Author: Нова ТВ

Во 2021 година, еден од приоритетите ќе биде и спроведување на пописот на населението, соопшти премиерот Зоран Заев „Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, или пет милиони помалку од пропаднатиот попис во 2011 година“, рече Заев. Премиерот е уверен дека после 17 години ќе имаме попис. „Во Северна Македонија нема попис 17 години. Пописот ќе се спроведе не затоа што сака Заев, ниту дека бара Мицкоски, туку поради тоа што е важно за развој на државата“, вели Заев.

Read More

Проблемите на Бугарија со Северна Македонија денес се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство, објави на Фејсбук бугарската потпретседателка Илијана Јотова. – Нашите проблеми со Република Северна Македонија денес се резултат и на немањето национална политика за нашите сонародници во странство. Односите ни се сведоа на издавање бугарските пасоши таму, без зголемување на влијанието на Бугарија, дури и по потпишувањето на Договорот за добрососедство, оцени Јотова. Според Јотова, која е членка на опозициската Бугарска социјалиситчка партија (БСП), Бугарија не воспоставила никакво лоби меѓу нејзините европски партнери во одбрана на „издржаната и едногласна бугарска позиција“. – Немаме лоби…

Read More

Заев: Со „Акција 21 – за европски стандарди дома“ ги забрзуваме процесите за европска Северна Македонија и за да ги почнеме преговорите со ЕУ во секое време Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа прес конференција на која ги презентираше проектите и програмите од владината “Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година. Обраќањето на премиерот Заев НОВА ви го пренесува во целост: Без разлика што ЕУ испрати лош сигнал за проширувањето, сите ние, и како држава, и како Влада, и како народ, остануваме посветени на истиот стратешки колосек. Нема отстапување од стремежите за…

Read More

Преку новата Акција 2021 преку прочистување на судството, ревидирање на досиејата и борба со корупцијата владата ќе остане посветена на испорачување на европските стандарди дома, информираше премиерот Зоран Заев. -.Нема да дозволиме неуспехот на Европската унија со неодобрувањето на преговарачката рамка да предизвика застој во внатрешните реформи. Испорачуваме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата кон Европската унија со заштитен македонски идентитет и македонски јазик. Ќе продолжиме со реформите, со уште посилен интензитет, рече Заев.

Read More

-Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагози за кои е дозволено лечење со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел поливина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. -Се разбира, полицијата ќе продолжи со своите силни акции против криминал и трговија со дрога, за кои сведочиме секојдневни…

Read More

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил соопшти дека се забранети сите летови од Велика Британија, а дополнително се воведува задолжителна самоизолација од две недели за сите кои ќе пристигнат од таа земја, на било кој начин. „После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија.“, истакна Заев.

Read More

Министерството за здравство соопшти дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава, како што се посочува, ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна. Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да…

Read More

Со 62 гласа ЗА, без пратениците од опозицијата кои пред почетокот на гласањето ја напуштија салата, Собранието пред полноќ го донесе буџетот за 2021 година. Власта и опозицијата во текот на расправа, искажаа спротивставени ставови за Предлог-буџетот за следната година. За власта, Буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период. Посочија дека Предлог-буџетот е фокусиран на поддршка на здравството и на економското заздравување. Опозицијата, пак, смета дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален. Со него, како што истакнаа, нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал…

Read More

Европскиот Совет денеска организира видео расправа со 27-те земји-членки на ЕУ за ситуацијата и новите мерки во врска со информациите за новиот вид коронавирус што е откриен во Велика Британија. Иако во петокот ЕУ институциите во Брисел и официјално ги почнаа празничните одмори, а повеќето претставници на ЕУ и дипломати заминаа во своите домови, ситуацијата со ширењето на новиот вид корона вирус во Велика Британија предизвика загриженост и вонредни консултации во рамките на ЕУ 27. Како и на почетокот на првиот бран од пандемијата со Ковид-19, некои земји-членки реагираа независно на новите лоши епидемиолошки вести и ги затворија своите гаранции…

Read More

За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон.Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи, велат од СДСМ. -За тоа многу добро знае претседателот на собраниската комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ. Целта требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ држвјанство. Овој ист закон, со ист текст беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден амандман. Тогаш беше истиот претседател на…

Read More

Злоупотребувањето на членството во Европска Унија во насока на решавање на билатералните проблеми не соодветствува ниту со основните вредности врз кои се заснова Унијата, ниту пак со духот на добрососедство, оценува во интервју за МИА претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, кој утре и задутре ќе престојува во дводневна посета на Северна Македонија. Шентоп во интервјуто за МИА, меѓу другото се осврнува на пречките со кои веќе неколку децении се соочува Турција на патот кон ЕУ, како и на актуелната блокада од Бугарија на евроинтеграцијата на Северна Македонија. – Процесот на ЕУ на Турција започна со потпишувањето…

Read More

Од година во година се поголем е бројот на држави кои објавуваат закони со кои се регулира одгледувањето, продажбата и конзумирањето марихуана. Северна Македонија не е исклучок од трендот заоа што прва во регионот го легализираше канабисот за употреба во медицински цели, преку производство на масло. Оттогаш започна и издавањето лиценци од страна на државата за оние кои можат да инвестираат во производство на марихуана, за потоа сувиот цвет да го продаваат на фармаколошките компании за производство на масло. Сега маслото од канабис е достапно во аптеките и може да се купи без лекарски рецепт, а информациите од фармако- индустријата…

Read More