Author: Mirjana

Владата на денешната 30-та седница, го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја. Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности.  На денешната седница Владата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош, за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот…

Read More

Инсистираме сите спорови да се решат сега – пред почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. За да нема никогаш повеќе предуслови Бугарија да го запре овој процес. Работиме и се стремиме кон брза патека врз основа на  решени проблеми, а не за идни недоразбирања и нови блокади. Има многу аргументи против гнасната и ненамерна позиција пред која сега сакаме да ги затвориме очите. Тие имаат за цел да ги игнорираат овие прашања за тие или никогаш да не се решат или да направат сериозна замка во процесот на европската интеграција на РСМ. Членството во ЕУ треба да…

Read More

Годинава прославуваме 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност: беше воведен денарот како наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. Со ова беше целосно заокружена независноста на нашата држава. Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност и визија работеa на градењето на она што го имаме денес ‒ стабилна домашна валута и современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка. На овој пат, институцијата се соочуваше со голем број предизвици, како во однос на…

Read More

Откако Руската државна регулаторна агенција Роскомнадзор,  минатата недела објави дека  го блокирала пристапот до Instagram откако Meta им дозволи на украинските корисници да го користат терминот „ Смрт за рускиот окупатор“, сега се најавува дека Русите си креираат своја социјална мрежа РОСГРАМ.  На РОСГРАМ  исто така ќе се споделуваат само слики и видеа а според најавата целосно функционална ќе биде од 28 март.

Read More

Сојузништвото од поранешна Југославија, Република Северна Македонија и Република Словенија го продолжуваат и во изминатите три децении по распадот на некогашната заедничка држава. Република Словенија е прва држава која ја призна тогаш Република Македонија и со која воспостави дипломатски односи а со тоа е и прва држава која отвори амбасада во земјава. А точно првата амбасада што ја има отворено нашата држава во странство, беше онаа во Љубљана, беше речено на заедничкото одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави. – Денешниот настан е суштинска точка на тоа пријателство, кое се одвива во континуитет. Ја имавме…

Read More

Чистиот воздух и заштитата на животната средина се едни од најважни теми за младите од Балканот, но потребно е подигање на еколошката свест уште од мали нозе. Технологијата и дигиталните алатки треба да се искористат за да се поттикне промена – ова се заклучоците од серијата фокус групи со млади луѓе – студенти од Македонија, Албанија и Србија за тоа како различни еко-апликации може да помогнат во подигањето на јавната свест за заштита на животната средина. Фокус групите кои беа спроведени од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во текот на месец февруари годинава, покажа дека…

Read More

– Комитетот на министри на Советот на Европа донесе одлука: Руската Федерација од денеска, 16 март, престанува да биде член на оваа организација. Оваа одлука е донесена „поради неоправданата и без никаква причина предизвикана руска агресија врз  Украина“, се наведува во објавата на оваа најстара европска организација. Русија пак соопшти дека донела „своеволна, избалансирана и промислена одлука,преку Парламентот кој едногласно заклучи дека Руската Федерација повеќе не треба да биде држава членка на Советот на Европа, се наведува во образложението на Руската федерација.   Комитетот на министри денеска одржа вонредна седница свикана по повод  известувањето од руското Министерство за надворешни работи за…

Read More

Одлуката на претседателот Владимир Путин да ја нападне Украина, заедно со воведувањето на сè построги санкции кон Русија, постојните ограничувања во снабдувањето и растечката постпандемија, ги зголемија цените на суровата нафта на рекордно високо ниво. Последните геополитички настани заедно со енергетската криза во Европа, како и клучната зависност од увозот на руска нафта и природен гас, го натера Вашингтон да бара алтернативни извори на сурова нафта. Притисокот да се најдат алтернативни извори на снабдување е зголемен со забраната на Белата куќа за увоз на руска нафта, пишува Oilprice.com . Во она што може да се толкува како циничен потег на…

Read More

Трговски дуќани во Струга и во Дебар се соочија со вкупно 11 казни од Државниот пазарен инспекторат за само два дена контролни активности. – При контрола во трговијата, во саботата и понеделникот екипите на Државниот пазарен инспекторат изрекоа девет мерки во Струга и две во Дебар. Казните се за непочитување на одлуката за висината на маржата, односно применување маржа повисока од три отсто, додека забележавме почитување на цените на безпрофитните производи. На сите субјекти им се исречени казни од по 7.000 евра, изјави раководителот на одделението во Струга, Шпендим Илјази. Тој упати апел до граѓаните да пријават на нерегуларности на…

Read More

И менаџер на американска компанија ни доаѓа на почетокот на април, на средба за евентуална реализација на инвестиција во Македонија. Во прашање е сериозна компанија која сака да инвестира во овој регион, рече Деспотовски.   Две компании кои веќе работат во Технолошко индустриските развојни зони во земјава, побарале да им се овозможи нивните фирми ќерки кои се сеуште во Украина, да го преместат своето производството од Украина во земјава, информира директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.  За оваа можност било разговарано пред околу две недели, информираше директорот Деспотовски на денешниот брифинг со новинарите. Доколку нема промена на плановите и барањата од двете…

Read More

51 украински бегалец се засолниле кај роднини и пријатели во земјава. Информацијата ја потврди претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити кој рече дека овие лица претежно биле сместени кај роднини и пријатели. „30 се во Скопје, 13 во Гевгелија, 2 во Валандово, 3 во Струмица и останатите се во Прилеп. Тие се сместени претежно кај роднини и пријатели, но не значи дека системот не е подготвен за колективно сместување. Има дефинирано одредени објекти од страна на Владата, во случај на поголем прилив на бегалци сместувањето ќе биде во тие објекти. Хуманитарната помош и здравствената криза за…

Read More

Новите сателитски податоци открија дека Арктикот се топи со „застрашувачка брзина“ поради вишокот топлина создадена од емисиите на стакленички гасови. Повеќегодишниот морски мраз на Арктикот беше приближно 50 сантиметри потенок во 2021 година споредбено со 2019 година. Тоа значи дека за само три години мразот се стопил за околу 16 отсто. Масивниот дебел слој мраз го замени помалку стабилниот сезонски морски мраз кој ионака целосно се топи секое лето.Во текот на изминатите 18 години, зимскиот морски мраз во Арктичкиот Океан изгуби третина од својот волумен, неверојатна количина што можеби беше потценувана во минатото, велат истражувачите. Тоа е прва студија која…

Read More