Author: Нова ТВ

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци. Казна може да добие и општината Тетово која и покрај предупредувањето дека каптажата за вода за пиење за градот е незаштитена и под опасност од градежните работи на малата хидроцентрала Лешница, не преземала ништо за да ја обезбеди. Директорката на Инспекторатот Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите активно работеле на новата жешка точка во Кочани, фабриката „Пејпер мил“. Компанијата, инпектори ја посетија минатиот месец кога…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку претседателот Стево Пендаровски не организира лидерска средба поврзана со евроинтеграцискиот процес и ветото од Бугарија, дека самиот тој до крајот на годината ќе биде организатор на таква средба на која би се разговарало и за ковид-кризата. -Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал претседателот Пендаровски за организирање на таква средба. Доколку тој нема таков план, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба на која…

Read More

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев верува дека до крајот на мандатот ќе успее да го исполни даденото ветување од 500 евра просечна плата и 20 илјади денари минимална плата. На денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена, Заев рече дека доколку не се случела ковид кризата, тогаш досега сигурно би се реализирало ветувањето за 500 евра просечна плата. – Просечната плата со последните мерења беше 458 евра. Застаната е заради Ковид кризата. Досега верувам дека 500-те евра ќе беа достигнати. Нашето ветување е 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата до крајот на овој владин мандат, а тоа е летото 2024 година. Верувам дека ќе успееме. Секако се надеваме дека на пролет ќе одмине кризата, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена.

Read More

Политиките на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски носат само порази и ја уништуваат ВМРО-ДПМНЕ, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. Оттука преку соопштение нагласуваат дека додека СДСМ денеска слави во Штип, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се понижени и потиштени бидејќи првиот човек  на партијата, Христијан Мицкоски, не им дозволи да се борат на изборите. „Во ситуација на здравствено-економска криза, бугарско вето и бројни скандали, СДСМ успеа да добие 1600 гласови повеќе од гласовите кои ги освои во јули во Штип. Почист и појасен показател дека граѓаните не гледаат алтернатива во Мицкоски, нема. Тоа се виде…

Read More

– Изминатите 100 дена на Владата се вистинско фијаско и продолжение на низата која трае четири долги години – години на промашувања, криминал и неуспеси. Ова се најлошите 100 дена на кој било Влада во македонската современа држава. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оцени првите три месеци од мандатот на актуелната Влада. Мицкоски на прес-конференција која почна додека е во тек владиниот онлајн отчет за сработеното во првите 100 дена, рече дека изминатите 100 дена се 100 дена на загубена иднина, загубена економија, загубена правда, загубена вистина, загубени животи, загубено достоинство и атакуван идентитет. -Ова се 100 дена…

Read More

Со нови осум милиони евра во пакетот „4 – КОВИД-екстра“ ќе бидат поддржани близу 90.000 работни места на месечно ниво, односно над 250.000 плати за последниот квартал од годинава, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Read More

Последен обид на германското претседателство ќе има во среда да се усвојат заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што потврдија за МИА од Советот на ЕУ во среда ќе се одржи нов амбасадорски состанок на кој на дневен ред се ставени заклучоците за проширувањето, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите Македонија. Дискусијата за проширувањето беше целосно симната од дневен ред поради несогласувањата помеѓу земјите членки на ЕУ, посебно поради ставот на Софија дека не може да се одржи првата меѓувладина конференција за пристапни преговори со…

Read More

Вакцината против Ковид-19, што ја изработи американската компанија „Фајзер“ заедно со германскиот партнер „Бајонтек“, од денес ќе започне да се доставува во САД, пишува „Guardian“. Според американските медиуми, меѓу првите кои ќе се вакцинираат денес ќе бидат припадници на вооружените сили на САД, кои во голем број доброволно се согласија да бидат вакцинирани. Според армискиот генерал Густав Пернам, кој е главен организатор на вакцинацијата, дозите на вакцини од фирмата Фајзер / Бајонтек, кои беа одобрени од американската регулаторна агенција во петокот, ќе бидат распределени на 145 локации. Останатите 635 локации за испорака, додаде Пернам, кои беа избрани од американските сојузни…

Read More

Македонски актер Драган Спасов Дац, преку објава на Фејсбук се обрати до бугарскиот премиер Бојко Борисов. ФБ стаусот ви го пренесуваме во целост: Господине Борисов, Ви пишувам на мојот јазик затоа што знам дека добро се разбираме и за нашите два јазика немаме потреба од преведувач. Господине Борисов, Кај нас првиот комшија е како роднина. Кај него одиш да побараш помош во секое време, а и тој го прави истото кога ќе му затреба нешто.Дали ти требало шеќер, брашно, леб, клешта, помош да се пренесе нешто… тука е првиот комшија. Ако не си во добри односи со првиот комшија, ќе…

Read More

Владата останува на утврдениот стратешки колесек, испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет, наша обрска е да ги спроведуваме европските стандарди дома. За нас нема друг пат, нема друга алтернатива и нема откажување. Продолжуваме како и во првите 100 дена, заедно со граѓаните, со грижа и со одговорност, обезбедуваме сигурност, порача премиерот Зоран Заев на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот на Владата. Од оваа година С Македонија има уште едно одличје во сопственото брендирање, олицетворено во мотото „Ние сме НАТО, заедно сме посилни“,…

Read More

Никола Димитров како заменик на претседателот на Владата и министер задолжен за европски прашања при презентирањето на работата на Владата за првите 100 дена, изјави дека ќе продолжи да бара решенија на спорот со соседна Бугарија и нема да се откаже. „Отежнати ни се разговорите лице во лице во рамки на преговорите. Но, сепак една од клучните работи во предвиденото ја сработивме. На земјата претседавач со ЕУ, Германија и се заблагодарувам. Браниме чисти вредности, и ќе продолжиме да бараме решение со соседна Бугарија, а ние нема да се откажеме. Во октомври добивме извештај кој ни покажа дека одлично работиме. Започнавме…

Read More

Артан Груби, првиот вицепремиер во составот и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, на денешната владина прес конференција по повод 100 дена Влада, ја даде својата поддршка до македонската заедница за почеток на преговорите со ЕУ и оттаму „оттаму не се доведува до прашање идентитетот и јазикот“ „Големата победа беше потврда за поддршката за неселективна правда, општество еднакво за сите. Нашиот отчет е секојдневен. Би сакал да дадам поддршка до македонската заедница за почеток на преговорите со ЕУ. Па оттаму не се доведува до прашање идентитетот и јазикот во преговорите со нашиот сосед Бугарија. Ја потврдивме и определбата…

Read More