Author: Нова ТВ
Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи кои треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија. Во Програмата за економски реформи 2021-2023 се опфатени 20 приоритетни мерки (реформски области), кои треба да се спроведат во наредните три години во насока на реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на…
Туристичките агенции бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати, без изоставување на јануари и зголемување на капацитетите во автобусите. Во денешното соопштение тие наведуваат дека финансиската поддршка за плати треба да биде во континуитет бидејќи, како што велат, секој месец се зема плата, а стигнуваат опомени за блокирање на сметките. Поради стабилизирање на ситуацијата со Ковид-19, бараат да се врати и условот за 75 или 100 процентна исполнетност во автобусите. – Авионските компании и во екот на пандемијата сообраќаа со целосна исполнетост на нивните авиони, па зошто да не можат и автобусите. Во време кога се трудиме да изработиме…
Северна Македонија и Грција преку пријателството промовираат стабилност во целиот Западен Балкан, констатираа премиерот Зоран Заев и новиот грчки амбасадор во земјава Русос Кундурос на денешната средба во Владата. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството меѓу двете земји, преку унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека е веќе во фаза на реализација. -Изразена е поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи, се…
Министерката за труд и социјaлна политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски на која што разговaрaa за претстојниот попис на населението на Република Северна Македонија и за потребата од евентуална меѓусебна соработка во делот на попишување на бездомните лица. Пописот на населението, како статистичка операција ќе биде спроведена од Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања. Притоа, од страна на директорот на ДЗС, Симовски беше истакнато дека институциите се подготвени, како и дека пописот ќе биде спроведен со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно меѓународните стандарди и критериуми…
Во интервју за софиската агенција Фокус, членот на Бугарската социјалистичка партија Петар Мутафчиев, потенцира дека никој не го негира правото на самоопределување, односно Македонците да се нарекуваат Македонци. „Нека бидат нарекувани така, ние сме Бугари. Нека зборуваат македонски, тоа е целосно нивно право. Нека работат за доброто на македонската држава, но да не се обидуваат да го менуваат минатото“, посочи Мутафчиев. Инаку, тој е претставен како потомок на преродбеникот Кузман Шапкарев. Па така, според Мутафчиев, никој нема да се согласи да се прави каков било „процес на преродба на историјата“. „Никој не е заинтересиран за тоа. Ајде да гледаме напред…
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи и вицепремиерот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денес во рамки на агендата остварија работна средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставик за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Средбата главно имаше фокус на иднината на политиката за прширување, особено во рамки на усвојувањето на новата Методологија и можностите кои ги нуди за динамизирање на процесот, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија, важноста и придобивките од регионалната соработка и унапредувањето на добрососедските односи како клучни елементи за европската перспектива, како за земјата, така и за целиот регион.…
Судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ денеска продолжи со дополнение на доказна постапка. Во судот свој исказ на денешното рочиште даде вештото лице Ѕвонко Кочовски, кој истакна дека во моментот на ништење на системот за прислушување „Најс“ неговата вредност била 1.4 милиони евра. Одбраната на обвинетите реагираше дека дирекното испрашувањето на овој вештак е преседан во правото од причина дека својот исказ го даде по предлог на судот. Ставот на обвинителството беше дека во однос на ова прашање е воспоставена судска пракса во предметот „Тенк“, и дека не станува за преседан во правото. Одбраната на обвинетата Гордана Јанкуловска, во своите вкрстени прашања побара…
Средношколците испратија зрела порака до политичките парии, со нивното масовно пријавување за државната матура. Имено, во С.Македонија има 16.500 матуранти кои го завршуваат четиригодишното средно образование. Од нив, 15.000 односно 93% се пријавиле да полагаат државна матура. Инаку, големиот интерес кај оваа група покажува дека се свесни за понатамошниот образовен процес и јасно им е дека само доколку имаат положено државна матура ќе можат да се запишат во високобразовните институции. Оваа година матурата ќе се полага согласно утврдениот концепт, во чие дефинирање учевствувале и самите средношколци. За следната година се најавува целосно нова концепција на државната матура, според современи стандарди.…
Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Клиник креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот. Како што информираа денеска од ТАВ Македонија, почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање на клиничката болница „Жан Митрев” е распоредeно пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до…
Поради наметната обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лицентите, со барање и поведување постапки за нанесена материјална штета и поведување на постапки пак, за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, постои можност да се предизвика и директна материјална штета по однос на Буџетот, кој вака ако остане, ќе биде покус за 250 милиони евра, средства што инаку придонесуваат во државната економија, велат од АСОМ. Инаку, почетокот на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, наиде на силна реакција од страна на…
Еве како изгледа напуштениот и неуреден простор на Мавровка што набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје, најави предмалку градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој за денеска има закажано и прес-конференција токму таму, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Но, сепак, поради временските непогоди, таа е откажана. Во претходниот период, започна изградбата на зелениот покрив на Домот на градежници, а лани беше завршен и зелениот покрив на ГТЦ. Со ваквите зелени покриви, се намалалува температурата на воздухот околу овие објекти, а секако, воздухот станува почист.
Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека прашањето за словенечко-хрватското разграничување е решено со договорот за арбитража на границата и дека ова прашање не е поврзано со одлуката на Хрватска да прогласи ексклузивна економска зона на Јадранот. -Морската граница беше одредена со арбитражниот договор, како и главниот тек на копнената граница, а се уште не е утврдено само како да се имплементира оваа одлука на арбитражата, рече Пахор во синоќешното интервју за словенечката телевизија, пренесе хрватскиот портал Индекс. Одговарајќи на прашања во врска со односите со Хрватска, Пахор повтори дека прашањето за границата веќе не претставува проблем за Словенија и рече…