Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија од 10 до 14 март 2022 година одбележуваат 79 години од холокаустот на македонските Евреи. На 11 март 1943 година, 7144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот на смртта Треблинка, што претставува и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот. Програмата опфаќа комеморативни активности во Битола, Штип и Скопје., кои ќе се одржат утре. Централните активности ќе се одржат во Скопје на 10 и 11 март. На 10 март, во 19:30 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска учествуваше и се обрати на дводневната конференција „Врската меѓу добросостојбата и училишните постигнувања кај учениците“, која денеска и утре се одржува во Скопје, како заедничка иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, Британската амбасада во Скопје, Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). На свеченото отворање на конференцијата, покрај премиерот Ковачевски, се обратија и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и претставничката на УНИЦЕФ во нашата земја Патриција Ди Џовани. Претседателот на Владата Ковачевски истакнувајќи дека за него од аспект на родител и…
Првиот човек на Агенцијата за Национална Безбедност Виктор Димовски во рамки на промоцијата на книгата „Основи на безбедност – Концепциски безбедносни пристапи” од професор д-р Марјан Ѓуровски која се одржа денеска во Скопје, се осврна на актуелната ситуација во поширокиот регион во контекст на воената интервенција на Русија врз Украина, коментирајќи дека тоа ги усложнило безбедносните состојби во Европа во целост. -Непосакуваниот развој на настаните од руската агресија врз Украина во огромна мера ги усложни безбедносните состојби во Европа и глобално, но имаат реперкусии и врз националните безбедности на државите во регионот на Западниот Балкан. Сведоци сме на бегалска криза…
Патувањето во вселената веќе не е неостварливо за сите кои сакаат да ѕирнат во големото пространство на Универзумот. Ова го овозможува НАСА која нуди шанса да го испратите вашето име на следната мисија на Месечината, која е во фаза на подготовка а е именувана како „Артемис I“ во вселенскиот центар „ Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида. НАСА, со цел да ја одбележи мисијата, ќе дозволи секој, бесплатно да го стави своето име на флеш-драјвот што ќе биде инсталиран на капсулата „Орион“. – Се подготвуваме за „Артемида I“ – и сакаме да ве земеме со нас – напиша НАСА на својот…
Денеска по иницијатива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, се одржа он лајн состанок со министрите и претставниците од министерствата за земјоделство на Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска и Косово, на којшто се разговараше за случувањата со војната во Украина и потенцијалните влијанија на тековната геополитика врз земјоделскиот сектор на земјите од регионот, состојбата со одржување на пазарите и снабдување со храна. Регионалните министри посочија дека имаат отворена соработка и се заложуваат за одржување на стабилноста за снабдување со храна во регионот. „Заеднички заклучок е дека граѓаните на Северна Македонија, како и граѓаните од регионот не…
Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија ОН. „Главниот директор, рече дека е изгубен далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем во Чернобил“, соопшти МААЕ. МААЕ, меѓу другото, ја следи безбедноста на нуклеарниот материјал. Нападот на Русија врз Украина, што почна на 24 февруари, го предизвика гневот на меѓународната заедница, а Европската унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД воведоа економски санкции кон Москва. Според Агенцијата на ОН за бегалци…
И покрај значителните достигнувања што се случија од поставувањето на станиците за мониторинг на квалитетот на воздухот, и системите што ја известуваат јавноста во државите во регионот, квалитетот и количината на податоци не достигнаа задоволителни нивоа, а официјалните резултати треба да бидат многу подостапни и разбирливи, како што соопштија од Европскиот фонд за Балканот, при спроведувањето на својата кампања „Oбединет Балкан за чист воздух“ со партнерите од регионот. „Граѓаните на Западен Балкан имаат право да ги знаат нивоата на загаденост на воздухот и да бидат информирани за секоја промена што ќе се случи. Ова е исто толку важно како и…
Синоќа при зајакната контрола на сообраќајната полиција во периодот меѓу 18.00 и 02.00 часот казнети се 65 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија. Од нив, информираа денеска од МВР, 20 се на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Американскиот претседател Џо Бајден, се очекува денеска да објави дека го прекинува увозот на нафта од Русија, јавуваат тамошните медиуми. Европската Унија во меѓувреме не постигна целосен консензус за ова прашање. Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта кои би биле долгорочни. -Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа.Не зборуваме за краткорочни скокови на цените, туку за постојано високи цени на фосилните горива. Мислам дека секој треба да замисли што всушност значи тоа. Германскиот министер…
Повеќе од два милиони бегалци, вклучително и еден милион деца, ја напуштија Украина, објави Њујорк Тајмс. – Напредокот на Русија е забавен, но бројот на цивили расте, стои во денешната објава на весникот. – Неселективните напади оставија многу Украинци без струја и без можност да побегнат, но за прв пат се чини дека хуманитарниот коридор трае доволно долго за да им овозможи на стотици луѓе да избегаат од еден град.
Министерството за финансии има успешна соработка со Европската инвестициска банка која е подготовена да ја продолжи поддршката на РС Македонија во финансирањето на клучните проекти за развојот на државата во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и зголемување на конкуреноста на домашните компании. Ова беше констатирано на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими кој е домаќин на делегацијата предводена од потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова. Министерот на средбата ја истакна посветеноста на Владата на енергетска транзиција и на промена на енергетската структура во земјата, која ќе обезбеди сигурност во снабдувањето со енергетски ресурси со фокус на…
Како да се задоволи недостигот од понуда на нафта во услови на висока побарувачка – сите очи насочени кон Венецуела. Руската инвазија на Украина може да и ја понуди на Венецуела шансата што ја бараше да го убеди Бајден да ги намали или отфрли американските санкции врз нејзината нафтена индустрија. Додека земјите ширум светот воведуваат санкции кон Русија и големите нафтени компании се повлекуваат од руските операции, ќе има неизбежно намалување на снабдувањето со нафта во светот. Прашањето е како овој недостиг од понуда може да се задоволи на краток рок бидејќи светската побарувачка останува висока, ја наметнува дилемата угледниот…