Author: Нова ТВ
Поранешниот амбасадор на Европската унија во нашата земја, Ерван Фуере, ја повика Европската унија да се вклучи во решавање на македонско-бугарскиот спор, бидејќи во спротивно смета дека може да се заглавиме во оваа ситуација извесно време. – Мислам дека изборите во Бугарија, за жал, нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува. Европските институции треба да бидат поинвентивни во пристапот. Имаат инструменти кои треба да ги користат, како медијација, со поголем фокус на изучување на историјата. Многу, многу инструменти кои можат да се искористат, а да не се блокира почетокот на преговорите, вели Фуере…
Македонската репрезентација во одбојка вторпат по ред ќе игра на Европско првенство. Нашата селекција денеска дојде до потребниот триумф од 3:1 над репрезентацијата на Турција, и заедно одат во завршницата на ЕП кое ќе се одржи во вториот дел од годинава. Турција на првата средба славеше 3:1, но вечерва Македонија успеа да врати со иста победа, и заедно двете селекции да го потврдат местото меѓу најдобрите одбојкарски селекции. Првиот сет го доби Македонија со 25:19, додека во вториот гостите успеаја да вратат и со 25:21 и да израмнат на 1:1 во сетови. Во следните два сета беше крајно неизвесно, меѓутоа…
Пратеникот Љупчо Димовски е избран за претседател на Социјалистичката партија на Македонија на деветтиот конгресот на партијата што се одржа денеска во Кратово.Тој доаѓа на местото на Љубисав Иванов – Ѕинго, кој 25 години беше претседател на социјалистите, а почина во ноември, минатата година. Димовски е поранешен министер за земјоделство во една од владите на ВМРО-ДПМНЕ, и е еден од петтемина пратеници кои беа обвинети, а потоа амнестирани за насилствата во парламентот на 27 април. Димовски е дипломиран економист. Роден е во Велес на 9 април во 1959 година. До 2008 година работи како генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје.…
Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно, за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, комнтирајќи ја изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која откри случај со недоставување платни налози. Во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Маричиќ изјави дека, според планот на Владата за реформи во судството, важно е да се испитаат сите релации на еден судија и на еден обвинител, како…
Во последните 24 часа се направени 2.176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 164 -Куманово 17 -Тетово 12 -Прилеп 15 -Гостивар 16 -Штип 8 -Битола 4 -Велес 16 -Охрид 13 -Струмица 9 -Кавадарци 8 -Струга 5 -Кочани 9 -Кичево 10 -Гевгелија 2 -Неготино 4 -Делчево 6 -Дебар 7 -Крива Паланка 5 -Ресен 9 -Радовиш 4 -Берово 7 -Виница 1 -Валандово 2 -Македонски Брод 1 -Кратово 3 -Крушево 2 -Пехчево 2 Починати се 14 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца од Тетово, еден од Прилеп, еден од Охрид, двајца пациенти од Струмица и…
Новата американска администрација можеби ќе биде поприсутна на Западниот Балкан. Она што е важно за нас е дека тимот кој го формира Џо Бајден е далеку поискусен во однос на меѓународната политика и во однос на значењето на односите со европските партнери, вклучително и со балканските држави и навистина тука очекуваме многу поголем ангажман и интерес кон Западниот Балкан, изјави во интервјуто за МИА претседателот Стево Пендаровски. – Џо Бајден има и лични релации со овој регион, има и во времето на последните балкански војни доаѓано во регионот на различни меѓународни конференции, форуми, многумина од нас се имаат среќавано или…
„Тоа што им се случи на новинарите е непосакувана ситуација, тие беа на работното место и беа затечени од насилството. Јас сум целосно на страна на новинарите и како граѓанин и како политичар. Очекувам дека ова со пресудите ќе го надминеме, тоа е една одлука на Граѓански суд и очекувам новинарите кои имаат негативна одлука да иницираат жалбен процес“- одговори министерот за правда, Бојан Маричиќ, на Канал 77, зборувајќи за тоа дека судот ги отфрлил тужбите на новинарите кои беа изложени на насилниот упад во парламентот кога нивниот, заедно со животот на пратениците беше загрозен.
„Јас сум за прочистување на судството и на обвинителството, но да се откријат причините зошто застаруваат предмети, зошто имаме постапки по 15 години, кои се причините за тоа. Но, кога зборуваме за обвинителството и судството нам ни треба пошироко прочистување, да се види администрацијата како работи. Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви слуачи. Затоа…
– Идејата за членство во Европската економска зона која овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила и слободен транспорт на стоки, услуги и капитал, според шефот на државата Стево Пендаровски, е прифатлива само доколку биде дополнение и меѓузона кон нашето полноправно членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски во интервјуто за МИА посочува дека дека Европската економска зона нуди економски можности и не отвора кон заедничкиот европски пазар, но нам не ни треба само економија и профит, туку демократија и политичко искуство. Шефот на државата минатиот месец на онлајн конференција за Западен Балкан организирана од „Пријателите на Европа“ рече дека…
Премиерот на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, е избран за нов лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на онлајн-конгресот што се одржуваше вчера и денеска. Лашет го победи во вториот круг Фридрих Мерц освојувајќи 521 глас. Мерц доби 466 гласови. Претходно во првиот круг во водство беше корпоративниот адвокат Мерц, кој освои 385 гласови; зад него беше Лашет со 380, додека трет беше Норберт Ретген (претседател на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот) со 224. Победата на Лашет значи продолжување на прагматичната политика на партијата за време на Ангела Меркел. Оваа силна победа го става Лашет (поранешен европратеник и…
Пациентите меѓу 40 и 50 години го понесоа најголемиот ризик од ковид-19 и најмногу ги осетија последиците што ги остава вирусот, а бројките со компликации кај средната популација се најголеми, вели директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Mилена Стевановиќ. Таа вели дека се преполовени бројките на новозаболени и на пациенти на кои им треба хоспитализација и се надеваат дека се гледа крајот на пандемијата, ама тоа не треба да биде мотив за опуштање. – Ова ни покажува дека има надеж во справувањето и дури се гледа и крајот на оваа голгота, но никако тоа да не се…
Бугарскиот одговор на Акцискиот план, што претходно до Софија го достави Северна Македонија практично не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори, во него нема ништо суштинско различно од досегашните нивни позиции, вели претседателот на Република Северна Македонија во интервју за МИА. Со претседателот меѓудругото разговаравме за содржината на она што Бугарија ни го испорача преку специјалниот пратеник Владо Бучковски, и дали конечно истиот ќе го види јавноста, дали тоа е навистина анекс, а тој појаснува дека во никој случај не станува збор за нов договор, додаток на договор, протокол, анекс. „Не можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции, можеби некои…