примарно беше таргетирано, да постигне колективен имунитет а со тоа да придонесе во „градење“ на континенталниот имунитет до нивото неопходно за постигнување  на таканаречениот колективен или  ,,имунитет на стадо“. Пред само неколку дена  лиферуваните податоци од Центарот за превенција и контрола на болести на ЕУ во која живеат околу 450 милиони жители, вакцинирани со една доза имало околу 225 милиони. Комплетно вакцинирани т.е. бројот на  луѓе кои примиле две дози од вакцината, надминува 147 милиони. Изразено во…

Read More

Францускиот регулатор за антимонопол го казни Гугл со 500 милиони евра за непочитување на привремените наредби издадени од регулаторот во спорот со медиумите во државата. Американскиот технолошки гигант во текот на следните два месеци мора да достави предлози за тоа како ќе ги обесштети новинските агенции и другите медиуми за користење на нивните вести. Доколку не го стори тоа, се соочува со казни до 900.000 евра на ден. Медиумите АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинуваат технолошкиот гигант дека не разговарал со нив со добра волја за да се најде заеднички јазик за надоместок за новинарските содржини на интернет, според неодамнешната директива на ЕУ. Случајот сам по себе се фокусира на тоа…

Read More

Црногорското министерство за земјоделство го потврди случајот на угинување на над 200 илјади кокошки во фармата ,,Агромонт“ во Мартиниќи ,што се случило поради снемување струја кое предизвикало откажување на системот за ладење. Станува збор за фарма која обезбедува една петтина од потребите за јајца на Црногорскиот пазар.Штетата е проценета на над милион евра, а самиот случај важи за досега најголем помор на кокошки во Европа. Газдата на ,,Агромонт“ Божо Јокиќ не сакал да им даде изјава на новинарите од,, Вијести“ но според медиумот, нему му биле осигурани фармите но не и кокошките. Денот кога се случил поморот, бил најтопол ден…

Read More