Author: Нова ТВ

На примопредавањето на донацијата во Институтот за судска медицина, министерот Венко Филипче во изјава за медиумите посочи дека наскоро ги очекуваме првите дози од вакцините, по што вакцинацијата би започнала кон крајот на овој месец или евентуално на стартот на месец февруари. „Во првата група на вакцинација ќе бидат здравствените работници, како и оние лица над 70 години кои имаат ризични фактори. Во втората група ќе бидат оние здравствени работници со помал ризик, како и постарите лица, и оние со развиени коморбитети. Сите вакцини ќе бидат соодтвено сертифицирани, оттаму не гледам разлика помеѓу вакцините и како тие ќе пристигнуваат“, истакна…

Read More

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со појаснување на најновите измени на Законот за за безбеденост на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) кои веќе стапија во сила. Во прв план, како што појаснуваат од РСБСП, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок. – Важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични…

Read More

Дваесетина украдени икони веќе неколку години фаќаат прашина во витрините во два музеи во Албанија, чекајќи тамошните власти да донесат одлука за нивната судбина. Станува збор за непроценливо историско и културно богатство за кое Северна Македонија години назад се обидува да го врати во земјата. Последните информации кои што македонското Министерство за култура ги добило од соседна Албанија се дека иконите се чуваат на безбедно и заштитено место во два музеи во Тирана. Албанското Министерство за култура испратило писмо до Владата на Еди Рама, којашто треба да ја донесе конечната одлука – дали украдените икони ќе бидат повторно вратени во македонските…

Read More

Предлог- законот за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка вчера беше во фокусот на партиите. Пратениците ја почна расправата за овој Предлог-закон, а дебатата ќе продолжи денеска на пладне, за кога е закажано продолжението на 29-та седница. Овој Предлог-закон го образложи заменик-министерот за правда Агим Нухиу, кој рече дека со законското решение е предвидено пописот да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата. – Лицата кои работат надвор од државата, попишувањето ќе го извршат сами, со посебна апликација, која…

Read More

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, синоќа, по гласањето за отповикување во Претставничкиот дом, повторно го осуди минатонеделното насилство во Капитол и рече дека сите што учествувале во немирите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Трамп, чии налози се блокирани на сите важни социјални мрежи, се обрати преку видео порака на профилот на Белата куќа на Твитер и во својот говор ниту еднаш не ја спомна одлуката на Претставничкиот дом за негово отповикување. -Сакам да бидам јасен: недвосмислено го осудувам насилството што го видовме минатата недела, рече Трамп, истакнувајќи дека ваквото насилство е спротивно на се во што тој…

Read More

Ивермектинот станува достапен за македонските граѓани и веќе го има во аптеките иако не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување. Исто така, стручниот колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и ковид – центрите при интернистичкиот блок, изготвија мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид-19, а протоколот преку Лекарската комора веќе е испратен до матичните лекари. Лекарската комора најави дека ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите,  како и онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе оствари работна посета на Грција, на покана на неговиот домаќин, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, а ќе се сретне и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за надворешни работи, надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис. Претпладнево, шефот на дипломатијата ќе биде примен од грчката претседателка, со што ќе започне и работната посета на Атина, а од претседателската палата ќе замине на средба со неговиот грчки колега. Дендиас и Османи, како што соопшти МНР, ќе разговараат за теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање…

Read More

Германија ја реафирмираше поддршката за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија пак со порака да се смират емоциите на релација Софија – Скопје и да се најде решение, за што е неопходно враќање на довербата. но и со укажување дека илузорно е да се верува оти евентуална смена на власта по изборите во март, би ја омекнала позицијата на Софија за разликите со Скопје. Амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн вчера изјави дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и оти се надева дека ќе успее да…

Read More

По денешните нереди и контроверзии врзани за традиционалниот Вевчански карневал, на фејсбук профилот „Мое Вевчани“ се огласија Василичарите со свое официјално соопштение за јавноста. Одредени структури на полицијата очигледно направиле погрешна проценка, односно пратија преголема бројка полициски службеници на Св.Василја Вевчани. Народот тоа го сфати како провокација, иако не ги знаеше вистинските причини за почетокот на инцидентот. Полицијата пред сѐ, не беше злонамерна кон Вевчанци. Инцидентот не беше направен врз полициска казна за непочитување на мерки, туку беше предизвикан од (не) луѓе на кои им е битна само политичката фотелја и рејтинг, конкретно од претседателот на опозициската партија во Вевчани,…

Read More

По извештајот на УНЕСКО, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека е оддржан координативен состанок, на кој биле коментирани состојбите и препораките, за кои, како што вели премиерот, е вклучен аларм во Охридскиот регион. „Нацрт-извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион, потребно е највисоко ниво на ангажираност за отстранување на сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро. Денеска одржавме координативен состанок, на кој се анализираа наодите во нацрт-извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Владата е определена да се зачува статусот на Светско наследство на…

Read More