Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Проф. д-р Игор Неделковски кој е редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, освои најмногу гласови за нов ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Мандатот е тригодишен а почнува да го извршува од 1 октомври 2022 година. Во изборната трка за ректорската позиција учествуваа петмина кандидати: 1. Данчевска д-р Верица, редовен професор 2. Димовски д-р Злате, редовен професор 3. Кекеновски д-р Јове, редовен професор 4. Кочоски д-р Љупче, редовен професор 5. Неделковски д-р Игор, редовен професор Универзитетската изборна комисија прелиминарно констатира дека избраниот кандидат за ректор, проф. д-р Игор Неделковски освои 157 гласа, односно 11,046 поени,…
Тунискиот претседател Каис Саид разреши 57 судии поради корупција Меѓу отпуштените е и Јусеф Бузакер, поранешниот претседател на Врховниот судски совет, чии членови Саид ги смени оваа година кога ја презеде контролата врз судството. Тунискиот претседател Каис Саид отпушти 57 судии, обвинувајќи ги за наводна „корупција и заштита на терористите“, во чистка што ја спроведува откако ја презеде контролата врз судството и другите гранки на власта на почетокот од оваа година, јавува Ројтерс. Во вчерашното телевизиско обраќање, Саид рече дека „му дал можност и предупредување на судството да се прочисти“, а неколку часа подоцна, официјалниот весник објави декрет со кој…
Обединетите нации го сменија името на Турција во Туркије откако претходно добија посебно барање од оваа земја. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефани Дујариќ изјави дека добиле писмо од турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу, испратено до генералниот секретар Антонио Гутереш, во кое се бара промена на името на земјата на странски јазици во „Туркије“. На барање на Турција, Обединетите нации го сменија името на таа земја во „Туркије“, а претходно на странски јазици беше „Турција“. Дујариќ рече дека промената на името на државата стапува на сила од моментот кога е примено писмото. Чавушоглу на Твитер објави дека целиот…
Зовриена атмосфера во бугарското Собрание, откако пратеникот Искрен Митев изјави дека било јасно кој го предал народот, а притоа мислел на Костадин Костадинов , претседателот на партијата „Преродба“. Сето ова иницира лавина навреди, закани и пцости , но за среќа беше избегната поголема тепачка. https://www.youtube.com/watch?v=3lnZRv1Mu9U
Арапската нафтена компанија, која управува со гасоводот, проценува дека дневно се излеваат околу 22.000 барели нафта почнувајќи од вторникот, поради пукање на нафтоводот, пренесува Асошиејтед Прес. По пукањето на нафтоводот во Либија, илјадници барели нафта се излеваат во пустината, додека работниците се обидуваат да го спречат истекувањето, соопштија властите. Станува збор за нафтовод што го поврзува нафтеното поле Сарир со терминалот во Тобрук.
Владата со новиот ребаланс на буџетот, продолжува со силната грижа за граѓаните и во најкраток рок ќе излезе со антикризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност. Ова значи дека истите ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и стопанството, кон оние на кои им се најпотребни. Овој пристап е насочен кон остварување на следните цели, се наведува во соопштението од Владата: – Да ги заштитиме оние на кои им е најмногу потребна поддршка, – Да се обезбеди праведна распределба на…
Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за наредната година најави попис на земјоделието во земјава. Денеска во чест на 77-иот роденден на институцијата, Државниот завод за статистика го објави сетот податоци за степенот на образование на граѓаните, направени врз основа на пописните резултати од минатогодишната операција за пребројување. „ Ова е огромен фонд на податоци кој денес го објавуваме. Не може да очекуваме дека сме најобразовани и економски најактивни во светот. Статистиката ги покажува бројките такви како што се. Ова е сет на податоци кои долго се очекуваа и кои ќе ја покажат работната сила, степенот на…
Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави параметрите кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, на лицата со попреченост и на дел од карaктеристиките на живеалиштата и становите. Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се 18. 897 или 1.2 % неписмени лица, од кои 5. 517 се мажи и 13.380 се жени. Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денес е во официјална посета на Кралството Шведска каде ќе ја предводи македонската делегација на глобалниот состанок за животна средина „Стокхолм+50: Здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, на која заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ќе земат учество. Вицепремиерот Маричиќ ќе се обрати на пленарната сесија, на која ќе се обратат лидерите и шефовите на делегациите, додека пак министерот Нуредини во рамки на глобалниот состанок ќе има свое обраќање на лидерскиот дијалог насловен: ,,Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија…
Папата Франциск денеска изјави дека е многу загрижен поради блокадата на извозот на жито од Украина и апелираше основниот прехранбен производ да не се користи како оружје. Тој апелираше на сите можни напори за решавање на овие проблеми и за гарантирање на универзалното човеково право на исхрана. „Блокирањето на извозот на жито од Украина е прашање на длабока загриженост. Животите на милиони луѓе зависат од тоа, особено во најсиромашните земји“, рече поглаварот на Римокатоличката црква за време на традиционалната јавна аудиенција на плоштадот Свети Петар, во Ватикан, пренесува Спутник.
Агата е најсилниот ураган кој воопшто некогаш бил регистриран, што го погодил источниот дел на Пацификот во месец мај. Бројот на загинати во ураганот Агата, кој го погоди Мексико, денеска се искачи на 11, додека 20 лица се уште се водат како исчезнати, изјави гувернерот на сојузната држава Оахака на југот на земјата, Алехандро Мурат. Тој рече дека реките во таа област се излеале од коритата и ги поплавиле нивните домови, а многу жртви биле затрупани под кал и камења, пренесува Асошиејтед Прес.
Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски е осуден на три години затвор во судскиот предмет познат во јавноста како „ТНТ“, а кој се однесува на случајот со уривањето на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски поради злоупотреба на службената положба и овластувања. Судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје предводен од судијата Огнен Ставрев на Никола Груевски, поранешен премиер му изрече казна од 9 години затвор , а поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски кој исто како и Груевски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања доби четиригодишна затворска казна. Инспекторката Елисавета Најдовска е осудена…