Author: Нова ТВ

Премиерот Зоран Заев верува дека  по вчерашниот договор помеѓу пратениците во Собранието, законите од петтиот пакет економски мерки во наредните денови ќе  бидат изгласани и од наредната недела ќе почне нивната примена. -Одлуките се донесоа, комисиите веќе работат, денеска, утре, задутре, заради тоа што законите се по скратена постапка и верувам дека во наредните денови веќе Парламентот ќе ги изгласа. Се работи за закони од петтиот пакет мерки. Компаниите ги поднесоа обрасците за плати, секако труд и социјални работи и УЈП веќе ги имаат категорите кои треба да добијат 6.000 денари поддршка од оние кои не добија претходниот пат, и…

Read More

Премиерот Зоран Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји. -Очекувам масовно прифаќање на вакцините во РС Македонија. Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцинацијата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите, рече премиерот. Како…

Read More

Во континуитет се работи на расчистување на околината на поранешната фабрика ОХИС, каде се депонирани голем број на отровни материи, се вели во одговорот на Министерството за животна средина и просторно планирање за МИА во врска со состојбата со лиданот во поранешниот хемиски гигант. ОХИС и линдатот се уште се горлива тема, со оглед на тоа што  според проценките околу 50 илјади тони линдан биле закопани на малата и големата депонија во ’70-те и ’80-те години на минатиот век, кои се закана за здравјето на жителите на главниот град, но и за воздухот, водата и почвата. Според претставниците на О2…

Read More

Политичките елити сфатија што треба да прават, стар рецепт од Сицилија. Полека, но сигурно инфилтрираат свои луѓе во полицискиот и правосудниот систем. За оние кои пружаат отпор, следуваат уцени, мито, медиумска харанга.

Read More

Денеска Комисијата за заразни болести ќе одржи редовен состанок на кој ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот. По завршувањето на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се знае дали до Владата ќе бидат препорачани построги мерки, односно викенд-карантин. Според експертите во овој нов бран на ковид 19 најпогодена е и младата популација. Според статистиката деновиве имаше млади лица на возраст од 23 и 24 години кои починаа од компликации со вирусот. Во земјава на сила е полицискиот час кој трае од 22 часот до 5 часот наутро. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот…

Read More

Европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, по денешната средба со македонскиот министер за правда, Бојан Маричиќ, соопшти дека е „импресиониран од иницијативите преземени во сферата на судството и владеење на правото“ што ги презема владата во Скопје. „Овој сектор е клучен за европската интеграција и Европската комисија останува посветена на европската перспектива на Северна Македонија и целиот регион на Западен Балкан“, дополни Хан на Твитер. Во соопштението на Министерството за правда се вели дека Маричиќ разговарал со Хан за реформите во правосудството и процесот на дигитализација на судовите. „Во Европската унија има подготвеност конкретно да помогнат овој процес…

Read More

На Собранието ќе му биде потребно уште време за да ги донесе трите закони од петиот пакет антикризни мерки за Ковид-19, бидејќи пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3.000 амандмани на вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцунски, на седницата информирал дека се поднесени амандманите и соопштил дека тие ќе бидат се проследени на превод на албански јазик, по што Комисијата повторно ќе се состане. Тоа, според информации од Собранието, би можело да се случи по неколку дена. Бидејќи законите се по скратена постапка,…

Read More

Ако може да се суди според зборовите на еден од водечките научници од тимот што ја произведе вакцината на АстраЗенека, поради критиките што доаѓаат од ЕУ, цената на таа вакцина може да се зголеми, пишува Индекс.хр. Џон Бел, канадски имунолог и генетичар и професор на Оксфорд, кој беше еден од клучните научници во развојот на вакцината на АстраЗенека, во интервју за британски Телеграф рече дека АстраЗенека може да ја доведе во прашање претходната одлука да не профитира од вакцината, поради критиките од Европската унија. Тој тврди дека на АстраЗенека никогаш не и било одадено признание за одлуката да не заработи…

Read More

Мнозинството европратеници вчера изразија поддршка за брзо воспоставување на дигиталниот зелен сертификат, што за цел го има олеснувањето на слободно и безбедно движење во Европската унија за време на пандемијата. Европратениците одлучија да го забрзаат процесот на одобрување на зелени дигитални сертификати, за да може да бидат прифатени до летово, што ќе овозможи безбедно и слободно движење за време на пандемијата, соопшти ЕП. Со 468 гласа „за“, 203 „против“ и 16 воздржани, пратениците вчера гласаа за итната постапка што овозможува побрзо парламентарно испитување на предлогот на Европската комисија, притоа целосно почитувајќи ги демократските овластувања. На пленарната расправа во средата, мнозинството…

Read More

Премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук се прости со актерот Луран Ахмети кој на само 46 години ја загуби битката со коронавирусот. Длабоко потресна е веста за смртта на еден од најталентираните актери на Албанскиот театар Луран Ахмети. Луран замина, но зад себе остави длабоки траги на театарската сцена и ликови за паметење во повеќе странски филмски и телевизиски проекти. Упатувам најискрено сочувство до семејството во овие моменти на длабока тага, напиша Заев на Фејсбук.

Read More

Премиерот Зоран Заев вели дека ја прифаќа понудата од страна на Мицкоски за организирање на тет-а-тет средба, објавува ТВ21 „Секако да, прифаќам“, вели Заев Вечерва лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ повика на тет-а-тет средба со Зоран Заев на која би се разговарало за сите теми. „Да разговараме за сите оние проблеми кои се од животно значење. Од кризата со пандемијата до работата на парламентот. За се она што отворено во моментов и стои на маса“, рече Мицкоски. Прашан, дали и другите лидери на политички партии ќе бидат повикани, на што Мицкоски рече дека зборува за тет-а-тет средба помеѓу двајца,…

Read More