Author: Нова ТВ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека кога ќе дојде на власт прва работа што ќе направи ќе биде да ги смени историските табли што премиерот Зоран заев сака да ги смени за да нема бугарски фашистички окупатор. -Јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, што ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме, порача со соопштение Мицкоски.

Read More

Министерството за локална самоуправа не застана во спроведувањето на планираните активности, иако и здравствената криза и изборите го направија процесот посложен, сепак клучните проекти се реализираат во континуитет, со голема поддршка од Амбасадата на Швајцарија, УНДП и Делегацијата на Европската Унија, изјави на пресконференција министерот за локална самоуправа Горан Милевски. – Врз основа на претходно спроведената оценка на имплементацијата на Стратегијата за регионален развој, подготвивме нова Стратегија за наредниот десетгодишен период и нов Закон за рамномерен регионален развој, кои што веќе се усвоени од Владата. Создавање на поволно опкружување од страна на централната и на локалните власти за домашните и…

Read More

Премиерот Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, посетата на преспанскиот регион ја искористи и за увид и обиколка на Преспанското Езеро за прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Преспанското Езеро. Заев подвлече дека без разлика што сме соочени со факторите на кои не можеме да влијаеме, како што се климатските промени и актуелната временска ситуација, препораките што произлегуваат од студијата и акцискиот план со конкретни мерки и временски рамки, укажуваат дека излезните решенија за ревитализација на Преспанското Езеро ќе се организираат во три фази. „Првата фаза која опфаќа…

Read More

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) од Љубљана објави анализа во која оцени дека Еди Рама ја носи Албанија поблиску до Латинска Америка, отколку до ЕУ. Во анализата стои: „На 28 ноември оваа година, Албанија ја одбележа 108-годишнината од прогласувањето на независноста од Отоманската империја. Откако стана суверена и независна држава, Албанија го одбележува овој ден како „Ден на знамето“, што го симболизира единството на сите Албанци. Сепак, ситуацијата во Албанија е далеку од какво било единство, а земјата севбројува во политички нестабилните и неразвиени европски земји. Иако се очекуваше по 2013 година и доаѓањето на власт на…

Read More

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денес на својот фејсбук профил посочи дека тој заедно со своите колеги ќе го блокира предлог законот за надворешни работи. „Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог Зак.надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и друго државјанство, освен македонско. Тоа е погрешно решение и ќе поднесеме 300 амандмани. Прво, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции. Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот…

Read More

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17 декември, по преставка на Министерството за одбрана за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти: стрелиште Пенуш и полигон Криволак. Ова е нивна втора преставка. Првата била поднесена на 30 септемри, но никој не презел ништо, ниту информацијата била пренесена до новата вд директорка Ана Петровска, соопшти Инспекторатот. Локацијата на објектот се наоѓа во атарот на градот Штип, во поранешна вoена база на КФОР, на оддалеченост од 8,5 километри од центарот на градот и 2 километри од селото Пенуш. На надзорот…

Read More

Ги посетивме обновените конаци на манастирот Трескавец. После 7 години од опожарувањето, манастирскиот комплекс повторно блеска во полн сјај. Овој скапоцен верски и културно-историски украс меѓу карпите под Златоврв го краси Прилеп и ги отвора вратите за верниците и за сите други граѓани, кои се во потрага по духовен мир и по убавините на македонското културно наследство, христијанската архитектура и фрескосликарството, објави денеска на неговиот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. – Во манастирот отидов со добра вест дека се обезбедени средства од програмата на Владата за поддршка на општините, за водовод до манастирот во висина од 5,5 милиони денари. Разговаравме…

Read More

Владата на Бојко Борисов не си ја заврши работата со Северна Македонија уште за време на бугарското претседателство и тоа се претвори во неуспех на нашата земја во надворешната политика, изјави лидерот на БСП, Корнелија Нинова за „Дарик Радио“. „Според нас, имаме единствена национална позиција во заштита на бугарскиот национален интерес. Имаме различни нијанси во анализа на ситуацијата. Владата пропушти години да спроведе едни добрососедски преговори, разговори, да го стабилизира исполнувањето на Договорот за добрососедство. Ние како партија и како парламентарна група го поддржавме договорот. Тој беше прифатен речиси едногласно. Ги направивме сите чекори за проширување на ЕУ кон Балканот“, вели…

Read More

Промените во работата на воспитно-образовните институции, како и воспоставувањето на целосно нова образовна концепција за основно образование се во интерес на учениците, велат во видео обраќања Анита Анѓеловска, директорка на ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци и Иванка Мијиќ, советничка во Бирото за развој на образование, кои учествуваа во подготовката на новата концепција. Анѓеловска и Мијиќ зборуваа за интегрирањето на повеќе научни дисциплини во двата предмета општествени науки и природни науки и како тоа ќе се одрази на учењето на учениците, но и работата на наставниците. „Концепцијата подразбира унапредување на секој поглед следејќи ги промените на законската регулатива преку концептот за…

Read More

-Знаете дека го потпишавме нашиот Договор за добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, кој од наша страна блеска со добронамерна наивност, бидејќи не ја исполни реципрочната добра волја, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во програмата на „Дарик радио“. На Македонците им порачува дека патот до ЕУ води преку Софија, а не преку метрополи кои би извршиле притисок на Бугарија. „Велам – ние сме две земји, ние сме браќа. Договорот беше добронамерен. Кога стана јасно дека не се почитува, во 2018 година реков дека е потребен нов анекс“, изјави Радев. Вели дека тие во Бугарија мора да бидат обединети…

Read More

Премиерот Зоран Заев, при работната посета на преспанскиот регион, изврши увид на напредокот на работите на иницијативата за Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, заедно со своите соработници, како и со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски и Мери Стојанова, директорка на битолскиот Завод и Музеј. – Денес се наоѓаме пред објектот на старото училиште во с. Љубојно, кое претставува еден од најважните објекти од почетокот на XX век во Преспа. Неговото значење не произлегува во толкава мера од неговите уметничко-стилски и архитектонски карактеристики туку многу повеќе од неговите културни и…

Read More

„Тешка безобразна лага се тврдењата на Александар Николоски дека ВМРО-ДПМНЕ извршила некакво влијание во Чешка и Словачка за тие да се спротивстават на блокадата на Бугарија врз Северна Македонија. Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски да се кити со туѓи перја, а не е првпат ниту Николоски да шири лажни вести и дезинформации“, реагираат од СДСМ на интервјуто за Канал77 на потпретседателот на опозициската партија. „Николоски се повикува на Европска народна партија која неодамна имаше Декларација каде беше изнесена поддршка само за Албанија за ЕУ интеграции, а Северна Македонија не беше ниту спомната. Ако навистина Мицкоски, Николоски…

Read More