Author: Mirjana

На средбата, на која присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, станало збор за геополитичките предизвици што ги донесе руската агресија на Украина, поради што забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни, соопштуваат од Владата. Премиерот Ковачевски на средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, истакна дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот  премиер Марио Драги од Италија пристигнаа во Киев, со што застанаа во редот на повеќе европски лидери кои ја посетија Украина. Американскиот државен секретар Антони Џ. Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Џ. Остин патуваа во април. Макрон во Киев рече дека тој и другите двајца лидери биле „присутни“ и „фокусирани“ на актуелната ситуација во Украина уште пред средбите со украинското раководство. „Тоа е важен момент“, рече тој дополнувајќи дека тројцата сакале да упатат „порака за единство“ до украинскиот народ, „да разговараат и за сегашноста и за иднината, бидејќи знаеме…

Read More

Претседателот Џо Бајден ќе ја посети Саудиска Арабија следниот месец, објави денеска Белата куќа,  што го комплетира пресвртот на неговото предизборно ветување дека кралството ќе стане „изгнаник“. Патувањето, планирано за средината на јули, ќе ја вклучи и првата станица на Бајден во Израел, како и посета на палестинскиот Западен Брег. Ќе кулминира со голем собир на регионалните лидери во Џеда, пристанишниот град на Саудиска Арабија, каде што се очекува Бајден да се вклучи во одредено својство со престолонаследникот Мохамед бин Салман. Официјални лица велат дека Бајден го одобрил патувањето по првичната неподготвеност за тоа, како можност да го отфрли своето ветување…

Read More

Жителите на украинската област Одеса се предупредени да ги избегнуваат крајбрежните области поради опасноста од мини расфрлани во морето што ги поставила украинската војска , но изгледа тие предупредувања не беа доволни забележува весникот Mirror. Имено шокантно видео кое стигна од Одеса прикажува снимка на маж кој плива во морето за неколку моменти подоцна да биде разнесен од мина. Посмртните остатоци на 50 годишниот човек подоцна се однесени на плажа каде во шок седеле неговата жена, синот и еден пријател. Видеото од надзорните камери, е споделено и на ФБ страната на украинското министерство за внатрешни работи.

Read More

Владата ја утврди најголемата трговска маржа за основните прехранбени производи  во трговијата на големо и во трговијата на мало. Одлуката која стапува утре по излегувањето во Службен весник, важи до 30 септември, изјави министерот Крешник Бектеши. „Од утре заклучно со 30 септември за цел бел леб, бел леб сечен на парчиња, бел шеќер и сончогледово масло за јадење, највисоката трговска маржа во трговијата на големо и на мало е 5 отсто. За брашно од пченица тип 400 и тип 500  за макарони и шпагети од тврда пченица , за бел ориз и млеко се утврдува највисока трговска маржа од 10…

Read More

„Актуелната политичка криза е многу слична на начинот на кој беше соборена владата на Филип Димитров во 1992 година. Интересно е што и тогаш причината беше Македонија и тоа се случи во време кога Бугарија можеше да се повлече. Тогаш имавме шанса да бидеме со Полска, Чешка и Унгарија, а не да бидеме во редот меѓу поранешните источни земји“, вели поранешниот пратеник и политички аналитичар во колумна  за бугарската новинска агенција, БГНЕС, Едвин Сугарев.  Тој смета дека, сепак има разлика во политичката ситуација во деведесеттите и сега, а таа најмногу се однесувала на сериозноста на геополитичкиот момент. „Ова што се…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи вонредните мерки за Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа. „Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во соопштението на Белата куќа. Неопходно е да се продолжат итните мерки прогласени со Извршниот декрет 13219 кога станува збор за Западен Балкан, кој предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички…

Read More

Изминатиот викенд долго ќе се памети за македонската атлетика. Дарио Ивановски стана атлетски шампион на Европското Првенство (ЕП) за мали земји. Најдобриот македонски атлетичар, Ивановски оствари уште еден импресивен резултат во својата кариера, откако се закити со титулата на Европското првенство за мали земји кое се одржa во Малта. Ивановски настапи на трката на 5000 метри и патеката ја мина за време 14:08.99 минути, што му донесе убедливо прво место пред Максим Илеану од Молдавија (14:24.72) и Дилон Касар од Малта (14:45.13). Ова е уште еден голем резултат за Дарио Ивановски, член на АК Делта, кој редовно и достојно ја…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Истанбул оствари средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган. На средбата, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заеднички беа констатирани традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Премиерот Ковачевски на средбата со турскиот претседател Ердоган го изрази задоволството од споделувањето исти цели за безбедноста и стабилноста во регионот за што клучни фактори се добрососедски односи и регионална соработка, со…

Read More

Со Божествена литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ- ОА г. г. Сгефан, во црквата посветена на „Света Троица“ во познатиот реон Таксим во Истанбул, заврши петдневната посета на македонската црковна делегација на седиштето на Вселенската Патријаршија во Фанар, каде за прв пат се одржа патријаршиска и синодална литургија со која чиночалствуваа патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан. Додека г.г. Стефан придружуван од епископот Хераклејски Климент и Антанискиот епископ г. Партениј, како и од јеромонаси од Вселенската патријаршија и од Охридската архиепископија, го изведуваше празничното обредно молење, Патријархот Вартоломеј, молитвено присуствувал во олтарот на храмот и ја следел богослужбата која се…

Read More

На североистокот на Шпанија се случи несреќа кога регионален патнички воз и локомотивата директно се судриле , при што 22 лица се повредени а од нив 5 биле во критична состојба, соопшти регионалната влада на североисточна Каталонија, во чија област се случила несреќата.  Шпанската компанија за железничка инфраструктура Адиф, соопшти дека локомотивата имала проблем со сопирачките  и дека истрагата е во тек. 

Read More

Амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека Србија треба да размисли каде е нејзината иднина и дали нејзината неутрална позиција е одржлива и врз основа на тоа  да ја донесе својата одлука. Хил ова го изјави, одговарајќи на новинарско прашање дали е одржлива неутралната позиција на Србија визави конфликтот во Украина. Амбасадорот на САД посочува дека светот се промени од 24 февруари и дека сите треба да размислиме каде сме, каква е нашата позиција и каде сакаме да бидеме во иднина.

Read More