Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Руските сили испукале 1.300 проектили врз Украина, и тоа неа ја чини најмалку 7,5 милијарди долари, објави магазинот Форбс. Москва истрела 235 ракети „Калибар“ кон Украина. Тешко е да се пресмета точниот број на други видови ракети лансирани во Украина, но според Министерството за одбрана на 24 март, нивниот сооднос е следниов: 62 отсто од проектилите се „Искандер“, 30 отсто се проектили од класа X, а 8 отсто се „Точка-U“. Цената на ракетите може значително да варира. Точка-У, според веб-страницата Military Russia, вреди 300.000 американски долари, а Калибар е 6,5 милиони долари според договорот за извоз со Индија од 2006…
Грција од утре ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки со исклучок на носењето маски на отворено, кое останува на актуелно препорачаното ниво за местата со поголема гужва. Од утре Грција ќе ги укине сите епидемиолошки мерки воведени за спречување на ширење на коронавирусот, освен задолжителното носење маски во затворени простории, а таа мерка ќе остане на сила најмалку до крајот на мај, пишува атинскиот весник „Катимерини“. За влез во оваа земја повеќе нема да бидат потребни сертификати за вакцинација, негативни PCR тестови, како и за ресторани, кафулиња или културни институции.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев.
Рестораните низ Пекинг привремено ќе забранат јадење а на жителите ќе им требаат негативни тестови за Ковид-19 за да ги посетат јавните простори, соопштија кинеските власти денеска, како дел од засилените контроли за присуство на вирусот, на почетокот на празникот 1 мај – Денот на трудот. Петдневниот одмор е типично еден од најпрометните периоди на патување во Кина, но најлошото обновување на Ковид- 19 во земјата од почетокот на пандемијата, се очекува да ги задржи луѓето дома. Соочени со високо преносливата варијанта на Омикрон, кинеските власти ја дуплираа својата политика за нулта Ковид, уништувајќи ги кластерите на вируси преку масовно…
Полицијата приведе момче од скопското село Трубарево зашто измамило девојка од Германија. Како што информира МВР, станува збор за момче на 22 години со иницијали Е.А. против кого 25 годишната В.С. поднела пријава. Според пријавата, по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., девојката дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во село Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди. При претрес извршен од страна на полициски службеници од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Е.А. бил…
Во рамки на воената вежба „ Штит 2022“ што се одржа на аеродромот во Батајница, Србија за прв пат ги претстави ракетите „ФК-3“ со среден домет, што важат за едни од најсовремените воздухопловни системи во својата класа , чија современост и актуелност ја карактеризира последна генерација радарска технологија. Претседателот Вучиќ и честита на армијата и рече дека е посебно горд. Покрај ракетите воздушно дефиле изведоа и модернизираните авиони „Миг29“ кои сега можат да детектираат и мета на земја благодарение на софистицираната радарска технологија. https://www.youtube.com/watch?v=0IJ-AZQHkRQ&t=2s https://www.youtube.com/watch?v=Hl6zKEf0WHQ&t=165s
Ова раководство на МВР секогаш ќе биде во служба на граѓаните, демонстрирајќи дека севкупната безбедност претставува врвен приоритет, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на Отворениот ден на полицијата со граѓаните што се одржа во големиот градски парк во Струмица. Отворениот ден на полицијата се одбележува во рамки на одбележување на Денот на полицијата – 7 Мај, при што беше изложена опрема, вклучувајќи и дел од специјалните возила и хеликоптер. На настанот министерот Спасовски присуствуваше заедно со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и граѓаните. -Ќе се согласите со мене дека е невозможно да дискутираме за партнерство…
Дрогата била најдена во контејнер во индискиот пристанишен град Пипавав во момент кога полицијата ја зајакна контролата на западната граница со цел да спречи шверц на наркотици од Иран и Авганистан. Индиските власти запленија 90 килограми дрога вредна 58 милиони долари во пристаништето кое се наоѓа во западната држава Гуџарат , соопшти полицијата. Тоа е трета заплена за две недели, пренесе Ројтерс.
Ако пред два дена светот дозна за тешката здравствена состојба на Мино Раиола и дека се бори за живот, денес семејството потврди дека фудбалскиот агент, починал. Познатиот фудбалски агент ја загуби битката со болеста и почина на 54-годишна возраст. Пред два дена се појави вест дека починал, која беше демантирана од семејството, но од болницата во Милано изјавија дека Раиола е во многу тешка состојба.
Во Виеттнам денеска беше отворен најдолгиот стаклен мост во светот, по повод 47 годишнината од завршувањето на виетнамската војна. Мостат наречен бел змеј е долг 632 метри и се состои од три слоја на калено стакло со дебелина од 40 милиметри . Мостот е подготвен да ги прими сите храбри патници кои се подготвени растојанието меѓу две планини од над 600 метри да го поминат движејќи се по стаклен под. Изграден во планински предел на северот на земјата, мостот со стаклено дно е најновата атракција која се наоѓа во една од најпопуларните туристички области.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги повикува сточарите да ја искористат поддршката за изградба на мандри. Николовски потсетува дека рокот за аплицирање е до 20 мај 2022 година. -Сите сточари да ја искористите поддршката за изградба на мандри на бачилата. Нашето сирење е едно од најквалитетните и ова е одлична можност да добиете кофинансирање до 75 отсто за опремување мандри. Истовремено, за сите кои се занимаваат со сточарство, отворена е можноста за добивање финансиска поддршка до 75 отсто за набавка на силоси, за зголемување на складишниот капацитет за исхрана на добитокот, напиша министерот Николовски на својот фејсбук…
По повод Меѓународниот ден на џезот, денес во паркот „Ибни Пајко“,во организација на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) во тек е џез – музичка дружба која ќе трае до вечер. Ова е шести пат како се одржува манифестацијата на која ќе настапат бројни џез музичари меѓу кои Џоле Грујовски, Џон Илија Апелгрен ,Гордан Спасовски, Агни Авшар, Јордан Костов, „SS Project“, „Off Ground Enseble“, Сашо Поповски „CuckooRack aka Bopers“ и Тони Китановски. „Музиката има моќ да не обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на…