Author: Нова ТВ

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за настаните од 27 април. Таа рече дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите. „27-ми април, јас во 17 часот се заминав од партијата и отидов дома и на телевизија видов што се случува во Собранието”, додаде Јанкуловска. Во судница за денешното рочиште повикани се 17 сведоци, во рамки на предметот Организаторите за 27-ми април. Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие…

Read More

Петтиот економски антикризен пакет да се донесе во јануари и да содржи мерки за одржување на ликвидноста, за даночно олеснување и одложување на даночните обврски, како и субвенции за задржување на вработените, бара Сојузот на стопански комори (ССК). Овие предлози, соопшти ССК, ќе бидат доставени до Владата. Според Сојузот, реалниот сектор очекува да траат најмалку до април и финансиската помош за исплата на плата, неповратната финансиска помош и бескаматните кредити. ССК напоменува дека деловните субјекти во земјава, особено малите и средни претпријатија, се уште се наоѓаат во исклучително тешка состојба, некои се уште со рестрикции во вршење на дејноста, но…

Read More

Освен пандемијата, 2020 година ја одбележа и инфодемијата во светот. Во нашата земја, не мораше да избие епидемија од КОВИД-19, за дезинформациските кампањи да беснеат со несмалено темпо. Напротив, епидемијата и страдањата на луѓето во борбата со смртоносниот вирус, беше само уште една алатка во рацете на пропагандните центри за ширење паника, страв, недоверба, поделби и омраза, со цел да се прибере некој политички поен повеќе, да се оддалечи Северна Македонија што е можно повеќе од националните стратешки интереси и европската иднина. Да се направи топ листа на лажните вести и дезинформации во 2020 година е многу тешко, бидејќи конкуренцијата…

Read More

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје денеска организира онлајн научен собир на тема „Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи“. – Со оглед на тоа дека лицата со посебни потреби, а во овој случај – децата со посебни потреби се најчувствителна и најранлива категорија, мошне е битно нивното воспитување и образование и тоа уште од најран период. За таа цел, потребна е и неопходна постојана грижа и едукација за нив, која им ја пружаат воспитно-образовните установи, т.е. детските градинки и училиштата. Со добра и осмислена воспитно-образовна стратегија и програма, децата се учат да…

Read More

Редовното консумирање лешници го продолжува животниот век за 20 проценти. Лешникот е храна за мозокот, го зголемува имунитетот, позитивно дејствува на кожата, коските, срцето, а помага и за одржување на физичката и менталната кондиција. Токму поради делотворните својства на лешникот, Бошко Нелкоски добил идеја за почнување семеен бизнис. Најпрво младиот Нелкоски од струшкото село Драслајца почнал со насади од лешници, а потоа воден од светските трендови се насочува и кон нивна преработка. Најбитен дел во производството му е квалитетот. Секој лешник се прегледува рачно за поголема сигурност и безбедност. За тоа дека лешникот е храна за умот, говори и легендата…

Read More

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе продолжи со чекорите за спроведување на постапката за импичмент против претседателот Доналд Трамп, потврди синоќа спикерката на Домот, Ненси Пелоси, во писмо до демократските конгресмени. „Утре изутрина“, напиша Пелоси, „треба да биде поднесена резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го собере и мобилизира Кабинетот за активирање на 25-от амандман за прогласување на претседателот за неспособен за извршување на должностите“. „Го повикуваме потпретседателот да одговори во рок од 24 часа“, напиша Пелоси уште во писмото. „Потоа, ќе продолжиме со донесување закон за импичмент“, додаде таа. „Заштитувајќи го нашиот Устав и нашата…

Read More

Веќе ја предупредивме Европската унија дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде. Тоа им го посочивме на европејците, изјави Коѕијас за порталот „Еурактив“. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и неговата ВМРО прават од Бугарија Херкулес без мускули и дестабилизирачки фактор на Балканот, оценува поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Таквата позиција на Бугарија кон Северна Македонија е поради тонот што го дава крајно…

Read More

Во земјава во деноноќието меѓу саботата и неделата беа регистрирани нови 345 случаи на Ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16.419. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67.453, а на починати 2.622. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите. За 24 часа во деноноќието меѓуво ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот со…

Read More

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија се договорија претстојниве денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна со цел да се најде начин да се зајакне неговата имплементација и ефикасност. Со тоа од МНР очекуваат да се врати довербата во Договор и во процесот на дијалог меѓу двете земји за отстранување на разликите и најавуваат дека специјалниот претставник Владо Бучковски често ќе патува за Бугарија со цел следење на Акцискиот план и поттикнување на соработката на сите нивоа. Од МНР потсетуваат дека низ…

Read More

Денес е идентификуван и вториот насилник од двајцата кои упатија сериозни закани кон група патници во автобус на ЈСП, објави Сител. Нивното однесување стана јавно откако беше објавено видео од автобусот, на кое се гледа дека по барањето на патниците тие да ги стават маските соодветно двајцата заканувачи почнуват со погрдните зборови. Се закануваат дека ќе сечат глави и дека ќе ги ставаат патниците во киселина. На крај ја напаѓаат девојката која снима! Завчера полицијата го приведе едниот, а денеска и другиот. Инаку првиот кој беше приведен и порано имал проблеми со полицијата и нападнал службеник на ЈСП кој му…

Read More

Отстранување на дивопоставените објекти на брегот на Охридското Езеро и во заштитеното подрачје на градот, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата градска архитектура, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот и сончевите колектори од куќите во Стар Град, се само дел од забелешките во најновиот обемен Извештај на УНЕСКО. На забелешките испишани на 200 страници УНЕСКО бара исто така да се ограничи и издавањето на дозволи за градба согласно Планот за управување со регионот и ќе каже дека во Стар…

Read More