Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две украински и една чешка фирма ќе се селат во Македонија поради војната

0
By Mirjana on March 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 16, 2022 11:59
И менаџер на американска компанија ни доаѓа на почетокот на април, на средба за евентуална реализација на инвестиција во Македонија. Во прашање е сериозна компанија која сака да инвестира во овој регион, рече Деспотовски.  
Две компании кои веќе работат во Технолошко индустриските развојни зони во земјава, побарале да им се овозможи нивните фирми ќерки кои се сеуште во Украина, да го преместат своето производството од Украина во земјава, информира директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. 
За оваа можност било разговарано пред околу две недели, информираше директорот Деспотовски на денешниот брифинг со новинарите. Доколку нема промена на плановите и барањата од двете компании, нивната преселба тука би се одвивала многу брзо.
– Доколку нема промена во ова барање, за кое беше разговарано со компаниите пред околу две недели, трансферот на производствените капацитети би се реализирал брзо, за три до шест месеци, изјави Деспотовски и додаде дека иако не треба да се радуваме на вакви ситуации, бидејќи се поради украинската криза, ќе им излеземе во пресрет на компаниите, појасни директорот на ТИРЗ.
Станува збор за фирми кои заеднички имаат потреба од безмалку 3.200 вработени. Првата компанија би имала потреба од вработување на 2.000 лица, а втората би требало да ангажира околу 1.200 вработени.
На презентацијата за зелени економски зони вчера во ТИРЗ и една Чешка компанија пројавила интерес за преместување на своето производство од Русија. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија. 
Според Деспотовски, се зголемува и интересот странските инвестиции кои првично биле планирани за Централна и Источна Европа, сега да се префрлат во Северна Македонија.
Во земјава се токми да инвестира и компанија од САД

Тој додаде дека има најави и за други вложувања од компании кои планирале таму да се прошируваат, но сега ги менуваат плановите.

– И менаџер на американска компанија ни доаѓа на почетокот на април на средба за евентуална реализација на инвестиција во Македонија. Во прашање е сериозна компанија која сака да инвестира во овој регион. Ние имаме планови за развој на зелена зона во Гевгелија, која се планира да биде со постапка на јавно-приватно партнерство.  А за индустриска зона Скопје 3 се планира да биде зона за инвестиции од исклучиво висока технологија, а и оваа зона би била доделена преку јавно-приватно партнерство, изјави Деспотовски.

Извозот за првпат над три милијарди евра

Во првите два месеца од годинава, забележан е пораст на извозот и на увозот од компаниите во ТИРЗ, во однос на истиот период лани, а исто така, има  зголемување и во февруари во однос на јануари годинава. Деспотовски  обелодени дека, за првпат, извозот надминал сума од три милијарди евра и дека нема застој во инвестициите, и покрај кризата. Дел од компаниите најавуваат дури и проширување на капацитетите.

– За над 35 проценти е зголемена исплатената државна помош кон фирмите во зоните, што укажува дека државата има капацитет навреме да си ги исполнува обврските кон инвеститорите и дека инвестициите се реализираат со забрзана динамика. Во изминатите 15 месеци на две компании во два наврата предвреме им беше исплатена државната помош, бидејќи и тие предвреме ги исполнија обврските за предвиденото ниво на инвестиции и достигнувањето на одредениот број работни места, нагласи Деспотовски.

(Љ.Б.)
Две украински Јован Деспотовски поради војната ТИРЗ ќе се селат Украина чешка фирма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.