Author: Нова ТВ

Шефот на делегацијата на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) во Европскиот Парламент, Андреас Шидер упати остра критика кон бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија и побата да се изврши притисок врз Софија. Шидер оцени дека Бугарија со тоа не го минира само транспарентниот пристапен процес, туку и напредокот на Северна Македонија. Тој во разговор со новинарите изрази жалење што шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ не можеле да се договорат за почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албванија оваа година. Изрази уверување дека идниот претседавач со ЕУ, Португалија ќе пронајде решение, иако за премиерот…

Read More

Советот на Град Скопје денеска ја усвои предлог-одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари за заедничко вршење на надлежностите од областа на инспекцискиот надзор. Меѓуопштинската соработка ќе се врши преку здружување на човечките ресурси и нивно ефективно и рационално ангажирање и искористување, при што инспекцискиот надзор ќе го врши Градот, а општините ќе ги стават на располагање на градот сите инспектори и комунални редари вклучително и материјални средства. При остварување на меѓуопштинската соработка во надлежностите од инспекцискиот надзор, Градот ќе ги координира активностите на…

Read More

Советот на Град Скопје на денешната седница го прифати предлогот заштитениот локалитет кањонот Матка да биде прогласен за споменик на природата. Сега на потег е Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) до чија адреса Градот ќе ја испрати одлуката изгласана на денешната седница, а Министерството ќе треба да спроведе постапка за ревалоризација и за прогласување на Матка за споменик на природата. Предлогот го прифатија советниците и од власта и од опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ апелираа предметот да не седи долго време во фиоките во МЖСПП. „Секој ден е значаен, знаеме дека со заштитата на кањонот Матка ќе се скратат,…

Read More

По повод ветото од Бугарија премиерот Зоран Заев се обрати директно на јавноста со соопштенеие во кое потегот на Софија го нарече неодговорна грешка која сепак нема да не натера да се откажеме од Европската унија. Ова е интегралното обраќање: „Почитуван македонски народе, Почитувани граѓани од сите заедници во Северна Македонија, На сите ни е јасно дека до овој момент Европската унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден, се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка. Бугарија стави вето, го…

Read More

За Бугарија повеќе не се доволни само зборови, тука сака дела. Подготвени сме да работиме, да најдеме решение за надминување на оваа акумулирана недоверба и да бидеме вистински членки на европското семејство, изјави денеска бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по разговорите со специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски. – Ги продолжуваме разговорите за изнаоѓање решение за преостанатите билатерални прашања со Република Северна Македонија, како и изнаоѓање излез за патот на Македонија кон преговарачката рамка за нејзино членство во ЕУ. Погрешно е ова да се нарекува вето, бидејќи станува збор за неодобрување на преговарачката…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека веднаш е потребна лидерска средба за да се разговара за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во земјава. -Уште еднаш ја реактуелизирам потребата од лидерска средба веднаш. Лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во нашата Македонија. Веднаш лидерска средба за да можеме понатаму заеднички да ја градиме нашата Македонија, рече Мицкоски. Мицкоски се осврна на се она што направила Владата во изминатите 100 дена. – 100 дена Влада на постојани загуби, потенцира Мицкоски. Дополни дека „за 100 дена граѓаните добија вето на патот…

Read More

На заедничката прес конференција на Владо Бучковски и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во Софија, македонскиот претставник посочи дека е задоволен од конструктивниот разговор кој го имале и дека како што вели – во периодот кој претстои време е многу повеќе да се фалиме со сработеното, со дела, отколку со празни зборови . -Да го изразам своето задоволство за конструктивните разговори. Имавме повеќе од еден час те- та-тет средба, потоа заедно со нашиот државен секретар во министертвото Зоран Попов имавме отворени пријателски разговори. Убеден сум дека ја убедивме министерката Захариева и нејзиниот тим дека сме решителни во…

Read More

Доколку некој од вработените според Рамковниот договор, кои сега седат дома и примаат плата, двапати одбие опција за ангжаман што ќе му биде понуден за работа  во некоја од институците, ќе му биде раскинат работниот однос,  најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Одговарајќи на новинарски прашања, Шаќири појасни дека целта на нацрт законот за  систематизација на административните службеници за вработените преку програмата за  правична и соодветна  застапеност (К5), усвоен на 26. седница на Владата, е да се  реши десетгодишниот  проблем и да се оствари владината програма без дополнителни  финансиски импликации.  По усвојување на законот министерствата за политички систем и за информатичко…

Read More

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека властите во земјата нема да можат да обезбедат доволно вакцини во првиот квартал од 2021 година, со цел да се направи пресврт во текот на пандемијата. Таа пред Бундестагот истакна дека би било можно да се намали смртноста, додавајќи дека ќе ги преземе сите мерки да ги одржи училиштата и градинките отворени. Меркел се согласува со препораките за затворање на продавниците во периодот од Божик до 10 јануари, несогласувајќи се со отворање на хотелите, со цел да се спречи патувањето на семејствата кои сакаат да ги посетат роднините за време на празникот. Германската…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, денеска изјави дека она што го чувме и од германското претседателство е на линија на тоа што и ние го чувствуваме, а тоа е дека Бугарија направи геостратешка грешка, што не е добра за регионот, не е добра за нас и нема да биде добра и за Софија. -Ние ќе продолжиме да работиме на еворпските врености. И денеска на оваа прес-конференција покажавме дека можеме да испорачаме европски резултати, дури и тогаш кога некој го блокира европскиот процес. Така ќе продолжиме…

Read More

Уште непочната првата посета на специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски, на Софија, бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека Македонија со „наследен тоталитарен историски наратив тешко е да најде поддршка од Бугарија“. Реакцијата на Софија дојде откако македонската влада во соопштение изјави дека блокадата на Бугарија е „неодговорна и тешка геостратешка грешка“. „Со наследен тоталитарен историски наратив, тешко е да се најде поддршка од Бугарија. Време е владата на Република Северна Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија или правото да го нарекуваат јазикот…

Read More

Денеска е Меѓународен ден за борба против корупцијата, ден кој нѐ потсетува дека корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и на владеењето на правото. Корупцијата ги краде парите на граѓаните, ја руши правната држава, ги слабее институциите и ја загрозува демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните. Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември. Според премерот Заев, правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата. – Токму затоа со примена на европските стандарди во справување со корупцијата Владата води битка…

Read More