Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во вчерашниот ракетен напад на Киев, животот го загуби и новинарката на Радио Свобода, Вера Гирич. Веста на социјалната мрежа Твитер ја сподели нејзиниот колега Александер Демченко. Нејзиното тело било заробено под урнатините каде останало цела ноќ, по што било извадено од спасувачките екипи, денеска утрово. Гирич е само една во низата новинари кои ги загубија своите животи во војната во Украина. Последен меѓу нив беше фотографот и татко на три деца, Макс Левин. Journalist Vera Girich from @radiosvoboda was killed in a missile attack on #Kyiv, her colleague Alexander Demchenko declared. pic.twitter.com/VbwxhJ66g2 — NEXTA (@nexta_tv) April 29, 2022
Производителите на пченица бараат поддршка од државата во спротивно вгодина ќе се останело без лебно жито. Ова го изјави Мемет Синани од Националната федерација на фармери , кој нагласи дека земјоделието е во криза во континуитет што поради глобалното затоплување и климатските промени чие влијание посебно се евидентирало последните години, а што од Руската воена агресија во Украина. – Најголем проблем имаме со нафтата и со ѓубривата. Има донесено некои мерки но ефектите од нив ќе ги согледаме во иднина. Бараме да се врши откуп за државните стокови резерви за да ни се помогне. Според пресметките во моментов, производителите на…
Претседателот на Собранието Талат Џафери по враќањето од Украина каде беше од 24 април до вчера (28.04) одржа прес конференција на која информираше за тоа како се организирала посетата и за впечатоците од она што го видел таму. Џафери нагласи дека како Собрание треба да заземат став во форма на декларација или резолуција за состојбите во Украина односно за злоделата што се имаат случено таму и дека треба сите политички чинители во Парламентот да размислат во тој правец. Информирајќи дека посетата се случила на покана на претседателот на украинската рада , Џафери рече дека со физичкото присуство во Украина…
Вчера околу 11 часот во продавница лоцирана на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид дошло до групна тепачка во која учествувале 4 лица, соопштува полицијата. Во тепачката учествувале 40 годишно лице со иницијали Т.Ц.Т. натаму 63 годишен со иницијали Р.Ќ., лице на 59 години со иницијали В.Ќ. и 73 годишен со иницијали У.Ш. СВР Охрид работи на целосно документирање на настанот по што ќе следува соодветен поднесок.
Принцот Петар Караѓорѓевиќ објави дека го потпишал решението за абдицирање, со кое се откажува од сите права што му припаѓаат врз основа на неговото првородство и ги пренесува на следните по старост, во случајот неговиот брат Филип. Принцот Петар, најстариот син на принцот Александар Караѓорѓевиќ и внук на кралот Петар II Караѓорѓевиќ, ја потпиша одлуката за абдикација во палатата Свети Андреј во Севиља,како што напишал во соопштението, и дека чинот го обавил во присуство на сведоци, целосно свесен дека со ова се одрекува од сите права за себе и за сите свои потомци кои се родени или тек ќе бидат…
Во последните 24 часа, детектирани се 124 новозаразени случаи од ковид – 19 од 1 798 тестови. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 67, Битола – 24, Прилеп – 8, Охрид – 5, Берово – 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Кочани, Ресен, Делчево и Кратово – по 1. Од вкупниот број на позитивни во случајов 124, 22 се реинфекции. Во денешниот биланс нема починати лица ниту на дневна база ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин. Бројот на активни случаи изнесува 503.
По написите на „Фајненшл тајмс“ дека неколку големи европски увозници на гас планираат да ги прифатат руските правила, исплатата да биде во рубљи, денеска Германија и Австрија потврдија дека се во преговори со рускиот водечки дистрибутер „Газпром“ за начинот на плаќање на гасот. Од германската компанија „Унипер“ која е блиска со германската влада изјавија дека се разгледуваат конкретните модалитети за плаќање. „Сметаме дека е можна конверзија на плаќањата во согласност со законот за санкции и руската одредба. „Унипер“ ќе продолжи да плаќа во евра oдносно е во разговори со својот договорен партнер Газпром за конкретни модалитети во плаќањето, наведуваат од…
Ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е окупирана од руските сили, е „неодржлива“ и може да се покаже опасна, предупреди генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси. Руските сили ја окупираа целата област, вклучително и самата нуклеарна централа, која е најголема во Европа. Гроси предупреди дека МААЕ постојано се обидувала да добие пристап до нуклеарните централи, но безуспешно. Тој додаде дека нуклеарната централа „бара поправки“ кои „се уште не се реализираат“. „Ситуацијата е таква каква што ја опишав. Ова не е одржливо. Ова е црвено светло што трепка“, рече Гроси. Директорот на МААЕ претходно оваа недела…
Денеска на сметките на 10.479 овоштари исплатени се субвенциите со вкупна вредност од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за оддржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0.2 ха површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Висината на директните плаќања за јаболка изнесува 41.000 денари по хектар, односно 50.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари. Висината на директни плаќања за слива и праска изнесува 36.000 денари по хектар, односно 42.600 денари за земјоделски стопанства со пријавени површини од минимум…
Изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс за Си-Ен-Ен дека САД ја анализираат можноста Русија да ја вклучат на листата на „терористички соучесници“, Москва ја смета за пропаганден потег. Коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес, Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“, портпаролката на руското МНР Марија Захаров изјави дека Русија ќе одговори на сите мерки, вклучително и на, како што вели, идиотските, пренесува Спутник. „Сите мерки што ќе ги преземе, дури и оние од идиотски карактер, ќе бидат развиени и продолжуваат, а ние несомнено ќе одговориме на сè и тие треба да го разберат тоа“, рече…
За сладокусците на книгата, најсреќната вест, овогодинешното пролетно издание на Саемот на книгата ќе се одржи од 3 – 9 мај во салата Борис Трајковски во Скопје. „Сите значајни домашни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови-изданија за 2022 година. Свое учество најавија и издавачки куќи од регионот, од Србија, Албанија, Косово и претставници од Република Турција, се наведува во соопштението за претстојната книжевна манифестација. Саемските денови се организирани со средби со автори, промоции и попусти, а ќе биде претставена и богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во…
Од 1 мај климата во канцелариите во јавниот сектор во Италија нема да може да се постави на помалку од 25 степени, а во зима ќе бидат дозволени максимални 21 степен. Одлуката која е изгласана денеска, стапува на сила од 1 мај и ќе трае до 31 март 2023 година, информираат италијанските медиуми.075 907 108 Од уредбата се исклучени болниците, домовите за стари лица, заводите за лекување на зависности и слични установи. Но, кој ќе го контролира почитувањето на оваа уредба? Засега во јавните институции ненајавено ќе доаѓаат инспектори. Казните за оние кои нема да ја почитуваат уредбата ќе бидат…