Author: Нова ТВ

Организацијата „Глобална воена сила“ (Global firepower) ја објави листата на најмоќни воени сили во светот. На прво место е САД со индекс од 0,0718, а потоа следат Русија, Кина, Индија и на петто место е Јапонија. Од балканските држави најмоќна воена сила е Србија, со индекс од 1,0063 и е на 61 место во светот. Хрватска е на 63 место, Словенија на 88, Албанија е 113, Босна и Херцеговина е 121, Црна Гора е 123 и Северна Македонија е на 133 место со индекс 5,0801. Најмоќна европска воена сила е Франција, која е на седмото место, потоа Велика Британијa е…

Read More

Интернет страницата vakcinacija.mk преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, треба да профункционира од денеска. -Секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче. Освен по електронски пат со регистрација на интернет-страницата за вакцинација, пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“. Утврдено е како ќе се спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19. Капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот…

Read More

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошски и покрај негирањата, сепак бил осудено лице во Германија. Имено, порталот А1он ги обелодени документите кои се напишани на германски јазик, а кои говорат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда во 2004/2005 година дека Милошоски сторил дело, заведено во тамошниот систем како „добивање придобивки“. Како што посочуваат, во документите има и број на предметот и датум на пресуда, а првиот дел на документот укаува на негови лични податоци и адреса на престој во Германија. Претходно Милошоски, негираше дека е осудено лице во Германија, но потврди дека во периодот кој стои заведен…

Read More

Поранешната пратеничка Фросина Ременски во „Клик Плус“ на ТВ21 говореше за случувањата на Факултетот за безбедност, за периодот од 2012 година кога се случи афера откако случајно таа открила дека Факутлтетот поседува три врвни лаборатории за крим вештачења, но опрема која никој не ја видел. Лабораториите веднаш по доделувањето на Факултетот, биле предадени на МВР. „Кога се добиваат тие лаборатории, без да се донесе одлука, со записник на примопредавање, тие се носат во МВР, наместо на Факултетот за безбедност. Записниците ги потпишуваат вработените во МВР, лажно вработени на Факултетот. Што е поинтересно? 9-10 месеци подоцна Владата носи фиктивна, лажна одлука во…

Read More

Професорката Фросина Ременски, поранешен продекан за настава на Факултетот за безбедност и поранешен пратеник, во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 говореше за фамозната опремата која требало да дојде на Факултетот, а никогаш никој не ја видел. Поради тоа Ременски поднесува и кривични пријави. Таа рече дека се фалсификувале одлуки на Факултетот, а исто така во рамките на тој фалсификат се вклучуваат и лица на МВР, кои воедно, се пријавиле како вработени на факултетот, и се раководители на проекти. „Министерството преку јавен повик ги повикува факултетите кои сакаат да аплицираат. Во рамките на самите факултети, одлучуваат да аплицираат, да изготват…

Read More

Министрите во Владата на денешната седница ја разгледаа и прифатија Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Националната програма, која оваа година е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО. На седницата на Владата е донесен заклучок со кој се укажува на Народна Банка на Северна Македонија во рок од 5 дена до Владата на Северна Македонија да достави предлог одлука за изработка на пригодни ковани пари, по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески”. Министерството за култура, Министерството за образование и…

Read More

Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија, рече премиерот Зоран Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци во Владата. На средбата, информираат од владината прес-служба, средношколците, како претставници на Сојузот му ги образложија на премиерот Заев своите барања, повикувајќи се на образовните модели во Франција, Белгија и Обединетото Кралство, каде е намален бројот на предмети, кои матурантите ќе ги полагаат годинава. Сослушувајќи ги претставниците на Сојузот на средношколци,…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери му ја врати граѓанската иницијатива за собирање потписи за поништување на Законот за попис на населението на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како подносител на истата. Во дописот од Џафери до Мицкоски се вели дека му ја враќа граѓанската иницијатива поради тоа што не е доставена до надлежниот орган Собрание на Република Северна Македонија. Исто така се вели дека во правниот поредок на Републиката не постои Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша: “Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на…

Read More

За разлика од министерката за образование и наука Мила Царовска која не сака да дискутира, премиерот Зоран Заев има волја што побрзо да се најде некое решение за проблемот со државната матура за да не изгубат време матурантите кои планираат да се запишат на странските универзитети, порача претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи по средбата со премиерот во Владата. Со премиерот, посочи, дискутиравме кои се можните компромисни решенија доколку измените на Законот не се гласаат во Собрание. -Му кажавме дека сме подготвени да направиме комбинација дали да имаме укинување на еден интерен испит или на еден екстерен испит за…

Read More

„Секако дека има правда, но дали е доволна, можеме да дискутираме. За разлика од пред неколку години, од првите „бомби“ наваму се отворија многу процеси и денес имаме различна ситуација, имаме попатни разочарувања, би рекол падови и напредок, но сите очекуваме да биде подобро. Во многу ситуации нема правда, во многу институции. -За да се солидаризираме со граѓаните, тргнавме со идејата и за формирање на СЈО, за реформи во правосудството, за прочистување, и сите напори се во таа насока. Битката не е завршена, но дека сме тргнати на вистински пат, трнати сме. Јас ќе бидам задоволен со правда сите случаи…

Read More

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји не сакаше да потврди дали поднел предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Вархеји денеска на прес-конференција посветена на јужното соседство на ЕУ, кусо искоментира само дека Европската комисија се надева дека почетокот на преговорите со Северна Македонија ќе се „деблокираат што е можно побрзо“. Земјава од минатата година е блокирана од страна на Бугарија за почетокот на преговори со ЕУ, поради билатерален спор. Бројни дипломати минатата година брифираа дека еврокомесарот Вархеји поднел предлог за решавање на спорот кој одел во прилог…

Read More

Во Бугарија се мобилизираат на сите начини за да ги  уверат земјите членки на Европската унија во исправноста на аргументите на Софија околу македонскиот јазик и историјата. Така, за 15 фебруари во Софија е најавено објавувањето на „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Македонија“ како приватна иницијатива, во која според најавите ќе бидат презентирани примери „за кражба на бугарската историја, за уништување на бугарските споменици и за репресија врз  Македонците кои се сметаат себеси за Бугари“. За да бидат аргументите поуверливи, тимот што ја подготвил Белата книга вклучува и двајца автори од Македонија кои се декларираат како Бугари…

Read More