Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поразителен податок: Една четвртина од населението во Македонија има само основно образование

0
By Mirjana on June 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 1, 2022 13:09

Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите  во Република Северна Македонија, 2021, во  третиот сет на пописни податоци  ги објави параметрите кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, на лицата со попреченост и на дел од карaктеристиките на живеалиштата  и  становите.

Во вкупното резидентно  население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста,  регистрирани се 18. 897  или 1.2 % неписмени лица,  од кои 5. 517 се мажи и 13.380 се жени.

Според  највисокиот степен на школска подготовка,  во вкупното резидентно население на возраст од  15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1.5 % без образование, 62.129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423. 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672. 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263.349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29. 654 лица  или 1.9 % се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45.174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.

Според полето  (видот) на највисокиот степен на школска подготовка, 189. 736 лица  или 18.7 % се од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19.044 лица или 1.9 % се од областа Информатичко-комуникациски технологии.

Во вкупното резидентно  население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186. 570 лица или 10.7 % посетуваат основно образование, 80.378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93. 804  лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура  и на докторски студии.

Вкупното работоспособно население  на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1.525.366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население , односно 608.520 лица  се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768. 549.

Според највисокиот  степен на школска подготовка, најмногу невработени,  56.  701 лице се со средно образование од кои  34. 313 се мажи и 22. 388 се жени.

Според  дејноста, најмногу вработени,  123.347  лица , има  во Преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57. 596 се жени.

Во вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица  изнесува 450. 766.  

Во вкупното резидентно население бројот  на лицата со попреченост изнесува  94.412 и тоа:  1.8 % на возраст од 0 до 14 години, 43.5 % на возраст од 15 до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе.

Според видот на попреченоста, најголемо учество од  40.8 % или  38. 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.

Од  вкупно 839.174 станови,  53. 987 станови или 63.4 % се населени, а 307.187 станови или 36.6 % се ненаселени.

 

 

ДЗС ПОПИС ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПОПИСНИ РЕЗУЛТАТИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.