Author: Mirjana

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството, од денеска е во дводневна работна посета на Република Италија. Како што информираат од министерството, Николовски денеска го посетил откупно дистрибутивниот центар Чентро Агроалиментаре, каде биле презентирани основните карактеристики на откупниот центар и пазарите на големо во Италија. На површина од 1400ха, овој откупно дистрибутивен центар, на едно место нуди голем избор на овошје, зеленчук, риби, органски производи, логистика, а во рамки на центарот постојат и преработувачки капацитети за преработка на производите. Оваа пријателска работна посета отвори можност за размена на позитивни искуства, како и имплементација на…

Read More

Сега е вистински момент за решавање на отворените прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, што доколку не се случи во скора иднина спорот би можел да прерасне во „замрзнат конфликт“, изјави во интервју за бугарската телевизија БТВ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, дополнувајќи дека во иднина ќе имало се помалку сила, енергија и храбри политичари што би се занимавале со оваа тема. – Мислам дека во иднина ќе има се помалку сила и енергија и храброст кај кој било политичар храбро да се занимава со оваа тема. Затоа се плашам дека за месец-два ова ќе се претвори во замрзнат конфликт…

Read More

Останува уште многу да се изгради, но како што гледаме погледите на Европа веќе почнаа да се менуваат, започна трансформацијата на Европа. Ова не засега сите нас, зашто утрешната Европска Унија ќе биде ваша, на вас Македонците, вели амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер на „ Панел за иднинатана Европа’ во организација на француската амбасада што се одржува во Струмица. – Ова се однесува на сите нас, и затоа што навлеговме во нов геополитички контекст, а денес стратешкиот интерес за европската интеграција на Западен Балкан е уште посилен, а тоа особено се однесува на Северна Македонија.Ова беше точно вчера,…

Read More

Вработените во Управата за матични книги од денеска се во штрајк за поголеми плати, па така околу 500 вработени во единиците на оваа институција низ земјава се присутни на работните места но не работат со странки, велат од синдикатот. Граѓаните кои имаат потреба од некој документ од матичните книги, како извод на родени, починати, или впишување на починат во книга на умрени, или впишување на брачна состојба и.т.н. не ќе можат да го извадат се додека трае штрајкот за кој синдикалците велат ќе штрајкуваат до исполнување на нивните барања. Претседателот на синдикатот на управата за матични книги Тони Милошески обвинува…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на седница на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат изјавил дека општата ситуација со руската агресија врз Украина ја нагласува важноста од итна интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската унија и дека тоа е нешто што САД ќе го поддржува на различни начини во иднина, јавуваат светските медиуми. На седницата Блинкен ја коментираше посетата на американските сенатори на Западен Балкан и особено се осврна на продолжувањето на мандатот на ЕУФОР во БиХ. Тој се осврна на тврдењата на сенаторот Џин Шејхин дека постои шанса Руската Федерација да го блокира продолжувањето…

Read More

На годинашниот Вимблдон нема да има ковид рестрикции , па и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на овој турнир.  Организаторите на турнирот „All England Club” соопштија дека нема да има ковид рестрикции на овогодинешниот Вимблдон како и дека од учесниците нема да бараат сертификат за вакцинирање. „ Не постојат никакви планови за корона рестрикциите овој пат, после две години“ соопштија организаторите.

Read More

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „никогаш не замислувал дека целиот свет ќе се собере зад Украина толку брзо и сигурно“, за време на состанокот кој САД го организираа со повеќе од 40 земји за да ја координираат безбедносната помош за Украина. При отворањето на разговорите во воздухопловната база Рамштајн во Германија, Остин рече дека целта е  „да и се помогне на Украина да победи во борбата против неправедната инвазија на Русија и да и се помогне во изградбата потоа како дел од предизвиците во иднина“, пренесува „Гласот на Америка“.   Состанокот следува по…

Read More

Во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) се наведува дека во 2021 година глобалните трошоци за оружје достигнаа рекордни 2,11 трилиони долари. Земјите ширум светот ги зголемија трошоците за вооружување за 0,7 проценти. Трошоците се зголемуваат седум години по ред, а аналитичарите на СИПРИ предвидуваат дека оваа година повторно ќе биде рекордна.  Побарувачката во одбранбената индустрија значително порасна поради конфликтот во Украина. Најмногу пари за оружје потрошиле САД. Во 2021 година Вашингтон издвоил 801 милијарда долари, но трошоците се за 1,4 отст о помали од претходната година. Кина и понатаму е на второ место со 293 милијарди…

Read More

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека процесот на европска интеграција на Западен Балкан мора да се забрза и посочи дека е „крајно разочаран“ што не е решено прашањето за почеток на преговорите на Скопје за членство во ЕУ. Тој ова го изјави на форумот „ЕУ кон Балканот. Лекција од Украина: Европско проширување – заштита од војна“, на која се собраа европски претставници, министри за надворешни работи, истакнати јавни личности и политичари во бугарската престолнина Софија, пренесува бугарската агенција БТА. Ќе доаѓам во Софија толку често колку што е потребно за да донесеме одлука во јуни оваа година, изјави…

Read More

Во областа Мидјат, во југоисточната провинција Мардин, археолозите открија пештера што е само почеток на тунел со многу  ходници што водат до комплекс кој се состои од бунари за вода, силоси и места за богослужба кои датираат од вториот и третиот век пред нашата ера, објави весникот Сабах. „Школката континуирано се користи 1.900 години“, вели Гани Таркан, директор на музејот во Мардин, кој ги води ископувањата. „Прво беше изградено како скривалиште или место за бегство. Бидејќи христијанството не било официјална религија во вториот век, семејствата кои го прифатиле христијанството нашле засолниште во подземните градови за да го избегнат прогонството од…

Read More

Ние сакаме дипломатско решение, а не Трета светска војна, кинеските власти не сакаат Трета светска војна и се посветени на решавање на конфликтот во Украина по дипломатски пат, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. „Никој не сака да ја види Третата светска војна, неопходно е да се поддржи процесот на промовирање мировни преговори меѓу Русија и Украина“, рече Венбин на прес-конференција на прашањето како кинеското Министерство за надворешни работи ја оценува изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за реалната опасност од избувнување на Трета светска војна, пренесува ТАСС. Неприфатливоста на нуклеарната војна…

Read More

Третата масовна гробница е пронајдена во близина на Мариупол, изјави денеска градоначалникот на опколениот југоисточен град,  за украинската телевизија, пренесува Си-Ен-Ен. Покрај масовните гробници откриени во селата Манѓуш и Винохрадна, „сега гледаме дека има уште една“, рече Вадим Боиченко. Боиченко повтори дека околу 20.000 жители на Мариупол загинале од почетокот на инвазијата. „Ситуацијата во Мариупол останува исклучително тешка“, рече тој. „Непријателската артилерија ја гранатира нашата тврдина Азовстал“, фабриката за челик каде што има украински војници и цивили.

Read More