Author: Нова ТВ

По неколкудневно консултирање со правни експерти претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата, се вели во соопштението од неговиот кабинет. Со тоа заврши легислативната фаза на пописот, а сега по неговото потпишување во „Службен весник“ треба да се објави и методологијата која ќе се користи при потпишувањето.…

Read More

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Северна Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година. Во лабораторијата во Македонска академија на науките и уметностите се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со КОВИД-19 од нашата држава со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација, начинот на…

Read More

Независната угостителска комора (НУК) за петок, 29 јануари, во 14 часот доби покана за работна средба со вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи по основ на доставените и предложени барања и очекувања од Владата за поддршка и помош од петтиот сет економски мерки, информира претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски. Средбата, како што соопшти, била потврдена денеска во 10 часот од Кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и на неа во име на целокупната угостителска индустрија ќе имаат можност да дадат придонес во креирањето…

Read More

Живко Мукаетов ќе остане претседател на Ракометната Федерација на Македонија и во наредните четири години, откако на една недела пред Изборното собрание, ја доби поддршката од сите 54 ракометни клубови. Сите ракометни колективи со право на глас писмено изразиле поддршка на Мукаетов, со што тој ќе биде единствен кандидат на Изборното собрание и согласно регулативите кои налагаат дека еден клуб кој има свој делегат на собранието, не може да даде поддршка на двајца претседателски кандидати, ова значи дека Мукаетов нема да има противкандидат и со акламација ќе добие нов четиригодишен мандат. Живко Мукаетов од март 2013 година е на чело…

Read More

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во однос на вчера, со што езерото за 32 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, при што нивото е за 1,35 метри пониско од просекот за јануари. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на останатите две природни езера се исти како вчера, но нивото на Дојранското Езеро е за 3,01 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец, додека водостојот на Охридското Езеро е понизок за девет сантиметри од просечниот. Повисоки од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава и бележат дополнително зголемување…

Read More

Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 година некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе, (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го кажа сведокот Чадиковски, во случајот „Титаник“, каде додаде дека откако изворот им ги доставил списоците заедно со колешките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска одржале колегиум каде е одлучено да се истражи новинарски аферата „Списоци“. – Почнавме да истражуважме, не сакавме само така да ги објавиме документите. Материјалите ги снимавме тонски преку телефон. Се јавуваме на луѓе на списоците, се преставувавме како дел од…

Read More

САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, смета поранешениот шеф на бугарската Национална разузнавачка служба, генерал Димо Ѓуров. Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата админстрација на американскиот преседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување кон Западна Европа и затоа може да се очекува притисок од Вашингтон за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. – Поради тоа, ние треба да ја аргументираме нашата позиција зашто Американците разбираат аргументи и јасна позиција, и таа задача е во рацете на бугарската…

Read More

Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески заслужува најголема почит и благодарност. Заслужува, еден век од неговото раѓање, 2021-вата да биде година во негова чест. Ова го истакнува претседателот Стево Пендаровски во обраќањето преку видео-порака на отворањето на Зимската школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, литература и култура, којашто започнува денеска и е првата активност за одбележување на овој голем јубилеј. -Имам особена привилегија и чест да ве поздравам на почетокот на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Верувам дека задоволството кај сите нас е…

Read More

Во очекување на потписот на указот на Законот за попис од претседателот на државата Стево Пендаровски, лидерите на владејачките партии пред јавноста ја објаснуваат важноста од оваа статистичка операција, која во земјава треба да се случи по 19 години од 1 до 21 април. Премиерот и лидер на владејачката СДСМ повтори дека не гледа никакви причини за одложување на пописот, а очекува на почетокот на неделата Пендаровски по експертските консултации да го потпише указот за Законот за попис. Во однос на ставот на опозицијата му е драго што повеќе не го слуша повикот за бојкот и потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ нема…

Read More

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека неговите колеги од земјите членки на ЕУ во следните неколку часа ќе го разгледаат одговорот на апсењето на повеќе од 3.000 демонстранти во Русија во саботата. Пред состанокот на шефовите на дипломатиите од ЕУ тој кажа дека ЕУ ќе одговори на „загрижувачкиот развој на настаните во Русија“, пренесуваат британските медиуми. Во Русија  во саботата се одржаа масовни протести во врска со апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Read More

Првите антиковид вакцини од „Фајзер“ од директно склучениот договор со овој производител се очекуваат во земјава во средината на февруари. Се чека прецизирање и на терминот кога ќе ги добиеме вакцините од КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организација, како и известување за вакцините што ќе ни ги отстапат солидарно земји членки на ЕУ. Но, пред сите треба да стигнат вакцините од Србија, за што е потребна согласност од „Фајзер“, а се наменети за здравствените работници во КОВИД-центрите. Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека контактирал со неговата српска колешка Ана Брнабиќ и дека упатил и втора молба до „Фајзер“ за согласност да…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашања дали имал информации за некои други лица вмешани во случајот „Монструм“, тој рече дека такво нешто никогаш не споменал. -Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот, рече Заев.

Read More