Author: Нова ТВ
Цените на становите во пораст – се намалува бројот на издадени одбренија за градба. На пазарот со недвижности, конкретно со продажба на станови изминатиот период е регистриран тренд на поскапување на метар квадратен станбен простор, пишува „Порталб“. Позади ова стојат повеќе причини, а една од нив и мориториумите за градба кои се на сила во дел од општините. На истекот од 2020 година, Државниот завод за статистика регистрира „негативни“ трендови во градежниот бизнис. Во ноември во споредба со истиот месец минатата година е намален бројот на издадени одобрени за грдаба, но се намалува и вредноста на објектите кои треба да се изградат.…
Доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш нема да ги признаам резултатите, рече пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми што предизвика реакции во јавноста, пишува Дојче веле. Препирките, недоразбирањата и опструкциите околу одржувањето на пролетниот попис во Северна Македонија, ескалираа со политички лицитации околу исходот на најобемната статистичка операција. Претставник на партијата од албанскиот политички блок, којашто е дел од владината коалиција – ДУИ порача дека нема да ги признае резултатите од пописот ако Албанците се под 20 отсто. Ваквата изјава на пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми наиде на негативни реакции во јавноста. Неименувани извори од партијата…
Рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19. Следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битриќи, секоја мерка што се носи мора да оди парарелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните. Независната угостителска комора, пак, чека покана…
Бројот на заразените од Ковид-19 во земјава се намалува, а по празничниот период се враќа работното време на угостителските објекти засега до 21 часот и продолжуваат активностите за набавка на вакцини. Државава ги очекува најавените вакцини од Србија, а за овој процес се очекува солидарност и од земјите членки на Европската унија. Од ЕК вчера најавија дека ќе предложат механизми за споделување на вакцините со земјите надвор од ЕУ. – Треба да ги поддржиме нашите соседи да ги вакцинираат работниците во првите редови, на Западен Балкан, Источното Партнерство, Африка, и за тоа Европската комисија предлага механизам за споделување на вакцините…
Продолжуваат разговорите со Бугарија околу конкретни проекти, но Владата е со јасен став дека за Македонците, македонскиот јазик и идентитет нема простор за разговор. Во фокусот следните месеци е Акцискиот план кој е на меѓусекторска основа. Од Владата очекуваат тој да биде усвоен на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Бугарија за да биде адаптиран, прифатен и веднаш да се влезе во негово спроведување. Премиерот Зоран Заев вчера истакна дека политичкиот дел е нешто за кое што треба да се разговара по изборите во Бугарија. Појаснувајќи го Акцискиот план рече дека тој се адресира на транспортот, изградбата на граничните…
Станува збор за Татјана Михајлова поради злоупотреби со АКМИС. Во текот на 2020 година покрената е постапка за 107 судии, пишува Дојче веле. Судскиот совет донесе одлука за разрешување на судијка од Основниот кривичен суд во Скопје поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Таа се наведува дека го злоупотребила АКМИС-системот, кој електронски ги дели предметите кај судиите. Судијката подолг период не се појавувала во Судскиот совет, ниту на работното место во Судот за прекршоци. Постапката против неа била водена година и половина. „Не можам да ви кажам за кого одлучувавме, но факт е дека имавме посебна точка за утврдување одговорност…
Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, но и со истите дилеми за реформите коишто беа најавени минатата година, пишува Дојче веле. По завршувањето на зимскиот распуст, учениците од утре се враќаат на настава во Северна Македонија. Второто полугодие, како што најавија надлежните, продолжува со истите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, но и со истите дилеми со коишто заврши минатата година. А, нив ги предизвика нацрт-концепцијата за основното образование околу која се кршат копјата. Денеска е последниот ден за праќање коментари, предлози и сугестии за оваа нацрт-концепција која е поставена на веб-страницата на Министерството…
Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил,а пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД. На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата обоена и првата жена потпретседател на САД во нејзината историја. Претходно, церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме…
Наместо пријател, на северната граница, Грција ќе имаше свој непријател, ако Владата предводена од Сириза, своевремено отстапеше пред притисоците на Мицотакис и ако немаше сериозност, одговорност, решителност и храброст. Со таквото однесување, како што вели лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, би можело да има опасна ескалација, ако С.Македонија станеше сојузник на Турција и Реџеп Таип Ердоган. За време на расправата во грчкиот Парламент за законот за проширување на територијалните води во Јонското Море, Ципрас, говорејќи за надворешната политика на земјата, се осврна и на Договорот од Преспа и упати критики до грчкиот премиер Мицотакис за позицијата што тој и неговата…
Доналд Трамп ја стисна раката во тупаница и мавташе додека ја напушташе Белата куќа кон претседателскиот хеликоптер во средата за последен пат како претседател, оставајќи го зад себе наследството на хаос и бура и горчливо поделената нација. Четири години откако стоеше на сцената на неговата инаугурација и насликаше ужасна слика на „американскиот масакр“, Трамп ја напушти канцеларијата си двоен импичмент, со милиони повеќе без работа и 400.000 мртви од корона вирусот. Републиканците под негов надзор го загубија претседателството и двете конгресни комори. Засекогаш ќе остане запаметен по последниот голем чин на неговото претседателствување: поттикнување востание во Капитол што остави пет…
„Тоа е акциски план на секторска основа, каде што преку повеќе сектори, каде што очекуваме да биде усвоен на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и С. Македонија, за да биде прифатен и адаптиран и веднаш да влеземе во негово спроведување“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Според него, ова се адресира на транспортот, комуникацијата, изградбата на инфраструктурата, граничните премини, патиштата, образованието, здравството, културата и спортот. „Интерес е на двата народи да создадат убава атмосфера за отворените политички прашања“, смета Заев. За смената на членот на Историската комисија во преговорите со Бугарија, премиерот Заев истакна дека на историчарот Литовски му…
Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група со денешниот состанок на којшто присуствуваа преставници на директорите на основните училишта од секоја општина го продолжуваат широкиот консултативен процес во врска со реформите во основно образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат до крајот на наделата. Утре е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ. Министерката и заменик министерот за образование и наука, Мила Царовска и Арафат Шабани по средбата изјавија дека заклучокот од состанокот е дека концепцијата има широка поддршка од директорите, но дека како од секоја новина така и оваа постои…