Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција го казни Google сo 500 милиони евра за непочитување на наредбите во спорот со медиумите

0
By Mirjana on July 13, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 11:39

Францускиот регулатор за антимонопол го казни Гугл со 500 милиони евра за непочитување на привремените наредби издадени од регулаторот во спорот со медиумите во државата.

Американскиот технолошки гигант во текот на следните два месеци мора да достави предлози за тоа како ќе ги обесштети новинските агенции и другите медиуми за користење на нивните вести. Доколку не го стори тоа, се соочува со казни до 900.000 евра на ден.

Медиумите АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинуваат технолошкиот гигант дека не разговарал со нив со добра волја за да се најде заеднички јазик за надоместок за новинарските содржини на интернет, според неодамнешната директива на ЕУ.

Случајот сам по себе се фокусира на тоа дали Гугл ги прекршил привремените наредби издадени од антимонополскиот орган, кој инсистира ваквите разговори да се одржат во рок од три месеци со издавачите на вести кои ги бараат.

АПИГ, кој ги претставува најголемите издавачи на печатени весници („Фигаро“, „Монд“ и други), останува еден од тужителите, иако потпиша рамковен договор во очекување на одлука за монопол.

Oва не е прв спор на Франција со Гугл. Пред две години со вонсудска спогодба, Гугл се согласи да и плати на Франција речиси милијарда евра за да биде прекината истрагата за фискална измама, покрената пред 6 години од сега. Француските истражители работеа на тоа да откријат дали Гугл со тоа што не ги пријавувал сите активности во земјата, избегнал да ги плати давачките кон државата.

Гугл медиуми Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.